Како помина првиот Отворен ден на Brainster Next College

Настанот се случи на 25 август, а резултатот е пополнета прва група, и резервирани места за следните. 
prv-otvoren-den-za-studenti | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share

Голем интерес за упис и задоволни идни студенти и родители…Првиот Отворен ден на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) успешно го помина тестот кај заинтересираните млади за студии на програмата за Софтверско инженерство и иновации. Тие имаа можност да слушнат и интерeсни предавања од професорите, како и да се запознаат со дел од партнерските компании што ќе нудат пракса и вработување за студентите на факултетот. 


Настанот се случи на 25 август, а резултатот е пополнета прва група, и резервирани места за следните. 

Студентите од првата група имаа можност да ги потпишат договорите и веќе добијат пристап до претпрограмата, со што практично веќе ја почнуваат нивната learning авантура која ќе им ја отвори вратата кон најразлични просперитетни кариери во дигиталниот свет.

Најмногу прашања од присутните имаше околу условите за уникатната финансиска поволност, „Студирај сега плаќај по вработување“, но и што значи применет колеџ, кој ќе предава на факултетот, како ќе биде организирана наставата. Екипата на Brainster Next College со задоволство одговараше и на прашањата што го прави уникатен и по што се издвојува од останатите факултети, како и тоа зошто ова е најдобриот избор за секој што сака кариера во ИТ светот.


Интерактивни предавања од професорите

Голем интерес предизвикаа интерактивните предавања на нашите професори, како и успешната претприемачка приказна на Петар Ниновски, основачот на Brainster и Brainter Next College. Присутните имаа можност да се регистрираат и да добијат сертификат за едно од предавањата.

Ивица Пешовски

Професорот Ивица Пешовски даде одговор на прашањето како „Гугл мапс“ одлучува кoja е најдобрата рута за патување? – односно како навигациските системи одлучуваат кој пат да ви го препорачаат преку анализа на работата на Дајкстриниот алгоритам (Dijkstra). Но, неговото предавање на идните студенти им даде слика за тоа како ќе изгледаат предавањата на колеџот, и дека секоја лекција ќе биде изучувана преку реален пример за да може подобро да ја разберат и најважно, знаењето да го применат веднаш.
Ова е само еден од принципите што го прави првиот практичен ИТ факултет кај нас, поразличен од другите.

Покрај него, интересно предавање имаше и професорот Петар Јолакоски на тема „Случајно пребарување и митот за целите“. Неговото излагање даде одговор на прашањата: Зошто модерниот живот се врти околу целите, како случајните пронајдоци може да доведат до големи резултати и постои ли “рецепт” за голем успех.

Петар Јолакоски

Горјан Поповски пак, ја разреши дилемата дали вештачката интелигенција (AI) може да ги замени диjагностичарите. 

Преку видеоконференциска се приклучи и реномираниот меѓународен експерт Дамјан Обал, кој има богато работно и истражувачко искуство од областа на интерактивен графички UX дизајн и компјутерски науки. Тој ги детектираше и објасни најинтересните митови поврзани со UX дизајн, а посетителите со одушевување го следеа.

Горјан Поповски
Дамјан Обал се приклучи онлајн

Многу позитивни реакции предизвика и инспиративната успешна приказна на Петар Ниновски – основачот на Brainster, едукативниот центар кој веќе 7 години овозможува професионална едукација градење на кариери во дигиталните индустрии и е воедно основач на Brainster Next колеџот. 

Ниновски на присутните искрено им раскажа како неговото успешно предвидување за идната потреба од поквалитетно образование во tech- областа, му помогнало да ја основа и развие сега најуспешната компанија за неформално образование во земјава – Brainster.

Тој објасни и зошто со неговиот тим решиле успесите да ги повторат и во формалното образование и како дошле до идејата да обезбедат можност за квалитетно образование за секој млад човек преку финансиската можност „Студирај сега плаќај по вработувањето“.
Ниновски на присутните им зборуваше за тоа НЕ како се постигнува успех на брз начин, туку како се постигнува успех со многу труд, работа и учење.


„Ако сакате да успеете во животот, мора да работите повеќе од луѓето околу вас. Искористете ги моментите кога вашите блиски се забавуваат за време на викенди или кога колегите одат порано од работа, да дадете плус час или два, затоа што тоа ќе ве однесе поблиску до таа посакувана кариера или успех“, ги советуваше Ниновски присутните на Отворениот ден.

Петар Ниновски



Практичен факултет со многу работа на реални проекти


Генаралниот менаџер на Brainster Next College, Александар Клашниновски пак објасни кои се предностите да се учи на практичен факултет, работа на реални проекти и во мали групи, како и што значи за студентите да бидат менторирани од професори практичари.


„Ние веруваме во она што го работиме, затоа и правиме инвестиција од 2,5 милиони евра за наредните 5 години со цел да овозможиме пристапно и квалитетно високо образование за идните студенти. Ние знаеме дека секој што ќе заврши на овој факултет ќе може да одговори на сите предизвици и дека ќе се вработи кај некоја од нашите многубројни партнерски компании. Тие, покрај вработување, ќе нудат пракса и ќе овозможат реални проекти за нашите студенти“, рече Клашниновски.

Александар Клашниновски


На настанот присуствуваа и дел од Co-Innovation & Hiring партнерите на Brainster и на Brainster Next College што ќе обезбедуваат пракса, реални проекти и вработување за студентите, како и експерти како гостински предавачи во рамки на предметите.
Идните студенти и сите присутни на Отворениот ден имаа можност да дознаат повеќе од претсавниците и презентациите на Dept, IT Labs, Valtech, Atis, Melon, Allmyhomes.



Роботчето Нео ги пречекуваше гостите

Она што може да го очекуваат идните студенти на Brainster Next College како прв практичен ИТ факултет во нашата држава е едно сосема поинакво студентско искуство:

  • Работа во мали групи и индивидуален пристап кон секој студент
  • Student Success тим посветен во тек на целокупното студентско искуство на студентите
  • Менторски пристап од професорите при учењето
  • Студиска програма која се фокусира на практичната употреба на знаењето наместо на теорија
  • Обезбедена пракса во текот на студиите и многу можности за вработување по дипломирањето

Конкурсот за уписи е отворен, и местата на факултетот брзо се пополнуваат!



Преземи го првиот чекор кон успешна кариера во програмирање и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.

Join Generation Next – и преземи го првиот чекор за квалификација за уникатниот финансиски модел Студирај сега, плаќај по вработувањето преку решавање на онлајн тестот за компетенции!

Местата се ограничени, затоа закажи средба сега!

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Се пополнуваат последните места на двете студиски програми!

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!