Пред да се одлучите дали ова е вистинскиот начин на учење за вас, најдобро е да ги увидите сите предности и недостатоци:
Што всушност е учење преку мобилен телефон (m-learning)?
Учењето преку мобилен телефон овозможува пристап до информации достапни на интернет кои треба да ни помогнат во едукативниот процес.
Многу училишта и факултети го поддржуваат концептот на е-учење и мобилно учење бидејќи сметаат дека доколку се користи правилно, тоа ќе биде забавно и корисно во исто време.
Покрај за учениците и студентите, учењето преку мобилен може да биде корисно и за повозрасните, односно професорите. Сепак, најважниот дел од учењето преку мобилен телефон е достапноста на информации на едно место.

Како учењето на мобилен телефон стана дел од образованието?
Учењето на мобилен телефон својот тренд го започнува во 2000 година. Благодарение на присутноста на технологијата во нашите животи, користењето на мобилниот телефон за учење сосема природно си го завзема своето место.
Воведување на песоналниот компјутер ги натера училиштата и учениците да ја зголемат употребата на електронски уреди за учење.
Со тек на време телефоните станаа дел од секојдневието на учениците, кои користејќи ги за да гледаат видеа, да решаваа квизови или да следат online курсеви, започнаа да ги користат и за едукација.

Предности на учење од мобилен телефон
- Пристап до учење секаде и во кое било време:
Учењето со мобилен телефон се одвива преку интернет. До знаење може да се пристапи секаде и во секое време.
- Не е важно каде се наоѓате
Без разлика каде се наоѓате во моментот, пристапот до информации секогаш е истиот без разлика на локацијата или временската разлика.
- Разновидни содржини
Интернетот е место кадешто може да се најдат сите информации кои ни се потребни за учење и повеќе од тоа. Денес, имаме избор на милиони информации кои се релевантни за нашите интереси.
- Забавно учење
Постојат многу едукативни апликации кои можете да ги користите за учење и за проверка на вашето знаење (квизови, тестови) на дневно, неделно и месечно ниво. Ваквиот начин на учење се покажал како доста забавен процес.
- Го проверува Вашето знаење
Апликациите кои содржат квизови и тестови, ви помагаат да го проверите своето знаење, а и во исто време и да научите нови работи.
Недостатоци на учење од мобилен телефон
- Проблеми со софтверот
Иако ни се чини дека животниот век на софтверот е долг, има многу фактори кои влијаат врз неговото работење.
Развојот на нови апликации, нивна нова верзија, или пак надградба, создаваат проблеми за негово непрекинато функционирање кое резултира со потешкотии да учите преку вашиот мобилен телефон.
- Проблеми со хардверот
Физичките делови може да се оштетат од прекумерна употреба, грубо користење,итн. Без нив, користењето на вашиот мобилен телефон нема да биде возможно.

- Невнимание
Додека го користите вашиот мобилен телефон за учење, изложени сте на дистракции како користење на социјални мрежи да разговарате со своите пријатели, да споделите слика или видео или пак да играте некоја видео игра.
- Злоупотреба на мобилниот телефон
Една од негативните работи на учење од мобилните телефони е нивната злоупотреба за забава во време кога треба да се учи.
- Недостаток на интернет конекција или електрична енергија
Оваа можност најчесто ја поврзуваме во рурални места кадешто користењето на струја и интернет не е толку широко распострането.
Учењето на мобилен телефон е тука да остане, а неговите придобивки се доказ дека формалното и неформалното образование ќе го имплементираат неговото користење се поинтензивно.
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера во програмирање и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.
Join Generation Next – и преземи го првиот чекор за квалификација за уникатниот финансиски модел Студирај сега, плаќај по вработувањето преку решавање на онлајн тестот за компетенции!
Местата се ограничени, затоа закажи средба сега!