Brainster и Brainster Next College номинирани за две светски награди од страна на МАСИТ

Овие награди за иновативни ИКТ решенија ќе се доделуваат во рамки на 26. издание на World Congress on Innovation & Technology – WCIT 2022 што ќе се одржи во Малезија од 13-15 септември.
masit-nagradi-ikt-inovacii | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share
Share on facebook
Share on linkedin

Технолошки напреднатa организација која обучува кадри за работните места на иднината, Brainster и првиот применет ИТ колеџ во земјава, Brainster Next се номинирани од страна на Стопанската комора на информатички и комуникациски технологии МАСИТ, за две номинации за иновативни ИКТ решенија за претстојните WITSA Global Innovation and Tech Excellence Awards 2022.

Овие награди кои ќе се доделуваат во рамки на 26. издание на World Congress on Innovation & Technology – WCIT 2022, годинава ќе се одржат во Малезија од 13-15 септември.


Номинации за инклузија и за е-образование

Како што соопшти МАСИТ, изборoт на „МАСИТ награди за иновативни ИКТ решенија“ за исклучителни достигнувања во доменот на информатичката технологија за 2021 година, годинава ги предлага решенијата на Brainster и Brainster Next College во следните категории: Digital Opportunity/Inclusion Award и E-education & Learning Award.

Етаблираниот лидер во неформалното образование – Brainster, кој преку своите академии, курсеви и обуки во последниве 6 години успешно им помогна на над 10.000 лица да се дообразуваат и преквалификуваат, како и првиот applied tech college Brainster Next– се номинирани во две категории. Првата, во категоријата Digital Opportunity/Inclusion Award е за финансиската поволност „Студирај сега, плаќај по вработување“, која им овозможува на идните студенти да се запишат на колеџот Brainster Next, а школарината да ја плаќаат откако ќе дипломираат и ќе се вработат.

„Студентите студираат за 0 денари сѐ до нивното дипломирање и вработување, а почнуваат да ја исплаќаат школарината на рати по нивното вработување. Според нашите проекции, во таков случај истата не би изнесувала повеќе од 35% од нивната почетна плата“. Сметаме дека сите треба да имаат пристап до квалитетно образование без разлика на финанските можности“, вели Александар Клашниновски, директор на Brainster Next College, кој додава дека му е драго бидејќи од МАСИТ ја препознале инклузивноста на проектот.

Александар Клашниновски, директор на Brainster Next College

Brainster и Brainster Next College се исто така номинирани и во категоријата E-education & Learning Award, за платформата Некст, која e eдинствена отворена платформа во државата која содржи бесплатни курсеви на македонски јазик од областите на компјутерска наука и софтверско инжинерство, data science, графички дизајн и дигитален маркетинг.



Олимпијада на светската индустрија за информатичка технологија“

WITSA Global Innovation and Tech Excellence Awards 2022, ќе се доделат на 26-то издание на Светскиот конгрес за иновации и технологија во Малезија овој септември. Како еден од најголемите и најпрестижните ИКТ настани во светот, тоа е место на кое се одвиваат бројни дискусии  со визионери, т.н капетани на индустријата, владини лидери, иноватори и академици од над 80 земји.

Настанот го нарекуваат и „Олимпијада на светската индустрија за информатичка технологија“.

Share

Share on facebook
Share on linkedin

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!