Како сами да креирате NFT и зошто можеби нема да сакате

The Verge, направи комплетен водич за тоа како самите да си креирате свој NFT( Non-fungible token) и сите скриени трошоци. Откако во март 2021 година, уметникот наречен Beeple продаде уметничко дело засновано на NFT за рекордни 69 милиони долари - незаменливите токени почнаа да го потресуваат светот на уметноста, технологијата и десетици други субкултури.
kako-sami-da-kreirate-nft | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share
Share on facebook
Share on linkedin

Незаменливите токени (НФТ), кои станаа културен феномен во текот на изминатата година, можеби нема да ја задржат или да ја вратат својата популарност по падот на пазарот, но сепак, има многу причини зошто може да се обидете да креирате еден.


NFT(Non-fungible token) се единствени дигитални средства што не можат да се заменат. Тие се уникатни, и ниту еден не може да се повтори. Тие се дел од технологијата наречена Блокчејн, глобална база на податоци преку интернет. Во некои случаи, имаат неверојатно висока вредност. Откако се појавија, некои токени се продадоа на колекционерите кои инвестираат во нив на ист начин како и со физичките предмети. Бидејќи постојат уникатни уметнички дела што им го привлекуваат вниманието на колекционерите, незаменливите токени се најновиот начин за трговија со колекционерски предмети и опфаќаат уметнички форми што се движат од дигитална уметност, анимација до музика и виртуелни простори. 

Во суштина, сè што може да добие одредена вредност и што може да се складира во дигитална форма може да се продава и како NFT.

https://pixabay.com/

Но, пред да видиме како се креира NFT користејќи два од најпопуларните пазари, најважно е да разбрете што е NFТ, па потоа да одлучите дали воопшто ќе се впуштате во ваква авантура.


The Verge, направи комплетен водич за тоа како самите да си креирате свој NFT и сите скриени трошоци. Ова се чекорите:

  • Чекор 1: Откријте што е NFT

На следниот линк има комплетно објаснување за тоа што е NFT и зошто се толку посебни, како и линк до објаснување за блокчејн технологијата што NFT ја користат. Не треба да учите како за на испит, но сепак, добро е да знаете основни работи и во што се впуштате.

NFT може да биде што било дигитално (како што се цртежи, музика, вашиот мозок преземен и претворен во вештачка интелигенција), но најголемата моментална возбуда е околу користењето на технологијата за продажба на дигитална уметност. 

  • Чекор 2: Уверете се дека навистина сакате да продадете NFT

Ако сакате да направите NFT само затоа што навидум сите го прават тоа, има неколку работи што треба да ги земете во предвид. Првото големо нешто е провизијата за трансакции. Иако платформите ќе ви овозможат бесплатно да креирате NFT, нивното продавање може да биде сосема поинаква приказна. 

Повеќето NFT се продаваат на блокчејн мрежата Ethereum, а за секоја трансакција на Ethereum треба да платите такса наменета за „рударите“. Овие надоместоци се нарекуваат „гас“ и количината на гас што ви е потребна за трансакција (а со тоа и колку ќе чини таа трансакција) може значително да варира. Скоро сè што правите на блокчејн, од „ковањето“ на NFT до неговото пренесување на некој друг, па и наддавањето за купување, ќе чини пари.

Исто така, вреди да се напомене дека плаќањето на оваа такса не гарантира 100 проценти дека вашиот трансфер ќе помине. Ако нешто се случи и вашата трансакција не е завршена, нема да ги добиете назад надоместоците за таксата што сте ги платиле.

Потоа, тука е еколошкиот аспект на NFT. Блокчејнот Ethereum, кој користи енергетски интензивен систем, остава голем јаглероден отпечаток (carbon footprint), што е погубно за животната средина.


https://pixabay.com/

  • Чекор 3: Изберете платформа на која ќе го продавате вашиот NFT

Постојат десетици платформи кои дозволуваат да продавате NFT на широк спектар на блокчејн, така што, речиси e невозможно кој било водич да ги покрие сите, а уште помалку да ви каже која е вистинската за вашиот проект. Според Тhe Verge и нивниот водич, има уште два популарни пазари, ако ниту една од платформите што тие ги предлагаат не одговараат на она што сакате да го правите, како на пример AtomicHub, или Solsea.

Додека, OpenSea и Rarible дозволуваат да се креира NFT на Ethereum без да плаќате ништо, благодарение на таканаречените системи за „мрзливо ковање“. Мрзливото „ковање“ ви овозможува да креирате NFT и да го ставите на продажба без всушност да биде запишано во блокчејнот, со што ќе избегнете какви било такси. Кога некој навистина ќе го купи, надоместоците за пишување на вашиот NFT на блокчејнот ќе бидат поврзани со таксите за пренос на купувачот. Тоа ви помага да ја избегнете ситуацијата кога плаќате од 10 до 30 долари (или повеќе!) за да создадете NFT што никој нема да го купи. Инаку, „ковањето“ е всушност процес на создавање на токен.

Сепак, The Verge предупредува за одредени скриени трошоци и услови. ОpenSea, бара иницијализирање на вашата сметка што ќе ве чини (60-70 долари) кога вашиот прв Ethereum NFT оди на продажба. Тоа е еднократна такса, а откако ќе ја платите, останатите ќе можете да ги „ковате“ без да мора да платите.

Со Rarible, тие не морале да платат ваков вид на такса, меѓутоа, обидот за отстранување на вашиот NFT од продажба ќе чини (6-8 долари). И Rarible и OpenSea ќе земат надомест од 2,5 проценти од секоја продажба што ќе ја направите.


