Запознај ги професорите – Ивица Пешовски

Ивица Пешовски е дел од наставен кадар на првиот практичен ИТ-факултет во Македонија, Brainster Next College. Дознај повеќе за него.
zapoznaj-gi-profesorite-ivica-pesovski | Softversko inzenerstvo i inovacii| Brainster Next College
Share

Ивица Пешовски е предавач на студиската програма Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ), кој уште пред почетокот на предавањата, за време на ланскиот Отворен ден на Brainster Next College, ги освои срцата на студентите токму со неговата непосредност, пријателски однос и пасија за пренесување на знаењето.

Регистрирај се и дојди на годинешниот Отворен ден на Brainster Next College на 29 август и запознај се со професорот Ивица Пешовски, а воедно стекни и сертификат за учество на неговото предавање.

Студентите на Brainster Next College, на редовни анкети каде што можат да го искажат своето искуство од програмата и професорите, го оценија Ивица со оценка 4.81.

Прочитај што споделија студентите на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College за Ивица:

„Најдобар професор, навистина пробува да нè спреми за реалниот свет и секогаш обрнувам внимание на неговите часови“. – Лео Новкоски

„Многу страствен професор и очигледно е дека знае што прави“. – Филип Ѓоргичков

Во продолжение, дознај повеќе за професионалната позадина на Ивица

Нешто што е поспецифично за него е токму начинот на којшто го пренесува знаењето на студентите со цел истото да го употребат во иднина. Еве што ни сподели Ивица за неговиот начин на предавање и инспирацијата на студентите:

„Професорите што лично ми имаат оставено најдобар впечаток, а и општо, професорите што ги инспирираат студентите и ги насочуваат кон тоа што за нив понатака ќе претставува професија и живот, се оние што покажуваат како се прават работите. Многу ретко оние што истото го кажуваат! Оттука е и идејата и прашањето: Што ќе се случи ако сите професори и целата наставна програма е таква? Што ако работиме близу до студентите, им покажуваме и ги насочуваме во нивното секојдневно учење? На студентите не им се битни нивните студии, на студентите им е важно знаењето што ќе го добијат. Токму тоа е методологијата на работа што ја практикуваме тековно во Brainster Next College. Токму тоа е целта на апликативните образовни институции – да му го пренесат на студентот знаењето што му е директно потребно за негово професионално остварување“, вели Пешовски.

Кога станува збор за неговите академски достигнувања, тој има завршено магистерски студии на насоката софтверско инженерство и тековно е запишан на докторски студии во областа на компјутерски науки и инженерство. Темата на истражување на неговиот докторат е употреба на технологија при едукација, со фокус на високото образование. 

Покрај ова, за неговата стручност и истражувачки дух во оваа област говори фактот дека тој е автор и ко-автор на низа стручи и научни трудови од областа на информатичката технологија.

Во изминатата година, Ивица учествува на неколку локални и интернационални конференции. Во јули 2023 година, ќе презентира труд во Мајорка, на најголемата конференција за едукација во Европа – Edulearn, на тема улогата на перцепцијата од студентите врз тежината на задачите во освоените резултати од истите. Во март 2023 во Валенсија презентираше труд на една од најголемите конференции за технологија и едукација во Европа – INTED. Неговата презентација беше на тема како да се постигне персонализиран пристап при спроведување на наставата преку исползување на карактерните особини на секој студент. Претходно на конференција за едукација во Сиде, Турција (ITHET) презентира систематски преглед на достапна литература за системи за препорака во образование. 

Неговата кариера е продуктно-ориентирана и работи исклучиво во компании што развиваат свои продукти. Тоа започнува со работата во ФИНСС, fintech компанија кадe се запознава со предизвиците при работа на сопствен продукт. Во оваа компанија започнува со работа веднаш по дипломирањето во јули 2014 година. Во ноември истата година ја прифаќа улогата на full-time freelancer во француската компанија SovereignNet која развива софтверски продукти за SEO оптимизација и маркетинг автоматизација. Во оваа компанија активно работи се до октомври 2019 година, автономно го развива NetworkCrusader – проект за менаџирање на дистрибуирани мрежи од сајтови и учествува во развојот на Platform.ly CRM апликацијата. Во периодот од јануари до септември 2016 година работи во Сивус. Во Ноември 2016 година започнува со работа во Personnel LTD, англиска фирма со седиште во Скопје. Во неа останува до јуни 2020 година и учествува во развојот на неколку интерни продукти кои ги развива самата организација.

Од април 2020 година е на позиција извршен технички директор во Brainster (Бреинстер), која по неговото доаѓање преминува од компанија исклучиво за едукација во компанија за едукација и технологија (edtech). Го оформува првиот програмерски тим во рамките на самата организација со кој работат на продукти кои го олеснуваат процесот на едукација на илјадници студенти. Заедно со својот тим, досега има развиено повеќе софтверски решенија кои компанијата успешно ги користи во својата работа.

Неговата умешност за пренесување на знаењето и долгогодишното искуство се докажа преку неговите предавања на Академиите за Full-Stack и Front-End програмирање, каде што за кратко време стана омилен инструктор помеѓу студентите, а од лани истото се пресликува и кај првата генерација студенти на Brainster Next College.

Ivica-Pesovski-prv-akademski-cas | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Запознај го Ивица Пешовски – професор на Brainster Next College

Име и презиме: Ивица Пешовски

Студиска програма: Софтверско инженерство и иновации

Предмети: Структурно програмирање, објектно-ориентирано програмирање, имплементација на решение, софтверско инженерство, оперативни системи и DevOps, дистибуирани системи и блокчејн

Професија: Софтверски инженер 

Искуство: 9+ години

Зошто баш програмирање?

Затоа што е професија што ти дозволува и те условува да ја ослободиш твојата креативност. Затоа што е професија што ти овозможува да бидеш дел од изградбата на иновативни технологии што ја формираат иднината.

Најважниот совет за студентите на Brainster Next College?

Спијте повеќе отколку што учите. 

Учете повеќе отколку што се забавувате. 

Забавувајте се најмногу што можете.

Кое е твоето хоби?

Tinkering with AI

Која е книгата што најмногу влијаела на твојот кариерен развој?

 Стив Џобс од Валтер Ајзаксон

Омилен цитат или совет што секогаш го следиш при носење на важните одлуки: 

“Most things worth doing are hard“.

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.

Местата за двете студиски програми се ограничени, закажи средба сега!

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Се пополнуваат последните места на двете студиски програми!

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!