Нова и уникатна студиска програма, 73 студенти што за првпат седнаа во студентските клупи на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ), платена летна пракса за студентите од првата генерација, реални проекти, хакатони, предмет од индустрија…Со сигурност можеме да кажеме дека оваа година беше доста возбудлива, предизвикувачка и исполнета со многу убави спомени.
Со започнувањето на новата година, го издвојуваме овој момент за да се навратиме на најважните 10 моменти по кои ќе ја паметиме 2023!
Ја креиравме студиската програма UX/UI и графички дизајн, единствена од ваков тип кај нас
Во свет воден од дигитални искуства, побарувачката за квалификувани UX/UI и експерти за графички дизајн постојано расте. Согледувајќи го овој раст, логично беше да креираме нешто што ќе им овозможи на младите да можат да станат професионалци во оваа област. Така, ја создадовме оваа уникатна додипломска програма која ги опфаќа и UX/UI дизајнот и графичкиот дизајн како комплементарни области и е единствената од ваков тип што е достапна за студентите во Македонија. Истата се фокусира на софтверските алатки и примената на информатичка технологија во овие области и ќе им овозможи на дипломираните студенти да поседуваат знаење и компетенции кои се барани на пазарот на труд, не само во Македонија туку и глобално.
Студиската програма UX/UI и графички дизајн е прецизно изработена за да се грижи за реалните барања на индустријата, и е спој на теоријата, пропратена со нејзина практична примена, обезбедувајќи им на нашите студенти да поседуваат практична експертиза уште пред првото вработување.

Белма Хајрадиновиќ, Анисија Џуровска , Сара Киселовска , Андреј Стојаноски, Ана Марија Пластиновска и Ивана Неделкоска се само дел од студентите на оваа студиска програма кои во октомрви ја започнаа својата академска приказна. Сите со различна позадина, но со една иста цел – да го вложат својот максимум и за три години да станат успешни дипломирани UX/UI и графички дизајнери.
Возбудени за новото поглавје во својот живот, 73 студенти за првпат седнаа во студентските клупи на Brainster Next College
Го одржавме првиот академски час кој е почеток на остатокот од животот на младите луѓе. Момент кога компасот на нивниот живот се насочува кон иднината што ќе го дефинира нивниот професионален пат. Во која насока ќе се движи нивната академска приказна, зависи од самите студенти, од нивната посветеност, упорност и желба за знаење. Но, во тој процес голема улога играат и изборот на факултетот, квалитетната образовна програма, стручноста на професорите, кои заедно ќе го насочат студентот и ќе го подготват за избор на идеалната професија. Преку нашите иновативни студиски програми, практична работа и професори и предавачи со искуство од индустријата, нудиме ваква поволна стартна позиција на своите студенти.
Заедно со студентите од студиската програма UX/UI и графички дизајн, и нивните колеги, 49 млади лица полни со ентузијазам и голема желба да станат најдобрите софтверски инженери го започнаа своето академско патување оваа година.

Со големо задоволство ти ги претставуваме дел од новите студенти на студиската програма Софтверско инженерство и иновации: Ива Чекарова, Кристијан Карбевски, Даниел Дечков, Филип Димчевски, Слободан Милосављевиќ, Алек Цековски, Ангела Апостоловска, Исидора Дамкоска, Илија Пандев, Кристијан Кралевски, Матеј Стоименовски, Наум Златановски, Иван Митковски, Јован Митрески, Алмир Даути, Анес Исламовиќ и Наум Симјановски.
Нашите студенти учествуваа на 3 големи хакатони
Во нашата мисија да им понудиме извонредно и неверојатно искуство на студентите, ја користиме една од „најмоќните алатки“ за учење на нови вештини и стекнување на знаење. Станува збор за работата на реални проекти за реални клиенти и учеството на 48-часовни хакатони. На тој начин, студентите се стекнуваат со знаење, кое ќе им помогне при справување со огромни предизвици и смислување практични решенија за проблемите од реалниот свет.
- Brainster хакатон во партнерство со SCiDEV Албанија
Студентите од втора година на студиската програма Софтверско инженерство и иновации за само една година стекнаа богато практично искуство, а во тоа им помогнаа трите големи хакатони на коишто учествуваа. Првиот хакатон беше Brainster live хакатонот за SCiDEV Албанија, на кој покрај нашите 16 студенти, учество земаа и студенти од 5 академии на Brainster – UX/UI, Front-End, Full-Stack, QA & Project & Product Management. Тие, здружени во 8 тимови, работеа на изработка на едукативна веб-платформа, која како финално решение претставува единствена платформа од ваков вид за студенти. Дел од победничкиот тим на овој хакатон беше Давид Петковски кој за време на летната пракса ја финализираше оваа платформа која сега е веќе активна и се употребува за организација на најголемите Brainster хакатони во живо.

