Запознај ги професорите – Никола Кусибојоски

Никола Кусибојоски е дел од наставен кадар на првиот практичен ИТ-факултет во Македонија, Brainster Next College. Дознај повеќе за него.
zapoznaj-gi-profesorite-nikola-kusibojoski | Softversko inzenerstvo i inovacii| Brainster Next College
Share

Никола Кусибојоски е искусен и мотивиран веб-девелопер, особено умешен во Back-Еnd технологиите кој со задоволство сите свои знаења и вештини ги пренесува на студентите на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ).

Студентите на Brainster Next College, на редовни анкети каде што можат да го искажат своето искуство од програмата и професорите, го оценија Никола со оценка 4.73.

Прочитај што споделија студентите на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College за Никола:

„Навистина добро го предава материјалот, го прави програмирањето забавно и ни помага кога ќе наидеме на некој проблем“. – Дамјан Петрушевски

„Уште еден многу вреден професор кој се труди навистина да нè научи, а не само да добиеме добра оценка“. – Никола Јованов

Во продолжение, дознај повеќе за професионалната позадина на Никола

Во 2012 година ги започнал додипломските студии на ФИНКИ – Скопје. Во 2016 има учествувано на меѓународниот хакатон Codefest во Охрид, каде што заедно со тим од уште 3 колеги го зазеле првото место во повеќе категории. Тоа му овозможило уште во своите помлади години да се вклучи во стартап екосистемот во Македонија, како еден од креаторите и сопственици на стартапот Резервирај.мк.

Креирањето и водењето на стартап го издвојува како најдраг дел од кариерата, затоа што токму тоа му има помогнато да научи многу бизнис, но и животни лекции. Во 2017 ги завршува додипломските студии на ФИНКИ, во областа на веб-апликации на тема „Изработка на веб- апликација за претставување на домашни миленици – Petbook“ и станува дипломиран софтверски инженер во областа на компјутерските науки.

Истата година, започнал со работа во фирмата DoXteam како Back-End програмер. Работејќи во DoxTeam се стекнал со одлични знаења од областа на микросервисната архитектура и со сервисите на AWS.

Паралелно со работата во оваа компанија, започнал со хонорарни part-time ангажмани како Full-Stack програмер и консултант, со што се стекнал со многу значајно знаење и искуство во креирање на големи ERP системи.

Кон средината на 2018, започнал со работа во американска банка „Amerbank“, што всушност било неговото прво искуство во интернационална компанија, но и прво искуство во светот на финансиите.

„Морам да напоменам дека додека бев дел од оваа fin-tech компанија беше навистина возбудлив период исполнет со многу предизвици и новитети за мене“, ни кажа Кусибојоски.


Од 2019 година до денес, работи во „Лока“ – фирма од Силициумската долина, како Full-Stack програмер. Како еден од првите вработени во оваа компанија која денес брои повеќе од 150 луѓе ширум светот, Никола имал прилика во целост да ги примени своите знаења од веб-програмирањето во изградба на неколку значајни проекти. „Лока“ има навистина посебно место и значење во досегашна кариера на Никола.

Од 2019 година тој започнува и соработка со Brainster (Бреинстер), основачот на Brainster Next College, како предавач на Академијата за Full-Stack програмирање на модулот за JavaScript, но и како part-time програмер.

„Во овој период, од 2019 до денес имав можност да се запознаам и да едуцирам повеќе од 200 луѓе кои ги посетувале Академиите на Brainster што ме прави особено среќен и горд. Како програмер во Brainster, креатор сум на повеќе веб-апликации, но најдрага ми е платформата за учење, students.brainster.co, која навистина им помогна на студентите со учењето во периодот на пандемијата“, вели Никола.

Лани, Никола се приклучи на наставниот кадар на Brainster Next College и набрзо ги освои срцата на студентите од првата генерација на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации. Никола го предва предметот Веб апликации, а студентите го оценија Никола и неговото предавање со оценка 4.73.

Тој, лани, исто така присуствуваше и на Отворениот кариерен ден на Brainster Next College, каде што имаше можност да го раскаже своето кариерено искуство како PHP програмер.

Nikola-Kusibojovski-open-career-day| Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

„Најдобро се учи во група, секоја вежба е важна и треба да се учествува на секој натпревар за програмирање. Мора да се трудите и да учите. И не очекувајте успех или пари преку ноќ“, рече тој во своето излагање.

