Валериа Лапческа е матурантка од средното училиште „Ѓорче Петров” од Прилеп, која се запиша на Brainster Next College бидејќи сака да учи софтверско инженерство преку иновативна студиска програма, практична настава и професори што несебично споделуваат знаење и искуство. Таа ни раскажа дека на средното училиште ќе ја потсетуваат многу убави моменти, со љубов ќе се сеќава на посветените професори, но за жал и ќе го памети и по малку поминато време во училиштните клупи поради пандемијата.
Валериа е една од нашите први запишани студенти на Brainster Next College. Да ја запознаеме подобро!
– Сакам во иднина да работам со најдобро стекнатото знаење и во професија која има иднина. За Brainster Next College дознав кога ги разгледував сите понуди од факултети и академии кои се поврзани со информатика. Со сите информации и поволности кои ги прочитав, добив мотивација да студирам Софтверско инженерство. Сепак, го решив тестот и резултатот беше меѓу првите пет најдобри. Тоа ми беше знак дека мојата иднина треба да ја ставам во рацете на Brainster Next College.
Што најмногу те привлекува кога е во прашање софтверското инженерство, зошто одбираш кариера во овој правец и што беше пресудно во твојата одлука?
– Софтверско инженерство одбирам бидејќи сум свесна дека тoa е областа на иднината, нешто што ме интересира. Исто така е динамична сфера која постојано се менува и бара постојано учење и тоа ми е предизвик.
Brainster Next College нуди иновативна образовна програма, во чиј главен фокус се студентите и нивните потреби, со ментори кои ќе ги следат постојано и ќе им пружаат поддршка. Што сметаш дека ќе ти биде најголем предизвик за совладување?
– Во студиската програма на Brainster Next College нешто што најмногу ме привлекува е што се нуди пракса. Сметам дека за еден студент најдобро да научи треба да се соочи со реален проект, особено за нашата насока. На ова најмногу се радувам, на можноста да работиме на реални проекти и многу практична настава. Ќе работиме и во помали групи на проекти, тоа многу ми се допаѓа исто така. Имам навистина големи очекувања.
Какво е твоето претходно предзнаење за ИТ областа, како всушност ја засака оваа област?
– ИТ областа отсекогаш ми била интересна. Моето слободно време го поминувам пред компјутер или лаптоп и константно собирање на нови информации.
Откриј ни нешто за себе, што те инспирира во животот, на што си најмногу посветена имаш ли можеби некое интересно хоби?
– Најмногу ме инспирира личноста која сакам да бидам во иднина и ќе се трудам да го направам тоа од себе. Стекнувам навика секој ден да вложувам во себе, да истражувам, за во иднина да можам успешно да ја обавувам мојата професија. Сакам да се дружам со пријателите во слободно време, да слушам музика, да гледам филмови.
Каде се гледаш себеси во иднина, што би сакала да постигнеш?
– Валериа Лапческа дипломирана на Brainster Next College! Успешна во мојата работа и исполнета од професијата.
Tech – индустријата навистина многу го промени светот и животот на младите. Како гледаш на промените што се случуваат на ова поле, те фасцинираат, те плашат?
– Tech-индустријата навистина го промени светот и животот на луѓето, но пред сѐ многу им го олесни. Мислам дека често луѓето не се свесни колку технологијата и опто, оваа технолошка индустрија им помага, па затоа и ја критикуваат. Воопшто не ме плаши овој напредок, затоа и навлегувам во оваа област.
Една од најголемите поволности што ја нуди Brainster Next College е финансиската поволност „Студирај сега, плаќај по вработување“. Што мислиш за овој проект?
-Ова е одлична шанса за многу идни студенти. А воедно, добро е и за нашата држава, бидејќи на ваков начин може да се задржат идните генерации тука. Сметам дека е многу добро за студенти кои сакаат навистина со љубов да се школуваат, а немаат финансиска можност за квалитетно образование.
Уписот на првиот акредитиран ИТ колеџ во земјава, Brainster Next е во тек. Отворена е и можноста за уникатниот модел на плаќање „Студирај сега плаќај по вработување“, а првиот чекор е регистрација и решавање на компетитивниот тест.
Интересот е голем и бројот на места –ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!