- Најбројниот live хакатон во регионот, организиран од Brainster во партнерство со AirCare
Со многу возбуда, овации и смеа, во трка со времето и техничките можности, над 150 студенти силно мотивирани го креираа својот најзначаен код – кој ќе ни помогне на сите подобро да дишеме. На најголемиот live хакатон досега во регионот, кој истовремено беше и најдолг, траејќи 49 часа, организиран од страна на водечката едукативно-технолошка организација Brainster, во партнерство со стартапот AirCare (Мој Воздух) учествуваа нашите студенти заедно со студентите од Brainster академиите за Front-End програмрање, Full-Stack програмирање, Data Science, Software Testing и Project & Product Management.

Поделени во 12 тима, тие ја креираа апликацијата Breathe.mk, за пријавување загадување на воздухот во Скопје, која во иднина ќе ја користат граѓаните. Платформата ќе овозможи следење и пријавување загадување на воздухот, по што на терен ќе излезат инспекторите за животна средина од Град Скопје.
На овој хакатон дел од победничкиот тим беше Стефан Петров, студент од втора година на студиската програма Софтверско инженерство и иновации.
„Важно е да се вклучуваат студенти во слични проекти за тие да имаат слика како навистина се изработуваат апликациите во позадина. Само на ваков начин ќе можат да го сфатат значењето на соработката со други сектори, како што ние соработувавме со студентите од академиите во тимот“, сподели Стефан.
Повеќе од 120 учесници беа дел од Ways2Help хакатонот, меѓу кои и десет наши студенти. Тие, еден викенд поминаа на еден поинаков начин – ја користеа технологијата во функција на хуманост и најважно, научија дека со знаењето што го стекнуваат на Brainster Next College можат да прават значајни промени. Целта на секој од тимовите беше да осмисли идејно решение посветено на подобрување на донаторското искуство и подобрување на општественото добро.

Нашите студенти, поделени во два тима, работеа на различни проекти што сами ги смислија, а со кои ќе им помогнат на оние на коишто им е најпотребно.
„За тоа во каква креативна средина работеа нашите студенти овие два дена, сведочи пораката што ја добив во сабота навечер која гласеше: „Ивица, имаме победничко решение и 100% подобра идеја“. Ова е growth mindset кај луѓе од втора година на факулет. Од ова нема назад, може само да се напредува“, сподели Ивица Пешовски, професор на Brainster Next College и еден од менторите на овој хакатон.
Го започнавме предметот од индустрија – 7 експерти од индустријата предаваат на Brainster Next College
Во областа на tech-обраозванието, партнерствата со ИТ-секторот ги гледаме како мостови преку кои го пополнуваме јазот помеѓу она што им е потребно на компаниите и она што студентите го поседуваат како вештини. Како лидери во образованието, наша одговорност е да креираме иновации преку кои нашите студенти ќе ги направиме најбараните tech-професионалци на пазарот – Предметот од индустрија е токму тоа.
Станува збор за целосен предмет што оваа година „падна“ во рацете на стартапот Culturetec, основан од глобалната компанија Intertec која, заедно со нивните експерти ќе игра клучна улога во имплементирањето на нашата практична образовна програма.