Запознај го Никола Кусибојоски – професор на Brainster Next College

Име и презиме: Никола Кусибојоски

Студиска програма: Софтверско инженерство и иновации

Предмет: Веб апликации

Професија: Софтверски инженер

Искуство: 7+ години

Како се роди интересот за ИТ-областа и пред сè програмирањето?

Интересно е дека уште како многу мал јавував интерес кон компјутерите кои беа нешто ново за времето во кое растев. Моите родители многу инвестираа во моето образование, па се сеќавам дека од мал посетував едукативни центри за компјутерски вештини. Како созревав, особено во средношколските денови математиката ми беше појака страна, па така кога бирав факултет знаев дека ќе биде комбинација од математика и компјутери и затоа ФИНКИ тогаш беше идеалниот избор. Искрено, дури откако се запишав на факултет го сфатив потенцијалот кој го има ИТ-индустријата. Од моментот кога видов дека имам можност директно да влијаам во разни софтверски решенија, сфатив дека ИТ-индистријата е местото каде припаѓам и каде се гледам во наредните години.

Зошто е важно да се учи Веб апликации на студиите по софтверско инженерство?

Преку предметот Веб апликации, студентите ќе добијат основи за сé што ќе им треба во светот на веб програмирањето. Ќе се запознаат со начинот на којшто функционира самиот веб, ќе добијат основи во веб-дизајн и ќе научат како да изградат основни веб-страници и едноставни веб- апликации користејќи веб-сервиси. Овој предмет ќе им ги отвори вратите на студентите понатаму да изучуваат покомплексни технологии.

Најважниот совет што би им го дал на студентите:

Според мене најскапоценото нешто што го имаме на овој свет е времето. Тоа не можеме да го вратиме назад. Затоа би ги советувал да го искористат моментот и целосно да се фокусираат на мисијата „потенцијални софтверски инженери“. Би им рекол да уживаат во сите моменти кои ги нудат факултетските денови, но секогаш да знаат која е зацртаната цел. Би ги советувал да останат фокусирани во учењето и себе-надградувањето, а за да успеат во тоа ќе треба да се оттргнат од сите работи кои бесцелно им го трошат времето. Последно, би ги советувал да ги пратат секогаш новите трендови во ИТ-светот и да се вмрежуваат и да бидат опколени со квалитетни луѓе.

Да се биде професор, учител, ментор е секако многу благородна мисија. Како лично ја доживуваш оваа работа?

Ја доживувам како одлична можност да го пренесам моето знаење на идните софтверски инженери. Израснат сум во фамилија на учители, па од прва рака, од мајка ми и баба ми, имам сфатено каква благородна работа е учителството. Искрено сум многу среќен што ќе можам да влијаам во образовниот процес на студентите во Brainster Next College, но исто така сум среќен што и јас ќе учам премногу од младите и амбициозни студенти.

Како се добива довербата на студентите. Кој е најуспешенниот метод?

Според мене тоа секогаш е искреноста и приземноста. Мора да се пристапи максимално професионално, но истовремено и другарски со студентите. Мора да се биде отворен за секој еден студент, за студентите да не се чувствуваат ограничено или подредено.

Која е книгата што најмногу влијаела на твојот кариерен развој?

Би рекол дека сите книги кои во текот на студиите ми помогнаа да научам многу работи влијаеа на мојот кариерен развој. Кога би морал да издвојам некоја би ја спомнал „Clean Code: A Handbook of Agile Software Craftsmanship“ од Robert C. Martin

Омилен цитат или совет што секогаш го следиш при носење на важните одлуки:

При програмирање секогаш се водам од мислата „Think twice, code once“. Никогаш не сакам избрзани или привремени решенија.

Исто и во животот, секогаш сакам да размислам 2 пати пред да донесам некоја одлука, затоа што не би сакал да се каам подоцна. Обично ја практикувам онаа поговорка „Утрото е попаметно од ноќта“ па така најчесто поголемите одлуки сакам да ги донесам наутро, со ладна глава.

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера – реши го на онлајн тестот за компетенции со кој можеш да го добиеш уникатниот финансиски модел „Студирај сега, плаќај по вработувањето“!

Местата за двете студиски програми се ограничени, закажи средба сега!

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Се пополнуваат последните места на двете студиски програми!

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!