Search
Контакт

Запознај ги професорите – Томи Бошковски

Покрај квалитетната студиска програма, од особена важност за една високообразовна институција е всушност наставниот кадар кој го пренесува знаењето и е одговорен за прогресот на студентите. Токму затоа го започнавме серијалот - Запознај ги професорите. Биомедицинскиот инженер Томи Бошковски ќе го предава предметот Бази на податоци.
zapoznaj-gi-profesorite-tomi-boskovski | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share

Студентите на Brainster Next College ќе ја имаат привилегијата за професор да го имаат биомедицинскиот инженер Томи Бошковски чие поле на научен интерес е невронаука, магнетна резонанса, конектомика и машинско учење.

Неговото извонредно работно искуство и импресивните постигнувања во науката ќе им ги пренесе на студентите по Софтверско инженерство и иновации каде ќе го предава предметот Бази на податоци.

Бошковски ни раскажа дека отсекогаш бил обожавател на научната фантастика. Исто така една од неговите карактерни особини е љубопитноста, да разбере како функционираат нештата, а воедно и да го запознае непознатото.

„Мислам дека љубопитноста е една од фундаменталните особини која ја придвижуваат науката. Следствено на тоа, некако природно дојде да навлезам во непознатото и да го истражувам. А што се однесува на тоа зошто компјутерските науки, мислам дека нив ги избрав баш поради фактот дека знаењата добиени во оваа област, можат да бидат применети во многу други различни области, во мојот случај медицината“, вели тој.

Импресивна едукација – спој на информатика со медицина

Своите студии ги започнува во 2010 година на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, во Скопје. Тој дипломира во 2014 година со одбрана на дипломската теза насловена како: „Анализа на функционалната поврзаност во мозокот од rs-fMRI податоци“ под менторство на Академик проф. д-р. Љупчо Коцарев. Тој во својата теза прави примена на статистички методи и методи од областа на машинското учење врз податоци добиени од функционална магнетна резонанца, со цел да ги открие промените во функционалната поврзанот во мозокот кај пациенти со биполарно нарушување. Во својот труд тој покажува дека пациентите со биполарно нарушување имаат намалена мозочна активност во различни региони од мозокот. 

По завршувањето на додипломските студии,  во 2014 година се запишува на магистерски студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство на програмата Биоинформатика. Студиите ги завршил во 2015 година, со просечен успех 10.00. Тема на неговиот магистерски труд е „Анализа на мозочни податоци со помош на мултиплекс мрежа и класификација на невролошки заболувања/нарушувања“ кој ја прави под менторство на Академик проф. д-р. Љупчо Коцарев. Тој во својот магистерски труд прави развој на нов модел на мозочната поврзаност преку мултиплекс мрежи кој прави комбинација на структурната и функционалната поврзаност во мозокот. Исто така тој развива и модел за клаификација кој класифицира пациенти според нивното невролошко заболување или нарушување, врз основа на тополошката организација на мрежата на поврзаност во мозокот.

Во август 2016 година тој се запишува на трет циклус (докторски) студии по биомедицинско инженерство на Политехничката школа при Универзитетот на Монтреал во Канада под менторство на проф. д-р. Никола Стиков.  На почетокот на 2021 година тој успешно ја одбранува неговата докторска дисертација на тема: „Миелинско-тежински конектом: Мултиплекс пристап за карактеризирање на мозочната структура и функција“ (The myelin-weighted connectome: A multiplex approach to characterize brain function and structure) и официјално се стекнал со звањето доктор на науки по биомедицинско инженерство. Во својата докторска дисертација тој работи на развој софтверски модели и имиџинг маркери кој би помогнале при рана идентификација на неуроинфламаторни и неуродегенеративни заболувања на мозокот како што се мултиплекс склероза и паркинсонова болест.

Поле на неговиот научен интерес е невронаука, магнетна резонанса, конектомика, и машинско учење.

Како талентиран студент, тој добива стипендија за талентирани ИТ студенти од Министерството за образование и наука во 2012 година, како и стипендија за докторска дисертација од Политехничката школа, Универзитет на Монтреал во Канада во 2017 година. Во текот на 2017 – 2019 исто така има добиено неколку стипендии од страна на Интернационалното здружение за магнетна резонанца во медицината.


Работно искуство како истражувач, инженер и предавач

Бошковски има долгогодишно мултидисциплинарно работно искуство како истражувач, асистент и инженер кој развива софтверски алатки за обработка на биомедицински податоци и оваа комбинација на искуства му овозможува цело време да е во тек со најновите трендови и технологии. Во изминатите осум години работи на повеќе позиции во научни организации, факултети и компании.

Својата кариера како научно-истражувачки асистент ја започнува во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), а истовремено ја извршува и улогата на демонстратор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство каде што бил одговорен за изведување на лабораториските вежби по предметите Вовед во информатика и Вовед во интернет. 

Како дел од неговите докторски студии ја врши улогата на асистент на Политехничката школа, Универзитет на Монтреал во Канада каде што бил одговорен за изведување на вежбите по предметот Дигитално процесирање на слики. После ова искуство, во 2019, тој продолжува како визитинг-асистент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство каде што бил одговорен за изведување на вежбите по предметот Методологија на истражувањето во ИКТ.

Во моментот е ангажиран во интернационалната компанија QMENTA Inc. каде работи како апликативен неуро-имиџинг инженер фокусиран на развој на софтверски алатки за обработка на биомедицински податоци, клинички тестирања, развој на протоколи за снимање со магнетна резонанца и научно-истражувачка работа.

