Brainster Next College го објави конкурсот за запишување на студенти на прв циклус студии во учебната 2022/2023 година

Првиот практичен ИТ факултет кај нас – Brainster Next College го објави конкурсот за запишување на студенти на прв циклус студии во учебната 2022/2023 година.
konkurs-za-upis-2022-2023 | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share
Share on facebook
Share on linkedin

Brainster Next College го објави конкурсот за запишување на студенти на прв циклус студии во учебната 2022/2023 година.

Првиот практичен ИТ факултет за апликативни студии во областа на информатичките технологии – Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) оваа учебна 2022/2023 година ќе запише вкупна квота од 75 студенти во првата година на студии, на акредитираната студиската програма по Софтверско инженерство и иновации. Програмата е во времетраење од 3 години и по дипломирањето, студентите ќе се стекнат со 180 ЕКТС и диплома за завршени додипломски студии скадемски назив: Дипломиран инженер по информатички технологии – софтверско инженерство и иновации.

Покрај тоа што студиската програма е креирана во соработка со компании од ИТ индустријата и според реалната потреба за квалификувани кадри во областа на информатичките технологии, истата ќе нуди и практично и применето образование преку современа методологија, работа на реални проекти и пракса кај партнерски компании.

Отворен ден за студенти и родители

Те покануваме на Отворен ден на Brainster Next College кој ќе се одржи на 25 август 2022 (четврток) со почеток во 15:30 часот во просториите на Brainster.

Зошто да дојдеш на Отворениот ден:

  • Посети едно или повеќе интерактивни предавања од страна на експерти во својата област и добиј сертификат за учество;
  • Запознај го тимот на Next и слушни ја инспиративната успешна приказна на Петар Ниновски – основачот на Brainster и зошто го започнавме Brainster Next
  • Посети кариерно советување и дознај дали професијата во ИТ светот е вистинскиот избор за тебе со помош на нашите кариерни советници;
  • Добиј ги сите потребни информации за упис на колеџот и финансискиот модел „Студирај сега, плаќај по вработувањето!“

Регистрирај се, дојди и дознај што го прави Brainster Next College поинаков од останатите, а воедно искуси и дел од практичната интерактивна настава заедно со експертите од применетите ИТ студии по „Софтверско Инженерство и иновации“.

Студирај сега, плаќај по вработувањето

Brainster Next College нуди повеќе можности за плаќање на годишната школарина, меѓу кои и уникатниот модел за финансирање на студиите „Студирај сега, плаќај по вработувањето“, кој им овозможува на студентите да студираат за 0 денари трошоци во текот на целите студии, и да почнат со отплаќање на школарината на бескаматни рати дури по дипломирањето или вработувањето.

Со тоа, овој проект, прв и единствен од ваков тип кај нас, им нуди шанса на сите матуранти и млади лица да се запишат на додипломски студии по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College да немаат никакво финансиско оптоварување за време на целокупните студии.

Воедно, ова е единствениот концепт за финансиска поволност за студентите кој не се базира на рангирање и пресметки за минатиот труд (оценките од средното образование и резулатите од полагањето на државната матура) туку напротив, на нивните компетенции, способности, афинитети и желба да се постигне повеќе и да се напредува.

Нема да имате финансиско оптоварување додека студирате и ќе добиете и план за отплаќање на школарината до 36 рати (без камата) по дипломирање или вработување.

Сé што треба да направите е да се регистрирате и да го решите квалификациониот тест кој е поставен на нашата платформа, а понатаму во зависност од вашите резултати ќе бидете контактирани од нашиот тим со цел продолжување кон наредните чекори.

Пријавувањето на кандидатите за упис на факултетот се врши во целото времетраење на конкурсот, а првиот уписен рок се затвора на 01 октомври 2022.


Целиот конкурс можете да го прочитате ТУКА.


Во врска со уписите, можете да нé контактирате на [email protected], на +389 70 239 915 или пак преку апликација на нашата веб страница next.edu.mk

Уписот на првиот акредитиран ИТ факултет во земјава, Brainster Next College е во тек. Отворена е и можноста за уникатниот модел на плаќање „Студирај сега плаќај по вработување“, а првиот чекор е регистрација и решавање на компетитивниот тест.

Интересот е голем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Share

Share on facebook
Share on linkedin

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Префрли се на Brainster Next College! Можност за трансфер до 15 октомври!

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!