Задачата на овие професионалци од индустријата ќе биде за време од седум недели да креираат млади таленти кои ќе знаат како изгледа работата на еден продукт инженер и уште поважно како да бидат најдобриот продуктен инженер што можат.
„Драго ни е што првата ваква соработка ја имаме заедно со Culturetec, дел од нашиот повеќегодишен партнер Intertec и што за овие неколку месеци студентите ќе имаат шанса да учат од седум од најталентираните професионалци на пазарот во моментов“, изјави Јана Тодоровска, лидер на тимот Партнерства во Brainster и Brainster Next College.
Студентите од првата генерација на Софтверско инженерство и иновации успешно ја започнаа втора година, а дел од нив летото го поминаа на летна пракса
Веб-страница на скопската гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“, веб-платформа за организирање на хакатони, Bitbite.mk – апликација наменета за угостителски локали што сакаат да го дигитализираат нивното хартиено мени… По само една година учење на програмата Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College, нашите студенти со помош на нивните ментори успеаа да изработат софтверски продукти за време на платената летна пракса во Brainster на која ги работеа овие проекти.

За време на практикантското искуство, студентите беа под менторство на Ивица Пешовски, професор на Brainster Next College и CTO на Brainster кој ни сподели дека поради тоа што цела студиска година бил со студентите за време на трите предмети што им ги предавал, знаел што да очекува од нив и дека се спремни за изработка на софтверски продукти.
„Многу сум задоволен од праксата, менторот беше одличен и ни пренесе многу практично знаење. Генерално работевме со програмски јазици и технологии што ги имавме изучено на факултетот, но секако дека ги надградивме истите. Беше многу интересно целото теоретско знаење да го применам во пракса. На другите студенти би им препорачал да се посветат на секој предмет, иако можеби во секој момент нема да им биде јасно зошто се учи нешто, верувајте дека кога ќе започнете со пракса или работа ќе видите дека сето тоа што се учи на факултетот е потребно“, ни сподели Костадин Веселинов.
Воедно, прочитај што ни споделија Давид Петковски, Стефан Петров, Мартин Цветкоски, Сергеј Бојковски, Филип Ѓоргичков, Костадин Веселинов, Марко Велиновски, Петар Ѓорѓиоски, Кире Јорданов и Атанасија Ѓоргиевски за првата година од студиите на студиската програма Софтверско инженерство и иновации.
Го реализиравме првиот реален проект на предметот Имплементација на решение
Секоја година, последниот предмет што го полагаат студентите е Имплементација на решение, кој всушност е круната на сè што тие имаат научено и на тој начин имаат можност знаењето да го покажат во пракса. Целта на овој предмет е да го применат стекнатото знаење во претходните семестри за креирање комплетно апликативно решение. Со користење на програмските јазици, под менторство на своите професори, креираат апликативно решение за реални клиенти.

