Зошто да дојдете на отворениот кариерен ден на Brainster Next College

После успешниот отворен ден, првиот акредитиран практичен ИТ факултет, Brainster Next College организира Отворен кариерен ден. Настанот ќе започне во 15:30 часот во Brainster Space.
otvoren-karieren-den | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share
Share on facebook
Share on linkedin

Дознај дали програмирањето и професија во ИТ областа е вистински избор за тебе, кои професии ги нуди практичната студиска програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College, што сѐ може да се работи како програмер и каде ќе се вработуваат нашите студенти…

Сите овие прашања и дилеми може да ви се разрешат ако дојдете на Отворениот кариерен ден на првиот акредитиран практичен ИТ факултет кај нас, Brainster Next College.
Настанот ќе се случува на 12 септември 2022 (понеделник) со почеток во 15:30 часот во Brainster Space.


„Ако сѐ уште се двоумите околу изборот на факултет и професија во ИТ светот, тимот на Brainster Next College е тука да ви помогне да донесете правилна одлука за твоите студии и изборот на идната кариера. Дојдете на кариерниот отворен ден и дознајте сé за ИТ професиите“, вели Ема Кастратовиќ, Marketing Coordinator на Brainster Next College.

Ема Кастратовиќ со идните студенти на отворениот ден



Регистрирајте се ТУКА!


Покрај одговорите на сите дилеми и прашања поврзани со кариерата во ИТ секторот, ќе имате можност да дознаете што го прави поинаков Brainster Next College како прв акредитиран практичен ИТ факултет кај нас и да се информирате за уписите и уникатната финансиска можност „Студирај сега, плаќај по вработувањето“.


Интересни презентации и инспиративни кариерни приказни




Присутните, ќе имаат можност да слушнат искрени и инспиративни приказни директно од искусни професионалци и претприемачи што го изградиле својот пат до успехот.

Кариерните дилеми на присутните прва ќе ги разреши Јана Тодоровска – Co-innovation & Hiring Team Lead на Brainster и Brainster Next College, која ќе зборува за успешните вработувања и партнерски компании. Јана ќе презентира успешни вработувања, реални проекти и партнери кои ќе нудат пракса и вработување на нашите студенти, а ќе ја претстави и една од интернационалните партнерски компании. 


Александар Стеваноски,  Data & Digital Marketing Recruiter во DEPT, ќе зборува за професионалните можности за програмерите како најбарана, а и најдобро платена професија на денешницата. 


Никола Кусибојовски ќе ја раскаже својата успешна програмерска приказна и целокупниот кариерен пат и професионално искуство во светот на програмирањето и ИТ индустријата.  Тој е софтверски инженер, фул стак девелопер и алумни на Brainster. 

Петар Ниновски


Од скромен почеток до успешна претпримачка кариера во EdTech секторот, и основање на првиот применет ИТ факултет во државата. Инспиративната приказна за почетоците, изборот на кариерата, успоните и падовите, и искрени препораки за успех ќе сподели и основачот на Brainster и Brainster Next College, Петар Ниновски. 


На настанот ќе се одржи и панел- дискусија за кариерно советување со тимот на Brainster Next College.

Агенда за отворениот кариерен ден и линк за регистрација е достапен ТУКА.

Share

Share on facebook
Share on linkedin

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Префрли се на Brainster Next College! Можност за трансфер до 15 октомври!

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!