Сакате да ја посетите планетата Марс, но без да ја напуштите удобноста на вашата студентска соба? Сакате да одите на подводно патување без да се наводените или да се вратите во времето на Втората светска војна, но без временска машина? Сето ова можеби изгледа како научно-фантастичен филм, но со примена на новите технологии за виртуелна и зголемена реалност (VR/AR) патувањето на непристапни места и патувањето низ историјата стануваат реалност.
Не верувате? Софтверските инженери и ИТ експерти постојано дизајнираат нови технологии што се користат за унапредување на образованието. Напредокот е исклучително брз, па потребно е прифаќање на новите технологии.
Но, и потребата на самите студенти кои се навикнати на нови технологии, наметнуваат образовните институции да пронаоѓаат иновативни начини на организирање на наставата.
Во последните години, виртуелната реалност игра огромна улога во современото образование на сите нивоа. Многу високообразовни установи во светот ја користат оваа технологија за да им обезбедат на студентите нови и уникатни искуства поврзани со учењето.
Виртуелни теренски патувања низ светот, стекнување знаење и искуство при посета на неверојатни локации без физички да бидат таму, средби и интеракција со студенти од други земји, симулирање на хируршки интервенции… Можностите на виртуелната реалност во образованието се извонредни.
Повеќе мотивација за добри решенија
Итаи Стерн, професор по стратегија и академски директор на Иницијативата за извонредно учење INSEAD, за платформата The Campus, пишува дека академската заедница е согласна дека виртуелната реалност во буквална смисла го промени високото образование нудејќи тридимензионални искуства.
Професорот смета дека кога студентите од прва рака ќе видат и слушнат што се случува, ги искусуваат настаните како да се присутни таму, тие ќе бидат помотивирани да најдат решение за одреден проблем.
Всушност, иднината на образованието лежи во адаптацијата кон дигиталната ера. Покрај адаптирањето на виртуелната реалност, се применува и зголемената реалност. Иако сѐ уште е во рана фаза, истата се применува кај некои универзитети. Платформите за учење базирани на овие технологии се оценети позитивно од страна на студентите.
Комбинираната технологија за виртуелна и зголемена реалност (AR/VR) го олеснува тридимензионалното учење преку употреба на виртуелни средини што ги реплицираат оние средини кои не се физички достапни за студентите од високото образование, преку 3D модели или интерактивни видеа од 360º.
Здрава образовна инвестиција за иднината
Технологијата за виртуелна реалност им помага на студентите поефикасно да ги апсорбираат концептите што ја подобрува способноста за задржување информации, а како резултат на тоа учениците стануваат поангажирани и поактивни во учењето.
Според студија објавена во Education and Information Technologies, евалуацијата на пет наставни семестри (или 2,5 години) во наменски дизајнирана лабораторија за усвојување на технологијата за виртуелна реалност во високото образование, покажала:
- 250 отсто зголемување на бројот на студенти во периодот на евалуацијата
- 71,5 отсто од студентите што биле анкетирани пријавиле подобрени резултати од учењето.
Овие наоди им даваат знак на високообразовните институции дека вистинската инфраструктура за VAR технологија, е здрава образовна инвестиција за иднината.
Топ 5 универзитети во САД што користат VR/AR
Многу универзитети во светот бараат начини како да го направат учењето позабавно и поблиско до студентите, но ова се петте универзитети што во својата настава веќе употребуваат виртуелна и зголемена реалност за да им го збогатат искуството на студентите:
- Massachusetts Institute of Technology (MIT):
Нуди програми за поединци заинтересирани за развивање кариера во областа на виртуелна и зголемена реалност. Центарот за напредна виртуелност МИТ е пионер во иновациите со технологии на виртуелност вклучувајќи XR (VR, AR, MR).
- Stanford University:
Нуди различни специјализации и предизвикувачки курсеви за AR/VR во различни дисциплини. Нарекувана и „карма“, CCRMA Virtual + Augmented Reality Design Lab спроведува истражување за уметничкиот дизајн на виртуелната, зголемената и проширената реалност (VR, AR, XR) за музика. Центарот за медицинска неврохируршка симулација и виртуелна реалност ,отворен уште во 2016 година, користи 3D VR технологија низ клиниките за неврохирургија, операционите сали и училниците.
3. University of Southern California:
Во USC Институтот за креативни технологии се сместени лабораториите за медицинска виртуелна реалност (MedVRLab), лабораторија за мешана реалност (MxR) и ICT Virtual Humans Group. Области за специјализација во MedVR Lab вклучуваат рехабилитација заснована на игри, виртуелни луѓе, неврокогнитивна проценка и обука, како и ментално бихејвиорално здравје.
4. New York University:
Сите програми можат да учествуваат во NYC Media Lab и Future Reality Lab, кои истражуваат како луѓето ќе ги користат идните технологии за мешана реалност за подобра комуникација и интеракција меѓу себе кога се во ист физички простор.
5. Rochester Institute of Technology:
Сите програми имаат пристап до лабораториите RIT лоцирани во центарот RIT MAGIC. Тие обезбедуваат простор за заедницата за проширена реалност (XR) да соработува со цел да привлече внимание за своите истражувања, иновациите и уметничкото творештво од областа на AR/VR технологијата.
Виртуелна реалност отсега и на Brainster Next
Виртуелната реалност има потенцијал да го промени начинот на кој идните генерации ќе учат и ќе се подготвуваат за иднината. Таа совршено служи за персонализирано учење и потенцијално може да ја надмине разликата помеѓу наставата лице-в-лице и тековните недостатоци во учењето на далечина.
На првиот акредитиран применет ИТ колеџ во нашата држава Brainster Next (Бреинстер Некст колеџ) кој нуди тригодишни додипломски студии базирани на применета програма, преку работа на апликативни решенија и реални проекти ќе се изучува и предметот Виртуелна реалност.
Користени извори: Forbes, Times Higher Education, Springer