Први што ги искусија придобивките од овој предмет и работата на реален проект беа студентите од првата генерација по Софтверско инженерство и иновации. Тие по 5 недели напорна работа на проект наменет за креирање на дигитални QR код менија за угостителски објекти, на 16 јуни оваа година, ги презентираа своите финални решенија пред професорите, менторите и клиентите „Че“, „Кантина“, „Калдрма“ и „Fat Kitchen“.
„Навистина е многу е важно образовните институции да соработуваат со компаниите, бидејќи таа поврзаност е неизбежна за сите да имаме бенефит. И бизнисите од овие решенија на студентите ќе имаат корист, а од друга страна и самите студенти ќе може да учат практично и да имаат контакт со клиент и секако, на крај да станат поконкурентни на пазарот на труд. Добро искуство за сите е секако, мене ми е драго што секогаш имаме добра соработка и со Brainster и со Brainster Next College. Очекуваме да добиеме апликација која многу ќе ни ја олесни работата и ќе имаме позадоволни клиенти“, ни рече Емилија Стојчевска, управител на „Че“.
Покажавме дека ги имаме вистинските луѓе со нас без кои ниеден успех немаше да стане реалност
Една од придобивките што ги добиваат студентите на Brainster Next College е токму индивидуалното внимание кое им се посветува од страна на целосен тим посветен само за нивното студентско искуство.
Наместо класичната студентска администрација или популарно наречените „студентски прашања“ како кај останатите факултети, Brainster Next College има Student Success тим чијашто цел е да ги следи и да им помага на студентите за време на целото нивно академско патување.
Една од главните цели на овој тим е и кариерното насочување на студентите кое го прават заедно со целокупниот професорски тим како и лидерскиот тим на факултетот, сè со цел овозможување на студентите да се пронајдат во ИТ-кариера која ќе е соодветна на нивните силни страни и преференци за тоа каде се гледаат во иднина.
„Независно од проблемот со кој студентот се соочува, првиот чекор е секогаш отворена комуникација. Кога студентите добиваат можност да бидат ислушани, секогаш доаѓаме до заеднички прифатливи акции кои ќе ги преземеме за да го решиме проблемот“, сподели Александра Димкова, student success координатор на Brainster Next College.
Воедно, сакаме да им се заблагодариме на сите наши професори и предавачи кои се вистински експерти во својата област. Ивица Пешовски, Никола Кусибојоски, Анја М. Макеска, Петар Јолакоски и Горјан Поповски се само дел од професорскиот кадар кои со голема пасија и посветеност постојано се трудат да ги направат студентите најдобрата верзија од себе, како на лично, така и на академско поле.
Втора година по ред успешно го реализиравме проектот „Студирај сега, плаќај по вработување!“
Brainster Next College инвестираше 2.5 милиони евра за да им овозможи на сите свои студенти пристап до квалитетно високообразование и го креираше проектот „Студирај сега, плаќај по вработување!“ Главниот мотив зад оваа инвестиција и отпочнувањето на овој проект беше да помогнеме во оттргнување на примарната грижа на студентите и нивните родители при одлуката за избор на студии – а тоа се финансиите. Овој фактор при изборот на факултет и областа на студирање е оној кој најчесто ги одвлекува студентите од посегнување по квалитетните и напредните програми. Преку проектот „Студирај сега, плаќај по вработување“, Brainster Next College ја дава можноста и сигурноста овој фактор повеќе да не претставува проблем. Воедно, ова е единствениот концепт за финансиска поволност за студентите кој не се базира на рангирање и пресметки за минатиот труд (оценките од средното образование и резулатите од полагањето на државната матура) туку напротив, на нивните компетенции, способности, афинитети и желба да се постигне повеќе и да се напредува.
Го креиравме бесплатниот онлајн-курс Математика во Python
Како факултет кој на своите студенти им овозможува современа практична настава преку индивидуален пристап, учење од професори – експерти од индустријата, работа на реални проекти, учество на хакатони, постојано сме во потрага по нови образовни иницијативи што го откриваат целосниот потенцијал на учениците. Така и се роди идејата за овој иновативен курс, Математика во Python кој чини 700 евра, но ние го нудиме бесплатно за сите, поради тоа што веруваме дека квалитетното образование треба да биде достапно за секој и иновативните пристапи за учење можат значително да влијаат на успехот на учениците и студентите.
Со бесплатниот онлајн курс Математика во Python им помагаме на средношколците да ги подобрат математичките вештини. Курсот е единствен од ваков тип кај нас, содржи повеќе од 13 часа снимен материјал-124 видео лекции на македонски јазик во кои се обработуваат повеќе математички области со помош на најпознатиот програмски јазик Python. Креиран е од страна на Петар Јолакоски, професор на факултетот и помлад истражувач во Центарот за компјутерски науки и информатички технологии во МАНУ.
„Овој програмски јазик им овозможува на луѓето да ги надминат границите на традиционалното математичко образование преку можноста за експериментирање. Тој нуди основа каде математичките идеи оживуваат преку визуализација, интерактивни симулации и динамични истражувања. Со ова се овозможува истражување, анализирање и изразување математички концепти во опиплива форма“, вели Јолакоски.
Го започнавме серијалот Brainster Next Talks
Ги креиравме Brainster Next Talks настаните со цел да им овозможиме на нашите студенти пристап до успешни луѓе од индустријата што веќе го поминале „тешкиот пат“ на започнување на бизнис и се доказ дека со труд и постојано учење може да се постигне сè. Овие експерти се вистинска инспирација, а нашите студенти ја имаат привилегијата да се запознаат со секој од нив, да ги прашуваат сè што ги интересира за областа и да добијат значајни совети за успех во кариерата уште додека студираат.

Ја имавме честа првиот ваков настан да го одржиме со Филип Арсов, претприемач, сопстветник и косопственик на две компании, Synapse Group и Synapse Aviation. Тој има две апликации зад себе меѓу кои и Airport Briefing, продукт на една од неговите компании, чиј софтвер го користат од Lufthansa Group, како и многу други познати авиокомпании со цел нивните пилоти полесно да навигираат и да се брифираат.
Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“.
Местата за двете студиски програми се ограничени, закажи средба сега!