Дали после завршувањето на факултетот ќе најдам работа, какви можности ќе ми донесе дипломата, дали треба да сум експерт по математика, дали професорите секогаш ќе бидат тука за нас, што ќе може да работам ако сум дипломиран инженер по информатички технологии… Долга беше листата на прашања од љубопитните идни студенти, но и заинтересираните за упис што дојдоа на отворениот кариерен ден на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ).
Тимот на првиот акредитиран практичен ИТ факултет, Brainster Next College со задоволство одговараше на секое прашање и реши многу дилеми што идните студенти ги имаа за својата идна кариера. Присутни беа и дел од нашите партнерски компании кои на студентите им презентираа какви можности нудат за вработување и пракса, а дел од професионалците од ИТ индустријата раскажаа и како е да се работи во најпредизвикувачките професии на иднината.
Партнери од индустријата ќе ги вработуваат студентите
Јана Тодоровска, Co-innovation & Hiring Team Lead на Brainster и Brainster Next College, ја објасни визијата на тимот, а тоа е да ја зголеми вработливоста на студентите и да креира цврст и долгорочен екосистем на партнерски компании кои активно ќе ги зголемуваат можностите за студентите и ќе бидат составен дел од градење на кариерата на идните tech-професионалци. Таа откри дека лани преку партнерската програма за вработување, со тимот успеале да обезбедат вработувања и пракси за 374 студенти од академиите на Brainster.
Таа додаде дека во моментов изграден е екосистем од повеќе од 100 партнерски компании коишто соработуваат со академиите како на реални проекти така и на можности за вработување на студентите. Дел од нив се вклучуваат и на факултетот.
Првите 5 компании што се вклучија во партнерскиот тим на Brainster Next College се компаниите (DEPT, MELON, IT LABS, VALTEC и AllMyHomes).
Александар Стеваноски, Data & Digital Marketing Recruiter во DEPT, зборуваше за професионалните можности за програмерите како најбарана, а и најдобро платена професија на денешницата. Но, тој детално им објасни на присутните како се формирала компанијата, за сите нивни најуспешни проекти и ја објасни структурата на секој оддел. Присутните со внимание слушаа и какви знаења се потребни за да се стане дел од оваа успешна интернационална компанија.
Александар Стеваноски
Нема брз успех
Никола Кусибојовски, на присутните им ја раскажа својата успешна програмерска приказна и целокупниот кариерен пат и професионално искуство во светот на програмирањето и ИТ индустријата. Тој е софтверски инженер, фул стак девелопер и алумни на Brainster. Тој ќе предава и на Brainster Next College, па идните студенти имаа можност од прва рака да добијат и совети за учењето. Им кажа дека најдобро се учи во група, дека секоја вежба е важна и дека треба да се учествува на секој натпревар за програмирање.
Кусибојовски раскажа дека во текот на студиите имал потешкотии со програмирањето, но со многу труд и учење, успеал да направи кариера во ИТ индустријата. Практичната работа што му недостасувала во формалното образование ја надополнил со Академијата за Full-Stack програмирање на Brainster, каде денеска е и инструктор.
Од скромен почеток до успешна претпримачка кариера во EdTech секторот, и основање на првиот применет ИТ факултет во државата. Инспиративната приказна за почетоците, изборот на кариерата, успоните и падовите, и искрените препораки за успех на основачот на Brainster и Brainster Next College, Петар Ниновски предизвикаа голем интерес кај присутните. И Ниновски им повтори дека не знае како по скратен пат и преку ноќ се доаѓа до успех.
На настанот се одржи и панел- дискусија за кариерно советување со тимот на Brainster Next College, на која присутните имаа многу прашања за начинот на студирање.
Александар Клашниновски, генералниот менаџер на Brainster Next College објасни кои се предностите да се учи на практичен факултет, работа на реални проекти и во мали групи, како и што значи за студентите да бидат менторирани од професори практичари.
Професорот Ивица Пешовски одговараше на прашањата поврзани со наставата и методите на работа.
Покрај одговорите на сите дилеми и прашања поврзани со кариерата во ИТ секторот, присутните се информираа и за уписите и уникатната финансиска можност „Студирај сега, плаќај по вработувањето“.
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера во програмирање и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.
Join Generation Next – и преземи го првиот чекор за квалификација за уникатниот финансиски модел Студирај сега, плаќај по вработувањето преку решавање на онлајн тестот за компетенции!
Местата се ограничени, затоа закажи средба сега!