Веб апликации – Подготовка на студентите за покомплексни технологии

Еден од предметите без кои не може да се замисли студиската програма на Brainster Next College е Веб апликации. Професорот Никола Кусибојоски нѐ запознава одблизу со сето она што се изучува на овој предмет.
web-aplikacii-odblizu-so-nikola-kusibojoski | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share
Share on facebook
Share on linkedin

Еден од главните предизвици на образованието денеска е да биде агилно во прилагодувањето кон новите вештини, алатки и методологии на работа кои со мошне динамично темпо се развиваат во рамки на дигиталните индустрии. Ние во Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ), на располагање имаме повеќе механизми за обезбедување на агилност во курикулумот, но многу важен аспект се предметите и она што го изучуваат нашите студенти што студираат  Софтверско инженерство и иновации

Еден од предметите без кои не може да се замисли програмата е Веб апликации. Професорот Никола Кусибојоски ни објасни што се изучува на овој предмет:


„Прво се започнува со историјата на интернетот, вебот и како функционираат веб-апликациите. Потоа продолжуваме со изучување на конкретни технологии. Најпрво, HTML 5, па CSS 3 и на крај JavaScript“, вели Кусибојоски.

Тој подетално раскажува и кои се најважните цели на предметната програма, зошто е важно да се учи овој предмет и што ќе може да направат студентите откако ќе го совладаат.

Како што потенцира и Кусибојовски, за овој предмет е важна упорноста и истрајноста.
Како и за повеќето области, и тука се учи од грешките, но многу е важно да се остане доследен на целта. Професорот е тука да ги насочува студентите, но тие секогаш треба да останат мотивирани. Кога ќе наидат на предизвик и потешкотии да не се откажуваат, зашто тогаш најдобро се учи.



Ова е предметот Веб-апликации одблизу!  




Зошто е важно да се учи предметот Веб апликации на студиите по софтверско инженерство?

Преку предметот Веб апликации, студентите ќе добијат основи за сѐ што ќе им треба во светот на веб-програмирањето. Ќе се запознаат со начинот на којшто функционира самиот веб, ќе добијат основи во веб-дизајн и ќе научат како да изградат основни веб-страници и едноставни веб- апликации користејќи веб-сервиси. Овој предмет ќе им ги отвори вратите на студентите понатаму да изучуваат покомплексни технологии.


Кои се целите на предметната програма и што е специфично за нив, на што најмногу обрна внимание додека ја креираше?

Целта е јасно дефинирана, а тоа е дека студентите по положување на овој предмет ќе имаат доволно знаење за да можат сами да изработуваат веб-страници. Најмногу внимание посветив на тоа, на студентите да им се доловат ситуации од реални проекти. Па затоа, скоро сите вежби се составени од примери од вистински функционални веб-апликации.




Како на поинаков начин учат Веб апликации студентите на Brainster Next College? Раскажи ни и малку за тоа како се одвиваат вежбите?

Клучниот момент е дека Brainster Next College е практичен колеџ, односно дека во прв план е праксата т.е решавањето на што е можно повеќе задачи додека студентите се на факултет. Битно е студентите да научат додека се на час, а времето дома да го трошат на надоградување, откривање нови решенија или во совладување на потешкотиите од тековното предавање. Вежбите се поделени на два дела: аудиториски и лабораториски. На аудиториските вежби, професорот е тој што решава и споделува можни решенија на даден проблем, обидувајќи се да одговори на сите прашања на студентите. Лабораториски вежби се тие каде што студентите сами пробуваат знаењето стекнато на предавањата и аудиториските вежби да го покажат на дело. Лабораториските вежби се одлични за да се види прогресот на студентите и доколку професорот воочи некој проблем, веднаш да интервенира и да се обиде да им помогне на студентите.

Што е потребно за успешно да се совлада предметот Веб апликации?

Посветеност, истрајност и упорност. Овие 3 работи ги сметам за клучни. Студентите мора да бидат посветени на предметот. Мора да останат фокусирани на предавањата и вежбите, со цел полесно да го совладаат истиот. Истрајноста и упорноста мора да им бидат главни карактеристики за да бидат успешни во креирање на веб-апликациите.


Како студентите ќе може практично да го применат она што ќе го научат по овој предмет?

Веќе по изучувањето на овој предмет студентите ќе можат да се испробаат во светот на веб-дизајнот. Студентите ќе поседуваат доволно практични вештини за да можат да се вклучат на реалната ИТ-сцена како веб-дизајнери.
Сепак, овој предмет е само почеток за нив, ќе им даде солидна основа на студентите кои во текот на нивните студии ќе се стекнат и ќе изучуваат многу други веб-технологии кои ќе ги направат да бидат одлично квалификувани софтверски инженери.



Преземи го првиот чекор кон успешна кариера во програмирање и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.

За повеќе информации, закажи средба сега!

Share

Share on facebook
Share on linkedin

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Нова студиска програма на Brainster Next College!

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!