Кога нешто вистински го посакуваш, правиш сѐ за да го оствариш. Ова дефинитивно е мотото по кое се води нашиот нов студент во Brainster Next семејството, Дамјан Петрушевски. Тој вредно работи во текот на ова лето во скопски ресторан за да може да си го купи компјутерот што му е потребен за студиите по Софтверско инженерство и иновации. Студиите ќе ги плаќа самиот, откако ќе го заврши колеџот, бидејќи успеа да го реши компетитивниот тест и да ја искористи можноста за уникатната програма „Студирај сега плаќај по вработување“.
Дамјан е од Куманово, и средното училиште го завршил лани, во техничкото училиште „Наце Буѓони“. Вели дека најмногу ќе го памети по другарувањето и добро поминатото време со нив.
Дамјан ни откри што сонува, какви се неговите очекувања од колеџот и што го мотивира. Да го запознаеме подобро!
Дамјан, при крај си и со Full Stack Академијатa на Brainster (Бреинстер). Зошто се одлучи за оваа Aкадемија и какво е твоето искуство, што најмногу научи, дали се исполнија твоите очекувања?
-Да при крај сум со Aкадемијата, најмногу научив за PHP модулот, моите очекувања не само што ги достигнавте туку ги надминавте. Исто така научив и доста корисни работи во врска со програмирањето, во средно учевме C++, но не ме привлече начинот на предавање. Исто така групата со која сум на Aкадемијата, поточно петте колеги со кои работевме во група, за нив можам да кажам: Секоја чест! Кога и да заглавев некаде, беа љубезни да помогнат, се зближивме и си помагавме, се дружевме и со музика и добар фокус постигнавме многу. Едвај чекам некои од нив да запознам на колеџот.
Ивица Пешовски е и еден од најдобрите ментори, начинот на кој предаваше уште толку ме инспирираше за понатомошно да се насочувам во оваа насока.
Зошто го избра Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ), како слушна за нашата нова акредитирана програма и какви се твоите очекувања?
– За Brainster Next College дознав преку социјалните мрежи, ја погледнав програмата и многу ми се допадна. Влијание секако имаше квалитетното предавање на Академијата и начинот на работа, поточно тоа што за една година се преобразив целиот во нова личност со нови квалитети и достигнувања.
Зошто ја одбра додипломската студиска програма за Софтверско инженерство и иновации, зошто избираш кариера во овој правец?
-Уште од мали нозе сум посветен на технологијата, мојот татко се занимава со интернет, мрежна администрација и компјутери. Кога пораснав малку, ме воведе во сѐ и постојано бевме во тренд со технологијата и иновациите на софтвер и хардвер.
Што ти се допаѓа најмногу од студиската програма на Brainster Next, предметите, наставниот кадар, праксата и што сметаш дека ќе ти биде најголем предизвик за совладување…?
– Мислам дека веќе се знае одоговорот на оваа прашање и секако наставниот кадар е супер, но воедно и програмата и праксата. Голем предизвик е оваа што го правам во мојот живот, ама, се навикнав на Академијата и научив дека тој што вчера губел утре ќе победи. Верувам во наставниот кадар дека ќе нѐ изведе на прав пат и дека ќе создадеме супер мајндсет.
Што сакаш да правиш во слободно време, како се ослободуваш од стрес?
– Сакам авантури, сакам мотори и адреналин. Слободата за мене е многу битна, сакам да се дружам и да го работам тоа што го сакам. Сакам да надминувам искушенија и предизвици, а во животот научив смирено да ги решавам обврските, бидејќи само така се наоѓа најдоброто решение. Исто така сакам да читам книги за наука, за светот, за луѓе како Стив Џобс, но и книги за будизмот.
Уписот на првиот акредитиран ИТ колеџ во земјава, Brainster Next е во тек. Отворена е и можноста за уникатниот модел на плаќање „Студирај сега плаќај по вработување“, а првиот чекор е регистрација и решавање на компетитивниот тест.
Интересот е голем и бројот на места –ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!