Во оваа блог објава ќе имате можност подобро да го запознаете Дарјан Раденковиќ кој е уште една исклучително посветена и успешна личност која е дел од наставниот кадар на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ).
Раденковиќ предава на студиската програма Софтверско инженерство и иновации, а студентите ќе имаат можност да дознаат повеќе за неговото работно искуство и да научат многу корисни работи од него за време на предавањата на изборниот предмет Дигитален маркетинг и комуникации.
Тој објаснува дека како и во повеќето области, да се биде добар во маркетингот значи да се има солидна способност за успешно решавање проблеми со помош на рационален пристап и честа оптимизација која се прави врз основа на мерливи податоци.
Во однос на неговата академска писменост, Раденковиќ е магистер по комуникации и медиуми на Институтот за политичко правни и социолошки истражувања, Скопје, со професионален ангажман како бизнис и маркетинг стратег, предавач и консултант. Тој е застапник на концептот за доживотно учење со силен порив за константно споделување знаење, како во академски, така и во бизнис средини.
Toj својата професионална кариера ја започнува во јуни 2006 година како асистент по предметите Теории на комуникации, Историја на мас-медиуми и Јавно мислење на Факултетот за комуникации и медиуми – ЕУРМ, Скопје сé до јули 2009 година. Од септември истата година до декември 2010 година работи како надворешен соработник на проект за медиумска писменост за Македонски институт за медиуми во Скопје, поточно на уредувањето на веб-страницата на сајтот.
Од јануари 2012 до декември 2016 година работи како менаџер за комуникации, маркетинг и односи со јавност во компанијата Winner – Vienna Insurance Group, каде што е задолжен за раководење на секторот за маркетинг и комуникации, а од јануари 2017 до декември 2018 тој работи во New Media Marketing како раководител за дигитални маркетинг канали.
Во август 2017 година се приклучува на тимот на Brainster како инструктор на Академијата за дигитален маркетинг, а од јануари 2019 до март 2021 година е маркетинг директор и раководител на образовните програми на Brainster.
Од март 2021 година го помага бизнис развојот на компанијата Види Вака, а од јули 2022 ја основа и стартува со работа во својата агенција за стратешки комуникации Жар Птица. Набрзо во неговиот исполнет ден ќе се приклучат и предавањата на Brainster Next College.
Дополнително, неговата стручност и експертиза се потврдуваат со големиот број на објавени трудови и статии од кои може да ги издвоиме:
- „6 циклуси на реакции на социјалните мрежи по големи трагедии“
- „Патосирана комуникација: Исчезнувањето на етосот и логосот од јавната дискусија“
- Иднината на работните места, Brainster 2021
- Personality traits and career decisions. International Scientific Conference “Educational challenges and Future Prospects”, Ohrid.
Додека пак, во однос на неговото значајно учество на конференции и настани можат да се издвојат:
- AllWeb – Digital Marketing Conference, Panel Host and organization, 2017, 2018
- Hands-on Social Media for E-commerce Training, Instructor, AETM, 2020
- Data-driven decision making, USAID’s BMAP Annual Forum Lecture, 2020
- Digital analytics consultancy, USAID’s BMAP Training, 2020
- E-commerce conference Macedonia 2021, Panel Host, AETM, 2021
- Digital solutions for fighting gray economy Hackaton, Mentor, AETM, 2021
Долгогодишното искуство и досегашната работа со студентите од Академијата за дигитален маркетинг на Brainster целосно го подготвија за улогата на предавач на Brainster Next College.
Запознајте го Дарјан Раденковиќ – професор на студиската програма Софтверско инженерство и иновации
Име и презиме: Дарјан Раденковиќ
Студиска програма: Софтверско инженерство и иновации
Предмети: Дигитален маркетинг и комуникации
Професија: Дигитален маркетер
Искуство: 10+ години
Како искусен предавач и професор, дознајте од Дарјан зошто е важен дигиталниот маркетинг во областа на програмирањето и што може да очекуваат студентите од неговиот предмет и колеџот:
Зошто е важен дигиталниот маркетинг во програмирањето?
Како идни софтверски инженери, студентите на Brainster Next College ќе работат на развој на различни дигитални продукти. Пласманот на сите тие продукти ќе зависи од маркетингот, најчесто од дигиталниот маркетинг. Затоа, познавањето на клучните аспекти на маркетингот ќе им ја унапреди логиката на градење продукти, ќе им го прошири познавањето на контекстот во кој ќе живее продуктот и ќе им овозможи одлична комуникација со поширокиот круг на колеги од тимот во кој ќе работат, бидејќи ќе го научат нивниот јазик и подобро ќе ги разбираат и адресираат нивните предизвици, стравови и проблеми.
Кој метод на работа ќе се користи при предавањата?
На предавањата ќе користиме реални студии на случај со чија помош ќе ги илустрираме сите концепти кои ќе ги изучуваме со цел да го олесниме нивното разбирање и совладување. Воедно, ќе имаме доста практична работа преку која студентите од прва рака ќе се запознаат со можностите, но и предизвиците што ги носи дигиталниот маркетинг.
Најважната лекција што ја научи од работата во областа дигитален маркетинг:
Како и во повеќето области, да се биде добар во маркетингот значи да се има солидна способност за успешно решавање проблеми со помош на рационален пристап и честа оптимизација која се прави врз основа на мерливи податоци. Но, за да се биде одличен во маркетинг потребно е и широко општо познавање на повеќе области, генерална писменост и добра информираност. Бидејќи речиси и да не постои поконтекстуална дисциплина од маркетингот.
Совет за идните студенти на Brainster Next College:
Знаењето е најважниот капитал што може да го стекнете. Посебно во оваа фаза на животот. Затоа трудете се и борете се да стекнете што повеќе од него за време на студиите. Заземете активен пристап и не се задоволувајте само со она што е неопходно да ги завршите студиите, туку прашувајте многу, истражувајте постојано и бидете љубопитни. Притоа, не заборавајте и да се забавувате.
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера во програмирање и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.
Join Generation Next – и преземи го првиот чекор за квалификација за уникатниот финансиски модел Студирај сега, плаќај по вработувањето преку решавање на онлајн тестот за компетенции!
Местата се ограничени, затоа закажи средба сега!