Бошковски има објавено голем број трудови во списанија со висок импакт фактор во областа на компјутерските науки и биомедицинското инженерство:

Учествувал и на повеќе интернационални конференции и настани во текот на својата кариера. Меѓу позначајните можеме да издвоиме дека бил дел од организацискиот тим на конференцијата МРБалкан 2017 (http://www.mrbalkan.org/ )  која се одржала во Љубљана, Словенија во 2017 година. Исто така, во 2019 година тој станува дел од научниот организациски комитет од МРБалкан 2019 која се одржала во Софија, Бугарија. Покрај едукациската компонента, предавања од светски реномирани професори и истражувачи, цел на оваа конференција е да потикнува размена на идеи и соработка меѓу научниците од Балканот кои работат со магнетана резонанца.  

Тој исто така е и член на две меѓународни здруженија – Интернационалното здружение за магнетна резонанца во медицината (ISMRM) како и на Организацијата за мапирање на мозокот (OHBM). Тој секоја година учествува на конференциите организирани од овие здруженија (ISMRM 2017 – Honolulu, Hawaii; ISMRM 2018 – Paris, France; ISMRM 2019 – Montreal, Canada; ISMRM 2020 and 2021 – Online; ISMRM 2022 – London, UK;  2020 OHBM – Online) каде што ги презентира резултатите од неговите најнови истражувања.

За време на докторските студии Бошковски се залага за отворена наука и како работи научен соработник за science communication и тоа:

– Научен соработник за блогот на интернационалното здружение за магнетна резонанца во медицината [ 01/2017 – 12/2020 ] https://blog.ismrm.org/ 

– Научен соработник за списанието MRM Highlights [ 01/2017 – 12/2020 ] https://blog.ismrm.org/  

– Научен соработник за блогот на организацијата за мапирање на човечкиот мозок [ 06/2018 – 12/2020 ] https://www.ohbmbrainmappingblog.com/ 

Покрај тоа, тоj учествува и во развој на едукациски содржини за дифузиона магнетна резонанца за интернационалното здружение за магнетна резонанца во медицината ( https://blog.ismrm.org/2017/06/06/dwe-part-2/ ; https://blog.ismrm.org/2018/04/03/interactive-diffusion-course/

и се појавува како експерт едитор на едукациски материјали во областа на дифузина магнетна резонанца равиени од членови на Организацијата за мапирање на човечкиот мозок (https://www.ohbmbrainmappingblog.com/blog/ohbm-ondemand-how-to-diffusion-mri )

 

Запознајте го Томи Бошковски – професор на студиската програма Софтверско инженерство и иновации


Име и презиме: Томи Бошковски

Студиска програма: Софтверско инженерство и иновации

Предмети: Бази на податоци

Професија: Биомедицински инженер 

Искуство: 8+ години


Како искусен предавач и професор, дознајте од Томи, какво важно искуство ќе им пренесе на студентите:


Што го разбуди интересот за науката и пред сѐ информатиката кај тебе? Се сеќаваш ли како почна сѐ?

Отсекогаш сум бил обожавател на научна фантастика. Исто така една од моите карактерни особини е љубопитноста, да разберам како функционираат работите, а воедно и да го запознаам непознатото. Мислам дека љубопитноста е една од фундаменталните особини која ја придвижува науката. Следствено на тоа, некако природно дојде да навлезам во непознатото и да го истражувам. А што се однесува на тоа зошто компјутерските науки, мислам дека нив ги избрав баш поради фактот дека знаењата добиени во оваа област можат да бидат применети во многу други различни области, во мојот случај медицината.

Зошто е важно да се учи Бази на податоци на студиите по софтверско инженерство?

Денешните организации, без разлика на тоа дали станува збор за компании, академски институции, владини или невладини организации, не можат да работат без податоци. На многу начини, бизнисот денеска се податоците. Без податоци, бизнисите нема да имаат можност да ги менаџираат финансиите, да прават трансакции, или да ги контактираат нивните клиенти. Имајќи го ова на ум, можеме да заклучиме дека податоците се во центарот на денешните апликации. Следствено на тоа, базите на податоци се креирани за чување и организација на податоците, а истовремено да овозможат брз пристап до истите.

Најважниот совет за студентите на Brainster Next College:

Поставете големи цели, и стремете се да ги исполните. Образованието е една  инвестиција која ќе ви помогне да ги исполните вашите цели. Учете, прашувајте и забавувајте се! 

Сигурно е голем предизвик за секој предавач да се добие довербата на студентите. Кој е најуспешниот метод?

Мислам дека добивањето на довербата на студентите зависи од групата на студенти со кои работиме. Сепак, како еден од поуспешните методи би ги издвоил интерактивната и менторска настава и добрата комуникација со студентите. Исто така креирањето на релаксирана и ниско ризична средина е важен фактор за воспоставување на почит и доверба помеѓу професорите и студентите. Тоа може да се постигне со избегнување на конфликтни ситуации, негативни влијанија, и овозможување на студентите да ја превземат одговорноста за нивното учење.  

Која е книгата со најголемо влијание врз твојот кариерен развој?

“Dare to Lead: Brave Work. Tough Conversations. Whole Hearts.” by Brené Brown

“Networks of the brain” by Olaf Sporns

Омилен цитат или совет што секогаш го следиш при носење на важните одлуки: 

“Everything should be made as simple as possible but not simpler” by Albert Einstein





Преземи го првиот чекор кон успешна кариера во програмирање и
дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.

Join Generation Next – и преземи го првиот чекор за квалификација за уникатниот финансиски модел Студирај сега, плаќај по вработувањето преку решавање на онлајн тестот за компетенции!

Местата се ограничени, затоа закажи средба сега!

Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Студирај практично! Студирај IT! Последниот уписен рок за Академската '24/25 e во тек.

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!