Пред почетокот на втората година од студиите решивме да ги навратиме студентите цела година наназад и да ги потсетиме на сите моменти и успеси кои ја исполнија првата година од студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ).
Како би го опишал твоето целокупно искуство како дел од првата генерација студенти на Brainster Next College? Како помина првата година од студиите?
Првата година од студиите помина напорно, но и забавно. Научив многу и се стекнав со многу ново знаење.
Што те мотивираше да се запишеш на ИТ-факултет?
Многу ме интересираше оваа област и се запишав на ИТ-факултет поради тоа што сакав да научам повеќе.
Дали се двоумеше помеѓу избор на факултет во странство или во Македонија? Што беше пресудно да ја донесеш одлуката да се запишеш на Brainster Next College?
Да, ги разгледував и другите факултети, но програмата на Brainster Next College многу ме заинтересира и затоа се решив да се запишам тука.
Сподели ни некои најважни или незаборавни моменти од твојата прва година на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации.
Секогаш ќе ги паметам гостинските предавања, хакатонот и дружбите со колегите и професорите.
Кои беа твоите очекувања за факултетот пред почетокот на студиите и дали успеавме да ги достигнеме истите?
Очекував посветеност од професорите и работна, но пријателска атмосфера и со сигурност можам да кажам дека истите беа и надминати.
Дали имаше некои специфични предизвици со кои се соочи во текот на првата година, академски или лично? Како се справи со нив?
Предизвик ми беше математиката, но со посветеност и поддршка од професорот и колегите успеав да го совладам и тој предизвик.
Кој професор досега ти остави најголем впечаток?
Секој од професорите е посветен и посебен, но професорот Ивица Пешовски го завзема првото место поради посебниот начин на пренесување на знаење.
Како се снајде со интензивниот начин на учење и практична работа? Кој совет би им го дал на идните студенти по Софтверско инженерство и иновации?
Првата година од студиите помина прилично интензивно, но со помош на целиот тим на Brainster Next College, особено на Student Success тимот, со мотив и напорна работа, задоволен сум со резултатот кој го постигнав. Идните студенти би ги советувал да го одберат Brainster Next College поради различниот начин на функционирање. Напорно е, но со труд и поддршка резулатите се неизбежни.
Искористи ја можноста за трансфер до 15 октомври и префрли се на Brainster Next College.
Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.
Останати се само уште 2 слободни места на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации, аплицирај сега!