Контакт

Фасциниран сум од промените кои го движат светот напред

Во серијалот Запознајте ги студентите на Brainster Next College, ви ги претставуваме нашите први запишани студенти. Филип Ѓоргичков од Радовиш, средното училиште го завршил во Струмица, во гимназијата „Јане Сандански“. Тој ни раскажа дека ќе го памети по прекрасната дружба и добри моменти поминати со неговите соученици.
zapoznaj-gi-studentite-filip-gjorgickov | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share
Share on facebook
Share on linkedin

Филип Ѓоргичков од Радовиш е уште еден студент што се придружува на Brainster Next семејството. Интересот за ИТ областа кај него се разбудил уште во основно училиште, кога почнале да изучуваат програмски јазици.
Верува дека може многу да постигне во оваа област и се радува што наскоро ќе ги запознае и останатите студенти со кои ќе прават планови за подобрување на општеството со помош на технологијата. 

Филип, средното училиште го завршил во Струмица, во гимназијата „Јане Сандански“.  Ни раскажа дека ќе го памети по прекрасната дружба и добри моменти поминати со неговите соученици, како и поддршката и стекнатото знаење од одредени професори. Кога би можел нешто да смени во македонското образование најпрво би го намалил бројот на предметите и би им дал можност на учениците сами да ги бираат предметите во зависност од тоа што планираат да студираат.



Дознајте зошто Филип сака да студира на програмата Софтверско инженерство и иновации.


Филип, ти си еден од нашите први запишани студенти на Brainster Next College. Зошто го избра, како слушна за нашата нова акредитирана програма и какви се твоите очекувања?

– За Brainster Next College разбрав од мојата мајка која дознала преку социјалните мрежи и го одбрав бидејќи сакам да студирам софтверско инженерство и иновации. Моите очекувања од колеџот се големи, а пресудно за одлуката беше начинот на студирање и можноста за многу пракса на реални проекти.

Што најмногу те привлекува кога е во прашање Софтверското инженерство и иновации, зошто одбираш кариера во овој правец?

– Најмногу ме привлекува подеталното изучување на областите кои ги опфаќа Софтверското инженерство и иновации, и одбрав да градам кариера во овој правец, бидејќи таму ја гледам иднината.

Што ти се допаѓа најмногу од студиската програма на Brainster Next College, предметите, наставниот кадар, праксата и што сметаш дека ќе ти биде најголем предизвик за совладување?

– Предметите се доста интересни, ми се допаѓа тоа што ќе имаме повеќе пракса и ќе работиме под менторство на професорите со кои мислам дека ќе имаме одлична комуникација и соработка. 

Какво е твоето претходно предзнаење за ИТ областа?

– Во основно училиште се запознав со мојот прв програмски јазик Scratch. Тоа е визуелен програмски јазик и беше доста интересен за изучување. Во средно го изучувавме C++ и имам желба понатаму да си го зголемам своето знаење.

Какви личности те инспирираат во животот?

– Мене ме инспирираат успешни луѓе, кои се сестрани и во иднина се гледам како еден од нив. Скоро дознав за David Goggins, кој ме инспирира преку неговата напорна работа во повеќе области, а најмногу ме мотивира со неговото мото: „Одмарај кога ќе завршиш, не кога си уморен“.

На што си најмногу посветен имаш ли можеби некое интересно хоби?

Многу сум посветен на бодибилдинг, кое на почетокот започна како хоби. Исто така изучувам странски јазици, читам книги, а во слободно време возам мотор.

Tech – индустријата навистина многу го промени светот и животот на младите. Како гледаш на промените што се случуваат на ова поле, те фасцинираат, те плашат?

– Tech – индустријата го промени светот и животот на сите луѓе, не само на младите. Промените ме фасцинираат, бидејќи го движат светот напред и нудат нови можности.

Дали ќе ја искористиш можноста „Студирај сега плаќај по вработување“. Што мислиш за оваа привилегија што ја нуди Brainster Next College?

– Голема благодарност до Brainster Next College, кој е единствен во нашата земја што нуди ваква можност. Јас, лично ќе ја искористам, со што ќе им олеснам на моите родители во текот на студиите, бидејќи нема да плаќам ништо додека студирам.

Ти си млад човек што засега одлучил своето образование да го продолжи во Македонија. Какви се твоите планови за после завршувањето на студиите, се гледаш успешен тука или можеби надвор од земјава?

– После завршувањето на студиите во зависност од понудените можности, ќе одлучам дали ќе продолжам да ја градам мојата кариера во Македонија или во странство.

Уписот на првиот акредитиран ИТ колеџ во земјава, Brainster Next е во тек. Отворена е и можноста за уникатниот модел на плаќање „Студирај сега плаќај по вработување“, а првиот чекор е регистрација и решавање на компетитивниот тест.

Интересот е голем и бројот на места –ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Share

Share on facebook
Share on linkedin

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Join Generation Next! Реши го тестот за компетенции и „Студирај сега-плаќај по вработување!“

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!