Дамјан Обал е еден од професорите на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) кој своето богато работно и истражувачко искуство од областа на интерактивен графички UX дизајн и компјутерски науки ќе им го пренесе на нашите студенти што ќе изучуваат Софтверско инженерство и иновации.
Воедно, Дамјан ќе одржи и едно од предавањата на Отворениот Ден на Brainster Next College! Регистрирајте се на овој настан и посетете го предавањето на тема: UX myth busters – What’s the fuzz with this UX? – What makes users go Woo! or Boo?
Тој живее и работи во Норвешка и има над 20 години работно и истражувачко искуство во областа на интерактивен графички и UX дизајн во Западна Европа, како и два докторати од реномирани светски универзитети – едниот конкретно во полето на Game & Interactive Media Design (University of Lapland), a другиот – HCI & UX на Универзитетот во Марибор.
Вака се опишува себеси и додава дека имал најголема среќа што можел да патува по светот и да им помага на многу дизајн и истражувачки тимови да пораснат и да се развијат.
Два докторати на врвни универзитети
После завршувањето на гимназијата со акцент на латински и антички грчки јазик, добил голема желба да стане новинар или како што вели тој – wordsmith. Токму во тој период во неговата Словенија се отворил нов Универзитет за медиуми и комуникации. Вели дека го привлекло веднаш, но особено делот за интерактивни графички комуникации. Во текот на студиите се „заразил“ со теми поврзани со интеракцијата човек-компјутер (HCI).
Затоа и докторирал компјутерски науки на Универзитетот во Марибор и паралелно на University of Lapland во Финска. Неговата теза што ја бранел на Универзитетот во Марибор зборува за начините за интегрирање на секојдневните корисници во процесот на дизајнирање на вградени системи. Дамјан објаснува дека работел со посебни кориснички групи, како на пример неговите родители. И заедно ги ко-дизајнирале уредите во кујната и бањата.
Успеал да развие нова агилна интерактивна методологија што ја нарекол EPUI (Explore, Participate, Understand, Integrate), што е валидирана во повеќе партнери од индустријата како „Горење“, „Искрател“, Deutsche Bahn.
За докторската дисертација што ја работел во Финска, повеќето од неговите докторски проекти и работа биле направени на University of Lapland на Факултетот за уметност и дизајн. Бил вклучен во интермедија проекти и проекти кои се занимаваат со нови кориснички интерфејси и истражување и дизајн на корисничко искуство. Сето тоа во комбинација со светски познатото скандинавско дизајнерско размислување.
Неговите најважни академски истражувања и трудови може да се најдат тука.
Дамјан е многу активен на конференции и настани што се важни за неговата област како:
https://interaction14.ixda.org/program/saturday/201-a-story-a-day-keeps-the-doctor-away.html & World Usability Congress https://worldusabilitycongress.com/ .
Преку внатрешните истражувачки позиции во Cisco, Pexip и компанијата во која сега работи- Cognite, тој е одговорен за соработка со академските институции и други индустриски партнери. Неговиот претходен фокус на истражување бил во делот на соработка и функционирање на тимови со високи перформанси. Но, во Cognite, се фокусира на data enablement и зајакнување.
Нетипичен кариерен развој
Со неговото долгогодишно работно искуство во многу компании Дамјан има навистина на што да биде горд. Но, вели дека најмногу се гордее со фактот дека секогаш се потпирал на силната волја и упорноста. Така „заработил“ сѐ.
Ова се моментите од неговата досегашна кариера во индустриите на кои е најгорд:
- Videotop / Future Publishing – editor
Ова била неговата прва вистинска работа како уредник. Ова е местото и каде ја разбудил во себе пасијата за дизајн. А како? Бил уредник преку ден, а дизајнер преку ноќ, бидејќи колегата што дизајнирал се разболел.
- Challenge: Future – UX all-rounder / creative
На многу млада возраст и со многу мало искуство, силен тим на лидери му дале доверба и голема одговорност. Успеале да ја изградат една една од најактивните невладини организации која потоа поттикнала илјадници паметни млади луѓе ширум светот.
