Целта на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) како прв акредитиран практичен ИТ факултет кај нас е да го предизвика статус-квото во високото образование. Студентите досега немаа пристап до високо образование кое се базира на пракса и соработка со индустријата и кое ќе им овозможи да се здобијат со практични вештини кои се барани на пазарот на труд уште во текот на студирањето.
Токму затоа и го формиравме Brainster Next College – за конечно да ја понудиме таа опција и на македонските студенти. За да го постигнеме тоа, нашиот факултет ќе се базира на следните принципи:
1. Прв применет (практичен) ИТ факултет во Македонија
Во сржта на Brainster Next College се праксата и реалните проекти. Наставната програма на секој од предметите е создадена на начин при што прво се определува што треба практично да знае студентот по положување на испитот, па потоа со reverse engineering метод се креира програмата при што 50-70% од истата е практична (вклучувајќи ги и испитните задачи). Теоријата, пак служи да ѝ даде контекст на праксата.
Како практичен ИТ факултет, соработката со локалната и глобалната ИТ индустрија е клучна уште од самиот почетокот на функционирање на колеџот. Секој пролетен семестар, еден од предметите претставува работа на реален проект спонзориран и менториран од партнерска компанија од ИТ индустријата. Целта на овој реален проект е сумирање и практична имплементација на знаењата стекнати од практичното и теориско полагање на сите предмети од тековната година и нивна примена во реална средина во каква што ќе се најдат студентите по нивното дипломирање и вработување.
По завршувањето на секој пролетен семестар, на сите наши студенти ќе им се понуди и пракса кај нашите партнерски компании за да го надоградат знаењето добиено за време на студиската година и реалниот проект.
Покрај тоа, во втора и трета година еден од изборните предмети е предмет спонзориран од една од нашите партнерски компании. Студентите што ќе го изберат тој предмет ќе учат од гостински предавачи на партнерската компанија. Предметот ќе се фокусира на специфичните платформи кои ги бара компанијата и кои се барани и од глобалната ИТ индустрија со цел овозможување на студентите да се запознаат со најновите технологии и да им овозможиме да добијат предзнаење кое ќе може да го имплементираат кај компанијата која го спонзорирала предметот ако одлучат така.
2. Професори со академска позадина и искуство од индустријата од земјата и странство
Имајќи ја предвид практичноста на Brainster Next College како прв таков ИТ факултет во Македонија, нашите full-time професори се комбинација на најдоброто од академскиот свет и ИТ индустријата. Покрај нашите професори, дел од предметите ќе ги одржуваат предавачи кои се експерти од индустрија и кои како full-time вработени во нашите партнерски ИТ компании, ќе држат предмети кои се дел од нивната секојдневна работа и експертиза со цел да ги доближат тие предмети до студентите и да можат да им дадат слика како функционира тоа во реалната ИТ индустрија.
Покрај македонските професори и предавачи, дел од нашиот професорски тим ќе бидат и странски професори коишто предаваат на реномирани странски универзитети и кои ќе држат предмети на Brainster Next College со цел пренесување на најдобрите практики од странство кај нас. Покрај странските професори, како гостински предавачи ќе бидат и експерти и професионалци од најголемите глобални ИТ компании како Meta (Facebook), Alphabet (Google), Apple, Amazon, Netflix итн. кои ќе држат гостински предавања на дел од предметите сè со цел нашите студенти да се сретнат со искуства од прва рака и да се здобијат со знаења од страна на професионалци кои работаат на иновации и платформи кои го движат светот.

3. Методологија на учење базирана на работа во мали групи и индивидуален и менторски пристап
На студиската програма, максималната квота на годишни студенти која ја побаравме и добивме од страна на Министерството за образование и Одборот за акредитација е 75 студенти. Причината за тоа е да се овозможи индивидуален пристап на секој студент и од страна на професорите и предавачите, меѓутоа и од страна на нашиот тим за Student Success како и до целокупниот тим на Brainster Next College.
Практичниот начин на учење на Brainster Next College изискува работа во мали групи и тимови сè со цел подобро стекнување на знаењата предвидени со секој предмет и успешно имплементирање и завршување на реалните проекти. Поради тоа, нашиот професорски тим ќе има менторски пристап спрема студентите каде што целта ќе биде тие да се предизвикаат да го дадат најдоброто од себе, за по завршувањето на студиите да бидат подготвени за предизвиците коишто ги очекуваат во глобалната ИТ индустрија.
Поради подобар фокус за време на студирањето, студентите во исто време ќе слушаат 2-3 предмети максимум, кои се сродни помеѓу себе, за разлика од другите факултети каде што се слушаат по 5 предмети во исто време што оневозможува успешно следење на кој било од тие предмети и придонесува за оптовареност на студентите при што реално страда квалитетот и знаењето коишто тие го добиваат.