  • Чекор 4: Креирајте си паричник

Паричниците се апликациите што ќе ги користите за складирање на вашите криптовалути, како и сите NFT што ќе ги „ковате“ или купувате. Може да се најде и подлабоко објаснување за тоа како функционираат паричниците и различните опции што се достапни, но ако штотуку почнувате, има само една главна работа за која треба да се грижите: Потребно е да користите паричник што е компатибилен со блокчејнот што го имате.

Паричникот на MetaMask е еден од паричниците што е широко поддржан од апликациите базирани на Ethereum како OpenSea, Foundation и други и може да се користи или како екстензија на Chrome / Firefox или како апликација за iOS / Android. Coinbase има и свој паричник што можете да го користите како екстензија или апликација, а поддржан е од повеќето платформи.

Процесите за поставување на MetaMask и Coinbase Wallet се слични. Откако ќе ја инсталирате екстензијата или апликацијата на прелистувачот (MetaMask може да се преземе тука, Coinbase Wallet тука), кликнете на копчето „креирај нов паричник“. Coinbase ќе ве праша за корисничко име, а и двете ќе побараат лозинка, за која ќе сакате да се уверите дека е безбедна.

Конечно, и MetaMask и Coinbase ќе ви го дадат она што е познато како „seed phrase”, што во суштина се 12 случајни зборови. Многу е важно да не ги заборавите, бидејќи ќе ви овозможи да ја вратите вашата сметка ако, на пример, ја деинсталирате апликацијата или ако треба да го поставите вашиот паричник на нов уред. 

Ако ја изгубите лозинката и/или безбедносната фраза, нема да имате среќа ниту со MetaMask, ниту со Coinbase Wallet – бидејќи ниту една компанија не може да стори ништо за да ви помогне. Тоа значи дека ќе го изгубите пристапот до која било криптовалута или NFT складирани во тој паричник, како и до сметките што сте ги поставиле користејќи го. 

Многу е сериозно, чувајте ги лозинката и тајната фраза безбедни!

Конечно, ќе имате пристап до вашиот паричник, кој сè уште нема да има ништо во него!


https://pixabay.com/

  • Чекор 5: Поврзете го вашиот паричник

Откако ќе го поставите вашиот паричник, ќе сакате да го поврзете со NFT – пазарот  што планирате да го користите. OpenSea и Rarible го олеснуваат ова – само кликнувате на копчето „креирај“ во горниот лев агол, потоа ќе ви биде претставен список на компатибилни паричници, а изборот на вашиот ќе биде финален чекор при процесот на поврзување.

Поврзувањето со MetaMask е едноставно ако ја имате инсталирано екстензијата на прелистувачот. Ако ја имате инсталирано екстензијата на MetaМask или Coinbase, ќе видите pop-up прозорец кој ве прашува дали сакате да го поврзете вашиот паричник, што може да се направи со неколку кликнувања на копчињата. Ако ја користите апликацијата Coinbase Wallet, можете да се поврзете на пазарот и со помош на QR.

The Verge, сепак, предупредува да бидете внимателни во иднина, доколку видите барање за поврзување со вашиот паричник кога не го очекувате. Измамници би можеле да се обидат да пристапат до вашите средства или NFT.

  • Чекор 6: Креирај NFT

Откако ќе го поврзете вашиот паричник, ќе пристигнете на страницата што ја користите за креирање NFT (ако не завршите таму, можете да стигнете таму со кликнување на копчето креирај што двете платформи го ставаат во горниот десен агол). Откако ќе кликнете на копчето „креирај“, ќе бидете доведени до страницата за создавање нова ставка. За почеток, кликнете на полето со иконата со слика, што ќе ви овозможи да го поставите фајлот што ќе го продавате како NFT ( внимавајте да ги земете во предвид ограничувањата за големината и типот на датотеката забележани над избирачот).

Откако ќе ја додадете вашата датотека, дајте ѝ име или наслов. Можете исто така да го користите полето „надворешна врска“ за да додадете URL што ќе укажува на вашата веб-страница или Твитер, а можете да го користите полето „опис“ за да им објасните на потенцијалните купувачи што е всушност вашиот NFT.


Под тие полиња, можете да изберете збирка за вашиот NFT ако сте поставиле некоја, како и да додадете својства, нивоа или статистика што во основа може да бидат како мета-податоци. Ако продавате на пример NFT што може биде лик од видео игра, тука е местото каде што ќе ги ставите овие информации. Ако продавате уметничко дело, можете да го користите панелот со својства за да додадете информации за него, како на пример медиум, година, итн. Сепак, сите овие полиња се опционални.

https://pixabay.com/

Бидете сигурни дека сте обрнале големо внимание на кој блокчејн ќе „ковате“, бидејќи ова не можете да го промените подоцна, а тоа може да има драстичен ефект врз таксите што ги плаќате подоцна.

Откако ќе го изберете вашиот блокчејн, ќе сакате повторно да проверите сè.
Откако ќе бидете подготвени, можете да кликнете на копчето „креирај“. Во зависност од опциите што сте ги избрале и каков вид на датотека продавате како NFT, може да треба да почекате додека податоците се поставуваат. Откако ќе заврши, ќе се појави екранот кој вели дека вашиот NFT е создаден.

Прочитајте ги дополнителните совети и комплетниот водич за создавање NFT на The Verge.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера во програмирање и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.

Интересот е голем и бројот на места –ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Share

Share on facebook
Share on linkedin

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!