- 24alife https://www.24alife.com/ – UX lead, later Head of UX
Откако го одбранил докторатот, се приклучил на глобална компанија за здравствена технологија која имала заедничка инвестиција со Mayo Clinic, IBM и локалниот ИТ гигант. Тука, за првпат било побарано од него да изгради и да менторира тим од дизајнери и истражувачи.
- Edgar http://edgartells.me/ – Founder & CEO
Тука за првпат е основач на стартап. Изградиле фантастичен storytelling toolbox и пазар за мали бизниси. Но, иако стартапот заработил многу пари, Дамјан излегол од бизнисот пред тој навистина да „полета“. Научил, на потешкиот начин, дека многу повеќе ужива да гради отколку да продава.
- Bwin / Entain, bwin.com , https://entaingroup.com/ – Head of UX
Преземал мал тим од 5 UX дизајнери во Виена и ги пораснал во тим од 25 вработени и повеќе од 20 консултанти на 5 локации во светот. За двете години колку што бил таму, научил како да работи и да се прилагодува во размери и со екстремно темпо. Испраќале производи кои имале милиони трансакции во минута. И тоа во речиси секоја земја во светот.
- Cisco Webex https://www.webex.com/ – Design Research Lead
Во оваа компанија решил да се одмори од управувањето на тимови и се вратил на истражувачките корени. Темелно уживал во овие две години развивајќи нови колаборативни уреди. Работата со хардвер, со дизајнери и инженери во иста зграда, е она што го прави среќен. Бил дел од тимот кој дизајнирал нови производи од нула, и бил многу горд што неговото истражување на теренот помогнало да се обликуваат.
Дамјан во моментов е главен истражувач во Cognite, норвешка компанија за развој на софтвери за многу индустриски компании.
Дознајте повеќе од Дамјан, какво важно искуство ќе им пренесе на студентите:
Зошто е важно студентите од ИТ областите да учат за UX дизајн?
Едноставно e, ние дизајнираме, градиме и испраќаме производи и услуги кои се за луѓето. A, UX (user experience) е всушност разбирање на потребите на нашите корисници и задоволување на тие потреби со релевантни производи. Секој во ИТ областа, без разлика дали станува збор за back-end програмер, научник за податоци или веб-девелопер, треба да биде запознаен, барем со основните принципи кои ги прават нашите производи повеќе усогласени со очекувањата на корисниците.
Најважниот совет за студентите на Brainster Next College:
Вие не сте вашиот корисник – You are not your user. Ова значи, никогаш не претпоставувајте дека точно знаете што им треба на корисниците. Секогаш настапувајте со отворен ум, гладни за информација и бидете подготвени да учите од сегашните до идните корисници.
За секој предавач и професор е предизвик да се добие довербата од студентите. Кој е најуспешниот метод?
Како што вели и самото клише – довербата се заработува. Силно верувам дека најдобриот начин да ја заработите е да ги натерате луѓето да видат зошто можат или треба да ви веруваат. Тоа се постигнува со практична работа и цврсти докази. Без оглед дали станува збор за практична работа, реални случаи или идеално, кога ќе ја стават теоријата на тестирање самостојно.
Која е книгата што имала големо влијание на кариерата?
Ќе издвојам две книги на кои секогаш им се навраќам за инспирација. И двете, на свој начин го обликувале начинот на кој размислувам.
Совет на кој секогаш му се навраќаш кога треба да донесеш важна одлука:
Ова е совет од моите стартап денови кога постојано ни се кажуваше: Do your homework!
Денеска ова се однесува на нештата како: направи ги компетитивните анализи, направи го секундарното истражување, направи го интервјуто со стејкхолдерот, истражи пред да се фрлиш на дизајн… ја разбирате поентата!
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера во програмирање и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.
Join Generation Next – и преземи го првиот чекор за квалификација за уникатниот финансиски модел Студирај сега, плаќај по вработувањето преку решавање на онлајн тестот за компетенции!
Местата се ограничени, затоа закажи средба сега!