Најмногу ме инспирираат родителите

Во серијалот Запознајте ги студентите на Brainster Next College, ви ги претставуваме нашите први запишани студенти. Тие ќе се стекнуваат со голем број на ИТ вештини и технологии кои ќе им ја отворат вратата кон најразлични просперитетни кариери во дигиталниот свет. Ова е Виктор Ристески од Гостивар!
zapoznaj-gi-studentite-viktor-ristoski | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share

Матурантот Виктор Ристески од октомври се придружува на првата генерација студенти што ќе студираат Софтверско инженерство и иновации на првиот акредитиран практичен ИТ факултет кај нас Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ). 

Виктор, средно училиште завршил во Техничкото училиште во Гостивар кое ќе го памети по дружбата, учењето и многуте проекти кои се одвивале надвор од државата. Единствено, би променил децата од најрана возраст да се насочуваат кон оние области што им лежат или она што би сакале во иднина да го учат. Така и повеќе би го сакале училиштето.


„ Мене, во сеќавање ќе ми останат многу убави спомени од средношколскиот живот“, вели тој.

Да го запознаеме подобро!

Виктор, зошто избра да учиш на Brainster Next College, како слушна за нашата нова акредитирана програма и какви се твоите очекувања?

– Го избрав Brainster Next College по препорака од мој близок роднина, моите очекувања се дека брзо ќе се вклопам и ќе наидам на добри колеги и професори.

Софтверското инженерство и иновации e област која многу брзо се развива, но исто така нуди и многу добри можности за кариерен развој. Која е твојата мотивација за кариера во овој правец?

– Најмногу ме привлекува тоа што оваа професија има перспектива во иднина, а и го обожавам програмирањето. Кариера во овој правец одбирам бидејќи ја сакам информатиката.

Што ти се допаѓа најмногу кај колеџот, студиската програма, предметите, наставниот кадар, праксата?


– Најмногу ми се допаѓа тоа што е сведено на многу пракса која е многу битна, работењето на реални проекти, додека најголем предизвик би било самото студирање. Ќе биде и тешко, но верувам дека со многу труд ќе успеам да фатам чекор со програмата и она што ќе се бара од нас.

Какво е твоето претходно предзнаење за ИТ, што те охрабри за да посакаш да учиш и додипломски студии во оваа област?


– Во средно учевме неколку програмски јазици и ми стана многу интересно, па продолжив да учам, да истражувам и самиот. Тоа ме охрабри да продолжам понатака.

Што те инспирира во животот, на што си најмногу посветен во моментов, имаш ли можеби некое интересно хоби?

– Во моментов најмногу сум посветен на учењето. Ме инспирираат убавите и позитивните луѓе и пријатели со кој сум опкружен постојано. Исто така ме инспирираат моите родители кои се постојано со мене и ми даваат голема поддршка во животот.


Постои ли личност на која најмногу ѝ се восхитуваш и зошто?

– Најмногу му се восхитувам на мојот татко затоа што е голем работник и пред сѐ голем човек.

Tech – индустријата навистина многу го промени светот и животот на младите. Како гледаш на промените што се случуваат на ова поле? 

– Постојано во светот се случуваат некои промени во tech индустријата, а секоја промена премногу ме фасцинира. Едноставно ме одушевува колку за брзо време светот оди напред и сакам да бидам дел од овие промени, да придонесам и самиот за нив.

Една од најголемите поволности што ја нуди Brainster Next College е финансиската можност „Студирај сега, плаќај по вработување“. Што мислиш за овој проект?

– Ова е во правата смисла на зборот поволност. Од една страна за да можат да се школуваат и напредуваат оние што не се доволно финансиски јаки, а од друга страна кога ќе знаеш дека сам ќе го плаќаш школувањето, мислам дека трудот што ќе го вложиш ќе биде уште поголем.

Уписот на првиот акредитиран ИТ факултет во земјава, Brainster next е во тек. Отворена е и можноста за уникатниот модел на плаќање „Студирај сега плаќај по вработување“, а првиот чекор е регистрација и решавање на компетитивниот тест.

Интересот е голем и бројот на места –ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!


Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Приемниот тест е отворен!

      Студирај бесплатно на Brainster Next факултет

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!