Запознај ги професорите – Ивица Пешовски

Несомнено е дека покрај квалитетната студиска програма, од особена важност за една високообразовна институција е всушност наставниот кадар кој го пренесува знаењето и е одговорен за прогресот на студентите.
Токму затоа го започнавме серијалот - Запознај ги професорите.
zapoznaj-gi-profesorite-Ivica-Pesovski | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share

Ивица Пешовски е предавач на студиската програма Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ). За него е особено важно како пренесува знаење и како студентите понатаму ќе го употребат тоа знаење. Еве, како тој ќе ги инспирира студентите и ќе ја постигне оваа цел:

„Професорите што лично ми имаат оставено најдобар впечаток, а и општо, професорите што ги инспирираат студентите и ги насочуваат кон тоа што за нив понатака ќе претставува професија и живот, се оние што покажуваат како се прават работите. Многу ретко оние што истото го кажуваат! Оттука е и идејата и прашањето: Што ќе се случи ако сите професори и целата наставна програма е таква? Што ако работиме близу до студентите, им покажуваме и ги насочуваме во нивното секојдневно учење? На студентите не им се битни нивните студии, на студентите им е важно знаењето што ќе го добијат. Токму тоа е методологијата на работа што ја практикуваме тековно во Brainster и што без сомнение ќе продолжиме да ја негуваме и на Brainster Next College. Токму тоа е целта на апликативните образовни институции – да му го пренесат на студентот знаењето што му е директно потребно за негово професионално остварување“, вели Пешовски.

Кога станува збор за неговите академски достигнувања, тој има завршено магистерски студии на насоката софтверско инженерство и тековно е запишан на докторски студии во областа на компјутерски науки и инженерство. Темата на истражување на неговиот докторат е употреба на технологија при едукација, со фокус на високото образование. 

Покрај ова, за неговата стручност и истражувачки дух во оваа област говори фактот дека тој е автор и ко-автор на низа стручи и научни трудови од областа на информатичката технологија, и честопати е учесник на локални, но и меѓународни научни конференции каде што тој ја споделува својата експертиза, знаење и мислења со колеги од истата бранша. 

Својот најнов труд на тема „Како системите за менаџирање на учењето влијаат на успехот и задоволството на студентите“, неодамна го презентираше на EDULEARN22, конференција за едукација и технологија во Мајорка. Неговиот труд покажал дека студентите што
посетувале барем 50% од часовите во живо, покажале подобри резултати кога имале пристап до централизирано место за учење, во споредба со нивните колеги, кои немале никаква дигитална платформа за учење.

Тој неодамна учествуваше на ICSIT 2022, меѓународна научна конференција за информатичко општество и технологија која се одржа во Копаоник, Србија, каде што презентираше свој стручен труд на тема предизвиците при заштита на изворен код. Претходно презентираше и резултати од сопствени истражувања на конференција организирана по повод 75 години постоење на Институтот за педагодија при УКИМ и на CIIT – домашна конференција за информатички технологии. Редовно ги следи и учествува и на останатите домашни и локални конференции за технологија и едукација како ICT, Telfor, ITHET, AIIT и слично.

Својата кариера како софтверски инженер ја започнува веднаш по дипломирањето, во јули 2014 година, во ФИНСС, fintech компанија, каде работи со .NET технологија и придонесува во развојот на софтвер за дигитално сметководство. Во ноември истата година преминува на позиција PHP програмер во SovereignNet Limited, компанија со седиште во Франција во која работи на далечина сé до 2019 година. Паралелно со работата во наведената компанија, од јануари до септември 2016 година е ангажиран како програмер во Seavus, a во декември 2016 започнува работа како сениор програмер во Personnel LTD, англиска компанија со седиште во Скопје, каде останува да работи до 2020 година. 

Од април 2020 година е на позиција извршен технички директор во Brainster (Бреинстер), која по неговото доаѓање преминува од компанија исклучиво за едукација во компанија за едукација и технологија (edtech). Го оформува првиот програмерски тим во рамките на самата организација со кој работат на продукти кои го олеснуваат процесот на едукација на илјадници студенти. Заедно со својот тим, досега има развиено повеќе од 4 софтвери кои компанијата успешно ги користи во својата работа.

Неговата умешност за пренесување на знаењето и долгогодишното искуство се докажа преку неговите предавања на Академиите за Full-Stack и Front-End програмирање, каде што за кратко време стана омилен инструктор помеѓу студентите. 

Затоа, голема чест ни е да ви го претставиме токму Пешовски како дел од предавачите на Brainster Next College и сигурни сме дека со неговата непосредност, пријателски однос, и пасија за пренесување на знаењето ќе ги освои и вашите срца.

Запознајте го Ивица Пешовски – професор на студиската програма Софтверско инженерство и иновации

Име и презиме: Ивица Пешовски

Студиска програма: Софтверско инженерство и иновации

Предмети: Структурно програмирање, објектно-ориентирано програмирање, оперативни системи и DevOps, дистибуирани системи и блокчејн

Професија: Софтверски инженер 

Искуство: 8+ години

Зошто баш програмирање: Мислам дека не постои друга професија што го развива мисловниот процес на начин на кој тоа го прави програмирањето. Плус, секој ден – нов предизвик за решавање е доволна мотивација некој ова да го прави постојано. Одењето на работа е како одење во escape room. 🙂 

Што би им препорачал на студентите: 

Спијте повеќе отколку што учите. 

Учете повеќе отколку што се забавувате. 

Забавувајте се најмногу што можете.

Хоби: Мотори, homebrewing, solving riddles

Омилена книга: Стив Џобс од Валтер Ајзаксон

Омилен цитат: “Most things worth doing are hard“.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера во програмирање и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.

Претстави ги своите способности и дознај дали Brainster Next College е вистинскиот избор за тебе.

Местата се ограничени, затоа закажи средба сега!

Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!