Search
Контакт

Сакам професори што се отворени за комуникација со студентите

Во серијалот Запознајте ги студентите на Brainster Next College, ви ги претставуваме нашите први запишани студенти. Тие ќе се стекнуваат со голем број на ИТ вештини и технологии кои ќе им ја отворат вратата кон најразлични просперитетни кариери во дигиталниот свет. Марко сака да биде програмер и вели дека ова е едно од најперспективните занимања и дека ќе учи посветено.
zapoznaj-gi-studentite-marko-tosevski | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share


Матурантот Марко Тошевски е еден од нашите први студенти кои од октомври ќе учат на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ), по наставни програми создадени според потребите на индустријата. Преку оваа програма студентите се стекнуваат со голем број на ИТ вештини и технологии, отворајќи им ја вратата кон најразлични просперитетни кариери во дигиталниот свет.

Марко кој сака да биде програмер вели дека ова е едно од најперспективните занимања и дека ќе учи посветено. Најмногу се радува на фактот што голем дел од програмата на додипломските студии по Софтверско инженерство и иновации, ја сочинува практична настава и работа на реални проекти.

„Посветен сум на тоа да стекнам нови знаења и да ги подобрам постоечките знаења за да станам добар програмер“, вели тој.

Ви го претставуваме Марко!

Марко, заврши во скопската гимназија „Јосип Броз Тито“. Раскажи ни малку за твоето школување, што ти беше најголем предизвик, во какви сеќавања ќе ти остане училиштето?

– Мислам дека периодот на средно училиште беше многу интересен пред сѐ заради дружењето и добрата соработка со професорите, но исто така средното образование е многу важен дел од образованието.

Зошто избра да студираш на Brainster Next College? Како разбра за нашата нова акредитирана програма и какви се твоите очекувања?

– Избрав да студирам на Brainster Next заради тоа што ми се допадна програмата. За колеџот разбрав од реклама на интернет и моите очекувања се дека ќе стекнам нови знаења и дека во иднина ќе ја работам работата што ја сакам.

Дали ќе ја искористиш можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“, што мислиш за оваа понуда која е прва од ваков тип во Македонија?

 – Да, ќе ја искористам можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“ и мислам дека овој новитет е многу добра идеја. Многу студенти што сакаат да учат програмирање, а не можат во моментот да платат, сега тоа нема да им биде проблем. Дополнително, секој има можност да се осамостои и сам да плаќа подоцна.

Зошто одбра да студираш на додипломската студиска програма за Софтверско инженерство и иновации, зошто конкретно одбираш кариера во овој правец?

– Поради тоа што мислам дека ова е едно од најперспективните занимања.

Што ти се допаѓа најмногу кога е во прашање оваа студиска програма на Brainster Next, предметите, наставниот кадар, праксата?

– Најмногу ми се допадна тоа што учењето е повеќе сведено на пракса отколку на теорија, што е реткост во нашето образование. Од оваа перспектива како најголем предизвик го гледам изработувањето на нови проекти. Се радувам на новите предизвици и едвај чекам да почнеме со студиите.

Што те инспирира во животот, на што си најмногу посветен, имаш ли можеби некое хоби?

– Посветен сум на тоа да стекнам нови знаења и да ги подобрам постоечките знаења за да станам добар програмер. Хобија ми се патување, вежбање и пешачење.

Пак ќе те вратиме на училиштето. Од овој денешен аспект, кога би имал некоја моќ, што е она што би го променил во македонското образование, а што ти се допаѓаше?

Мислам дека образованието треба повеќе да се сведе на пракса отколку на теорија, а ми се допаѓаше тоа што професорите се залагаа да ни го пренесат своето знаење.

Што ти е најважно кај професорите, имаше ли некој што те инспирираше досега и какви професори би сакал да имаш на Brainster Next College?

– Најважно кај професорите ми е да знаат да го пренесат своето знаење и би сакал да имаат добар и отворен однос со студентите.



Уписот на првиот акредитиран ИТ колеџ во земјава, Brainster next е во тек. Отворена е и можноста за уникатниот модел на плаќање „Студирај сега плаќај по вработување“, а првиот чекор е регистрација и решавање на компетитивниот тест.

Интересот е голем и бројот на места –ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Студирај практично! Студирај IT! Последниот уписен рок за Академската '24/25 e во тек.

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!