Уметнички души што сонуваат да станат tech-иноватори

Во серијалот Запознајте ги студентите на Brainster Next College, ви ги претставуваме нашите новозапишани студенти. Петар и Стефан се уметнички души кои сонуваат да отворат својата ИТ компанија откако ќе дипломираат на колеџот.
zapoznaj-gi-studentite-stafan-hadzi-eftimov-petar-gjorgjioski | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share

Петар Ѓорѓиоски е пијанист што сака да програмира, а во слободно време прави трикови со карти. Неговиот најдобар другар со кој израснале, Стефан Хаџи-Ефтимов знае да свири на виолина, глуми, исто така прави трикови со карти. Но, тоа што се уметнички души не им е единствен заеднички интерес. 

Тие имаат и еден сон, визија за нивната иднина – да отворат зеднички бизнис во ИТ секторот и да станат иноватори. Тоа е и причината што се запишаа на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ), на насоката Софтверско инженерство и иновации.

Практичната  настава најмногу им недостасувала во досегашното обазование, па затоа се радуваат што на Brainster Next College ќе работат на реални проекти и ќе се стекнат со употребливо практично знаење. 


Секако дека има негативни и позитивни страни во образованието, на пример посветените професори кои се вложуваат за да пренесат квалитетно ообразование. Генерално, кога би можел, би го променил начинот на предавање, односно би вовел повеќе практична работа и повеќе професионализам“, вели Петар


Најголем предизвик во средното образование сметам дека е останувањето на истото, односно не продолжуваме со иста желба со којашто сме се запишале. Насоката на која се запишуваш и крајниот резултат што го добиваш не се поклопува. Како што спомна Петар, и јас би вовел повеќе практична настава.  На тој начин би бил за чекор поблиску до посакуваната насока“, вели Стефан.



Петар, заврши музичко образование. Во какви сеќавања ќе ти остане средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“ и на кој начин ќе продолжиш со музиката?

Напорна работа и убави дружби. Бев на теоретска насока и секој предмет за себе е предизвик, а секако пијаното ми е прва љубов. Продолжувам со музиката при дружби, за релаксирање, кога ќе ми треба концентрација.

Доказ си дека музика и програмирање може да одат чекор во чекор. Од каде желбата за програмирање, како се разви овој интерес?

Петар: Уште кога го добив првиот компјутер бев фасциниран од сето тоа што може да направи, но најмногу од игрите. Првпат направив своја игра на мои 10 години, која иако беше многу едноставна ме воведе и ме навлече на програмирањето.

Разбравме и дека работиш програмирање. Каде поконкретно, раскажи ни нешто повеќе за ова?

Петар: Моментално сум Full Stack практикант во Personaл Programmer, каде работам на веб – решенија.


Стефан, ти си матурант од средното „Михало Пупин“. Со какви спомени ти продолжуваш во однос на средното образование?

Стефан: Во однос на средното образование продолжувам со делумно убави, но и делумно лоши спомени. Убави поради зголемување на интересот во ИТ сферата, а негативни поради недоволна пракса којашто сметам дека е доста битна во секое образование.

Од каде потекнува желбата за програмирање и интересот кон ИТ областа, гледаш ли просперитет тука?

Стефан: Желбата и интересот започнаа уште од основно училиште со некои основи на програмирањето во “C++” и “Scratch”, а потоа продолжија со учење на “Python” во средно училиште.

Зошто го избравте Brainster Next College и програмата за Софтверско инженерство и иновации, како разбравте за нас?

Петар: Brainster (Бреинстер) ги следам веќе подолго време и имав слушнато позитивни искуства за нивните академии и кога ја видов рекламата за колеџот и ја прочитав програмата, иако сум веќе навлезен во програмирање, се решив да аплицирам бидејќи програмата опфаќа голем дел од тоа што ме интересира и што сакам да го работам во иднина.

Стефан: Во период кога барав факултет ми излезе спонзорирана реклама за Brainster Next, разгледав и видов дека станува збор за добро обработена програма и тоа ме убеди да аплицирам. И насловот на самата програма звучи примамливо “Софтверско инженерество и иновации”.

Што ви се допаѓа најмногу на оваа студиска програма, предметите, наставниот кадар, праксата…Што ќе ви биде најголем предизвик?

Петар: Најмногу сум возбуден за програмата и за праксата, но исто така и за новиот модел на колеџ кој прв пат се воведува во Македонија. Најголем предизвик ќе ми биде успешно совладување на програмата.

Стефан: Најмногу ми се допаѓа програмата како е смислена голем обем на материјал е опфатено и секако целиот опфатен со практична настава. Најголем предизвик е совладување на програмата.

Дали ќе ја искористите можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“, што мислите за оваа понуда која е прва од ваков тип во Македонија?

Петар: Секако дека ќе ја искористам, таа е одлична понуда бидејќи нуди можност за секого.

Стефан: Сметам дека е супер понуда за сите млади што сакаат сериозно да се посветат само на учењето. Секако дека ќе ја искористам таа можност.


Што ви е најважно кај еден професор, имаше ли некој што ве инспирираше досега и какви ментори би сакале да имате на Brainster next колеџот?

Петар: Според мене најважно е професорите да бидат посветени, достапни и отворени за соработка.

Стефан: Желба за споделување на знаење мислам дека е доволно.


Петар, за тебе знаеме дека сакаш музика и дека заедно сте учеле во нижо музичко училиште. Стефан, тебе голема љубов ти е и глумењето, си играл во многу претстави во Театар Чекори. Што ве инспирира во животот, на што сте најмногу посветени, имате ли можеби некое интересно хоби?

Петар: Мојата инспирација моментало е напредокот на технологијата и целта ми е да бидам дел од тој напредок. Најмногу сум посветен на мојот професионален и социјален живот. Во слободно време освен со музика, моето хоби е правење на трикови со карти.

Стефан: Најмногу сум посветен на моето знаење и кариера. Хоби ми е и правење трикови со карти и сакам спортување и надворешни активности.

Какви се вашите планови за иднина откако ќе дипломирате?

Петар:
Мојот план е да напредувам во кариерата, а најдобро би било да отворам своја фирма за развивање на игри.

Стефан: Прво напредок и усовршување на своите знаења во некоја фирма, па потоа отворање сопствена ИТ компанија.

Како што можеш да забележиш, најдобро се студира во друштво! Дојди заедно со твојот “study buddy“ на Oтворениот Ден на Brainster Next College! и дознајте што го прави нашиот факултет поинаков од останатите!

Уписот на првиот акредитиран ИТ колеџ во земјава, Brainster Next College е во тек. Отворена е и можноста за уникатниот модел на плаќање „Студирај сега плаќај по вработување“, а првиот чекор е регистрација и решавање на компетитивниот тест.

Интересот е голем и бројот на места –ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!



Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!