Давид Петковски е матурант од скопската гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“, кој своето високо образование ќе го продолжи на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) на студиската програма Софтверско инженерство и иновации. Вели дека иако е „корчагинец“, сепак, средното образование нема да го памети по непреспиените ноќи пред „годишниот“ по математика, туку по дружењето и пријателската средина која што владее во училиштето.
Ни раскажа дека единствено има замерка што се учат премногу предмети кои што се неповрзани со одбраната насока.
Инаку, тој тековно ја следи Академијата за Full Stack програмирање во Brainster (Бреинстер), а има освоено и ваучер за уште една академија. Ова се неговите планови:
Што беше пресудно за одлуката да учиш на Full Stack Академијата и какво е твоето искуство, што најмногу научи, дали се исполнија твоите очекувања?
– За Brainster дознав од другар кој што посетуваше UX/UI академија и ми го раскажуваше начинот на работа во Brainster кој што многу ми се допаѓаше, па одлучив да разгледам некои од академиите. Сакав да програмирам уште од основно, но кога се запишав на средно каде што програмирањето е прикажано на еден многу лош начин, изгубив голем дел од желбата да бидам програмер. Одлучив да дадам една последна шанса на програмерскиот пат и искрено подобар начин од Full Stack Академијата на Brainster не постоеше.
Моите очекувања не само што беа достигнати, туку беа и далеку надминати, па сигурен сум дека за некоја година истово ќе можам да го кажам и за Brainster Next College.
Како успеа да балансираш со учењето во училиште и на Академијата, веројатно требаше да се најде време и за пријателите и семејството?
-Најтешката работа која што требаше да ја направам последнава училишна година е држењето на балансот училиште-академија-пријатели-семејство. Добар time managemant ми беше најголемиот предизвик, а прокрастинацијата најголемиот непријател, но на крајот би рекол дека дефинитивно го дадов мојот максимум и постигнав резултати на сите полиња од кои што сум повеќе од задоволен.
Зошто избра да студираш на Brainster Next College, како разбра за нашата нова акредитирана програма и какви се твоите очекувања?
-Одбрав да се запишам на Brainster Next бидејќи со самата посета на Full Stack Академијата, најпрво добив впечаток дека менторите се максимално посветени и одлично знаат да го пренесат нивното знаење, а потоа стекнав и еден вид доверба во Brainster дека уште еднаш ќе биде одличен чекор за мојот понатамошен развој како програмер. За програмата дознав преку Инстаграм профилот, а моите очекувања за Brainster Next се реално доста високи, но очекувам да бидат достигнати. Секако, не би ми пречело да бидат и надминати.
Дали ќе ја искористиш можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“, што мислиш за оваа понуда која е прва од ваков тип во Македонија?
– Уште од моментот кога дознав за оваа можност, бев многу пријатно изненаден и добив желба веднаш да се запишам на Brainster Next College. Многу интересна и иновативна идеја која што на нас младите ни дава едно чувство на самостојност и независност од родителите. Секако дека ќе ја искористам оваа можност, која што морам да признаам и ме мотивира дополнително да работам и да успеам во она што го сакам уште од шесто одделение.
Што те привлече кон додипломската студиска програма за Софтверско инженерство и иновации и кариера во овој правец? И што ти се допаѓа најмногу кога е во прашање оваа студиска програма на Brainster Next, предметите, наставниот кадар, праксата…?
– Не постоеше никаква дилема во однос на тоа која студиска програма би ја одбрал, бидејќи како што кажав и претходно, одлучен бев за нешто поврзано со програмирање и компјутери бидејќи факт е дека е едно од најбараните и најплатените работни места во 21 век, а секако е нешто што многу ме интересира и во кое што сакам да напредувам. Кога е во прашање самата програма, предметите се токму она што го барав, а праксата е она што го оддели Brainster Next од другите факултети. Сметам дека тоа е една од најважните работи за успех во овој кадар, а дефинитивно е нешто што не е толку застапено на другите факултети од овој тип.
Што те инспирира во животот, на што си најмногу посветен?
-Многу луѓе неуспехот го сметаат за најголема мотивација, но за мене баш напротив, успехот е она што најмногу ме мотивира да продолжам да работам и да го достигнам она што го сакам. Себеси се сметам за прилично упорен и снаодлив човек, а во последнава половина година најмногу бев посветен на програмирање и завршувањето на многуте задачи и предизвици на академијата на Brainster.
Уписот на првиот акредитиран ИТ колеџ во земјава, Brainster Next е во тек. Отворена е и можноста за уникатниот модел на плаќање „Студирај сега плаќај по вработување“, а првиот чекор е регистрација и решавање на компетитивниот тест.
Интересот е голем и бројот на места –ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!