Матурантот Владимир Гелов од Битола е еден од првите студенти што се запишаа на нашата тригодишна програма за Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ). Со неговите идни колеги, под менторство на врвни професионалци од ИТ секторот, ќе се стекнат со голем број на ИТ вештини и ќе научат нови технологии, што ќе ги однесат кон најразлични просперитетни кариери во дигиталниот свет како: програмери на различни видови на софтвер и апликации, менаџери за развој на информатички систем, тестери и аналитичари на софвер, дата научници…
Владимир е возбуден и едвај го чека октомври за подобро да ги запознае своите колеги и професорите.
Да го запознаеме подобро!
По што ќе го паметиш средното образование, со какви спомени ќе се разделиш од училиштето?
– Најпрво имам да кажам дека средното училиште СОТУ “Ѓорѓи Наумов” ќе го памтам по добри моменти, најпрво дружбата со мојот клас, секако нашата класна раководителка која беше наша најголема поддршка и професорите кои ни помагаа за стекнување на едно ново знаење во нашите 4 години. Доколку би имал моќ да сменам нешто во нашето образование тоа би било начинот на кој Министерството за образование и наука им задава насоки на професорите како да го водат часот, а не баш по нивен концепт кој би бил мошне подобар со цел подобро совладување на материјалот од гледна точка на еден професор.
Зошто избра да студираш на Brainster Next College, како слушна за нашата нова акредитирана програма и какви се твоите очекувања?
– За Brainster Next College дознав преку социјалните медиуми, како и секој млад човек напрaвив една проверка на сајтот како изгледа понудата за нас матураните и кои насоки за изучување имаат да ги понудат. Ми се допадна тоа што го видов. Исто така ме привлече и опцијата „Студирај сега плати по вработување“. Се јавив и ми објаснија како оди процедурата и изучувањето, како и целиот концепт. Моите очекувања се големи. Најпрво, би сакал да запознаам млади луѓе кои имаат иста, а можеби и слична цел како мене да се посветат на софтверското инженерство.
Како всушност се одлучи за Софтверското инженерство и иновации, зошто одбираш кариера во овој правец?
– Затоа што сметам дека оваа кариера за мене ќе претставува задоволство за изучување и предизвик со кои ќе стекнам нови знаења, а исто така ме изненади работата на реални проекти во фирми затоа што ние како средношколци во текот на нашето школување не бевме баш насочени кон практичната настава. Повеќе изучувавме теоретски работи (тука можам да издвојам и периодот на корона вирусот каде што бевме во карантин). Така што, ова ќе биде нешто ново за мене.
Што ти се допаѓа најмногу од студиската програма на Brainster Next, предметите, наставниот кадар, праксата и што сметаш дека ќе ти биде најголем предизвик за совладување…?
– Можам да се надоврзам на претходното прашање, според мене најголем предизвик за совладување ќе ми биде практичната настава.
И за крај, каде се гледаш себеси во иднина?
– Kако и секој млад човек би сакал да сум пред сѐ во успешна компанија која би била мотив за уште поголемо надградување за мене.
Уписот на првиот акредитиран ИТ колеџ во земјава, Brainster Next е во тек. Отворена е и можноста за уникатниот модел на плаќање „Студирај сега плаќај по вработување“, а првиот чекор е регистрација и решавање на компетитивниот тест.
Интересот е голем и бројот на места –ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!