7 книги за сите ИТ ентузијасти

Без разлика дали си навлезен длабоко во ИТ светот или пак допрва се впушташ во него, овие книги ќе ти помогнат да го разбереш вистинскиот начин како функционира истиот и ќе ти покажат како максимално да уживаш во неговите придобивки.
7-knigi-za-site-IT-entuzijasti | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share
Share on facebook
Share on linkedin

Дваесет и првиот век е познат како ера на информатичката технологија. ИТ еволуираше неверојатно во последниве децении и го револуционизираше начинот на кој луѓето се поврзуваат и работат. Сè, од компјутери и интернет до е-трговија и мобилни телефони е резултат на информатичката технологија. Напредокот во технологијата и подобрите информациски системи обезбедуваат многу можности за комуникација и поврзување. По пронаоѓањето на компјутерот и интернетот, светот многу се промени. Само со притискање на едно копче може да добиете многу работи што ги сакате. Можете да разговарате и да се гледате со луѓе кои живеат буквално на другиот крај од светот. Можете дури и да купите намирници од веб-страниците, со неколку клика од вашиот телефон од било кое место. Со помош на виртуелната реалност можете да пробате како ќе изгледа одредено парче облека на вас или пак дали големата софа што ја гледате на интернет ќе се совпадне совршено со вашиот интериер и тоа сé додека седите во удобноста на вашиот дом. Дополнително, споделувањето на знаењето и собирањето информации стана многу полесно, побрзо, поевтино и попријатно. Сето ова е најголемата предност на ИТ и го направи светот подобро место за живеење.

Секако, ако зборуваме за предностите на информатичката технологија, таа има повеќекратни придобивки за сите. Иако досега можеме да издвоиме голем број на предности, таа постојано се развива и речиси секојдневно ни нуди спектар на нови придобивки кои му служат на човештвото.

Времето е највредното нешто на планетата и овие нови технологии го заштедуваат нашето драгоцено време. Ова се дел од предностите на информатичката технологија:

  • Заштедува време;
  • Пристап до информации;
  • Заштедува природни ресурси;
  • Подобра комуникација;
  • Нуди нови работни места;
  • Подобрено банкарство;
  • Глобализација;
  • Подобра комуникација;
  • Намалено растојание;
  • Полесно учење.

Покрај овие предности на ИТ, можат да се издвојат и низа на предности коишто го прават образованието, а воедно и иднината подобри:

  • Обезбедува проактивна средина за учење;
  • Ги подготвува студентите за иднината;
  • Ја зајакнува соработката;
  • Поддржува учење;
  • Виртуелни теренски патувања.

Дигиталната трансформација на секојдневното живеење е неизбежна, а ИТ светот нуди најперспективни и најплатени кариери со сигурна иднина.

Во продолжение, издвоивме 7 книги кои треба да ги прочита секој ИТ ентузијаст:

1. Clean Code: A Handbook of Agile Software Craftsmanship by Robert C. Martin

Дури и лош код може да функционира. Но, поголем проблем се јавува ако кодот не е чист. Секоја година се губат безброј часови и значителни ресурси поради лошо напишаниот код. Но, тоа не мора да биде така. Во оваа книга ќе дознаеш за вештини и практики кои ќе ти помогнат да ги развиеш вредностите на еден софтверски експерт и ќе те направи подобар програмер – но само ако вложиш многу труд и работиш на постојано подобрување.

2. Introduction to Algorithms by Cormen, Leiserson, Rivest, Stein

Некои книги за алгоритми се прецизни, но нецелосни, други покриваат голема количина на материјал, но немаат прецизност. Оваа книга уникатно ги комбинира прецизноста и сеопфатноста. Опфаќа широк опсег на алгоритми во длабочина, но сепак го прави нивниот дизајн и анализа достапни за сите нивоа на читатели. Секое поглавје е релативно самостојно и може да се користи како единица за проучување. Објаснувањата се елементарни, но не на сметка на длабочината на покриеноста или математичката прецизност.

3. Code Complete: A Practical Handbook of Software Construction by Steve McConnell

Во оваа книга, авторот во јасни, прагматични насоки ги синтетизира најефективните техники и принципи кои секој програмер мора да ги знае. Исполнета е со врвни практики и стотици нови примероци на код коишто ја илустрираат уметноста и науката за конструкција на софтвер. Без разлика на нивото на искуство што го имаш во оваа област, оваа книга ќе го стимулира твоето размислување и ќе ти помогне да создадеш код со највисок квалитет.

4. Cracking the Coding Interview: 150 Programming Questions and Solutions by Gayle Laakmann McDowell

Чувството на страв и несигурност може да биде присутно при присуство на секое интервју. Затоа, целта на оваа книга е да ти ја даде потребната подготовка за интервју за да ги добиеш врвните работни места како software developer. Ова е длабока техничка книга и се фокусира на вештините за софтверско инженерство за постигнување на успешно интервју. Книгата има над 500 страници и вклучува 150 прашања и одговори за интервју, како и други совети.

5. Coders at Work: Reflections on the Craft of Programming by Peter Seibel

Оваа книга ќе ти помогне да разбереш кој е кој во светот на програмирањето и ќе ти даде фасцинантен поглед на тоа како некои од најдобрите програмери во светот ја вршат својата работа. Се состои од интервјуа со 15 експерти и успешни програмери, а примарните теми во овие интервјуа вклучуваат како испитаниците научиле програмирање, нивните омилени јазици и алатки, нивните мислења за програмирање, докази, читање кодови и слично.

6. Coders: The Making of a New Tribe and the Remaking of the World by Clive Thompson

Алгоритмите на Facebook ги обликуваат новостите. Самоуправувачки автомобили се застапени по улиците. Живееме во свет изграден од код, а токму кодерите се тие кои го изградија овој свет. Во оваа книга ќе дознаеш за најдобрите практики коишто ги користат некои од големите програмери на денешницата, вклучувајќи ги и креаторите на News Feed на Facebook, Instagram, врвната вештачка интелигенција на Google и многу повеќе.

7. Don’t Make Me Think: A Common Sense Approach to Web Usability by Steve Krug

Исполнета со одлични практики и приказни, оваа книга ќе те натера да се ставиш во кожата на корисникот на веб-страницата и да почнеш да ги гледаш работите од негова перспектива. Ако дизајнираш, пишуваш, програмираш, поседуваш или управуваш со веб-страници, мора да ја прочиташ оваа книга.

P.S. Немој да се изненадиш ако оваа книга целосно го промени начинот на кој размислуваш за веб дизајнот.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера во програмирање и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.

Местата се ограничени, затоа закажи средба сега!

Share

Share on facebook
Share on linkedin

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!