Начинот на проверка на знаењата во Brainster Next College е целосно различен споредено со другите факултети. Додека другите факултети одат со еден завршен теоретски испит или со неколку теоретски колоквиуми со цел да може да го положат предметот, кај нас одиме со принцип на континуирана проверка на знаењата за време на предметот и истата се состои од комбинација практични задачи, домашни задачи, мини-проекти, хакатони и друг тип на практични испитни задачи во комбинација со теоретски колоквиуми и завршен испит. Ова е вака, бидејќи кај нас учењето на теоријата е во служба на праксата односно целта на истата е да им помогне на студентите да го осознаат контекстот на тоа што ќе научат да го работат практично, односно зошто нешто функционира на начин на којшто функционира и која е логиката која што стои позади тоа.

4. Student Success тим наместо класична студентска администрација
Како ИТ факултет, целосната студентска администрација во Brainster Next College ќе се одвива електронски на нашиот интерен Learning Management System. Секој од студентите ќе си има свој студентски профил, електронски индекс, бележењето на присуствата ќе се врши со QR кодови, пријавувањето на испитите ќе биде електронско, сè со цел овозможување непречено студентско искуство како и намалување на употребата на хартија секаде кадешто е можно.
Место класичната студентска администрација или популарно наречените „студентски прашања“, Brainster Next College ќе има Student Success тим чијашто цел ќе биде да ги следи и помага студентите за време на целото нивно академско патување. Student Success тимот ќе има редовни индивидуални и колективни средби со студентите. Дополнително, како што ние ги оценуваме студентите, ќе бараме и повратно мислење од нивна страна поврзано со нивното искуство на Brainster Next College сè со цел континуирано подобрување на целокупното студентско искуство.
Една од главните цели на Student Success тимот ќе биде и кариерното насочување на студентите кое ќе го прават заедно со целокупниот професорски тим како и лидерскиот тим на колеџот, сè со цел овозможување на студентите да се пронајдат во ИТ кариера која ќе е соодветна на нивните силни страни и преференци за тоа каде се гледаат во иднина.
5. „Студирај сега, плаќај по вработување“ – единствен ваков проект во целиот регион, а можеби и во Европа
Проектот „Студирај сега, плаќај по вработување“ нуди можност за студирање со 0 денари трошок сè до дипломирањето и вработувањето на студентите. Иако вакви проекти постојат во Европа и пошироко, зошто тврдиме дека ова е можеби единствен вакoв проект во Европа? Разликата е што ние овој модел на студирање го нудиме на сите коишто ќе се квалификуваат да студираат на нашиот факултет. Ваквите модели во другите држави најчесто таргетираат дел од студентите на коишто им се нуди оваа поволност (дали талентирани студенти или од ранливи социјални категории), додека оваа можност на Brainster Next College им се нуди на сите студенти коишто ќе се квалификуваат за истиот.
Уште една уникатност е тоа што по дипломирањето, не се очекува целата сума веднаш да биде платена, туку истата ќе може да се плати до 36 рати што овозможува ратата да не биде повисока од 40% од почетната плата на софтверски инженер без искуство проектирана за 2026 година. И на крај, не само што сумата за школарина ќе може да се исплати на рати, туку истите ќе бидат и бескаматни што овој модел на плаќање го прави фундаментално различен од т.н. student loans кои се широко распространети во САД и кои најчесто ги издаваат финансиски друштва и банки со камати од коишто прават профит.
Целта на овој модел на студирање е да овозможиме на најдобрите студенти без разлика на финансиските можности да добијат пристап до квалитетно и практично ИТ образование. Овој модел ја демонстрира и довербата што ја имаме не само во нашите студенти туку и во квалитетот на сопственото образование бидејќи сме сигурни дека сите студенти што ќе успеат да дипломираат на Brainster Next College и се здобијат со звање Дипломиран инженер по информатички технологии, ќе бидат вработени пред или веднаш по дипломирањето.
Оваа доверба во сопствениот квалитет не е базирана на желби, туку на резултатите на нашиот основач, Brainster (Бреинстер), кој беше прогласен за најдобар образовен центар во државата за минатата година. Brainster Next College како логично продолжение на мисијата на Brainster, ги презема најдобрите практики на академиите на нашиот основач коишто овозможија во 2021 година да вработиме 374 студенти кои дипломираа на академиите на Brainster.
Врз основа на овие резултати на нашиот основач и соработката со 150+ локални и глобални компании кои вработуваат студенти од академиите на Brainster и ќе вработуваат студенти од Brainster Next College произлегува нашата самодоверба дека на секој еден дипломиран студент од Brainster Next College ќе успееме да му најдеме работа по успешното завршување на студиите кај нас бидејќи тоа веќе го правиме на секојдневна база.
Причината за постоењето на Brainster Next College е да го подобриме образованието, за нашите студенти да може да го подобрат светот. Со Brainster Next College ги носиме најдобрите образовни практики од најдобрите применети универзитети за да не мора нашите студенти да одат во странство за да добијат квалитетно образование со практичен курикулум кој се базира на најновите трендови во глобалната ИТ индустрија.
Придружете ни се и бидете дел од првата генерација на дипломци која ќе го промени образованието кај нас!
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера во програмирање и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.
Закажи информативна средба сега!