Search
Контакт

Кога студентите добиваат можност да бидат сослушани, секогаш ќе се најдат соодветни акции и решенија

Во Brainster Next College студентот е на прво место. Запознај се со Александра Димкова, Student Success Coordinator на Brainster Next College.
zapoznaj-se-so-aleksandra-dimkova-student-success | Softversko inzenerstvo i inovacii | Brainster Next College
Share

Една од придобивките коишто ги добиваат студентите на Brainster Next College, првиот практичен ИТ-факултет во Македонија, е токму индивидуалното внимание кое им се посветува од страна на целосен тим посветен само за нивното студентско искуство.

Наместо класичната студентска администрација или популарно наречените „студентски прашања“ како кај останатите факултети, Brainster Next College има Student Success тим чијашто цел е да ги следи и да им помага на студентите за време на целото нивно академско патување.

Една од главните цели на Student Success тимот е и кариерното насочување на студентите кое го прават заедно со целокупниот професорски тим како и лидерскиот тим на факултетот, сè со цел овозможување на студентите да се пронајдат во ИТ-кариера која ќе е соодветна на нивните силни страни и преференци за тоа каде се гледаат во иднина.

Да се запознаеме со Александра Димкова, Student Success Coordinator на Brainster Next College

Здраво Александра, ние и студентите од Brainster Next College веќе те знаеме многу добро, но ајде накратко претстави се другите. Која е Александра Димкова?

Здраво, јас сум Александра Димкова, Student Success Coordinator на Brainster Next College. На оваа позиција себе се гледам како мал дел од професионалниот пат на секој студент кој може да има дологорочен импакт. Сонувач 24/7.

Која е твојата одговорност и главните задачи што те окупираат во текот на денот?

Покрај секојдневната комуникација со студентите околу најразлични прашања, моето време е посветено и на комуникација со самите професори преку која се овозможува студентите да добијат најмногу знаење на најефикасен начин за нив. Исто така, посветувам внимание и време на вокализирање на искуството на студентите пред тимот на факултетот и креирање предлози за континуирано подобрување на работата која би придонела подобар успех на студентите во иднина.

Како го следиш задоволството на студентите? Опиши ни го малку тој дел.

Со оглед на тоа што студиите се одвиваат во поголемиот дел физички, во просториите на факултетот, имам можност искуството и задоволството на студентите да го следам преку обзервација на атмосферата, која е корисна алатка при следење на духот на групата на студенти. Но, како конкретни пристапи за следење на задоволството на студентите се применуваат посета на предавања, анкети за задоволство, групни состаноци, 1 на 1 со студенти, специјализирани прашалници и друг вид на ситуациско прилагодени собирања на податоци.

Како се справуваш со проблемите на студентите, на кој начин им помагаш?

Независно од проблемот со кој студентот или група на студенти се соочуваат, првиот чекор е секогаш отворена комуникација. Кога студентите добиваат можност да бидат ислушани, секогаш доаѓаме до заеднички прифатливи акции кои ќе ги преземеме за да го решиме проблемот. Студентите во различни периоди од академската година се соочуваат со различни видови на проблеми, затоа секогаш сум подготвена за разговор, совет, истражување на проблем или наоѓање конкретни решенија кои на студентите ќе им овозможат непречен фокус на студиите.

Што го прави поразличен Student Success тимот на Brainster Next College во споредба со класичните студентски прашања на останатите факултети?

За време на своите студии, еден студент неминовно се соочува со предизвици кои понекогаш се поврзани со личниот академски прогрес, понекогаш со мискомуникација со професори или институција, а понекогаш се ситуациски. Тоа што го прави нашиот тим поразличен од другите е постојаното следење на гореспоменатите предзивици и пружање поддршка при нивно надминување. Се овозможува следење на академскиот развој на секој студент поединечно, а преку таков персонализиран пристап се подобрува и развојот на целата група на студенти. Но, нашиот тим не се фокусира само на проблеми и предизвици – студентите кои покажуваат високо ниво на посветеност, интерес и успех се забележани, а за нив се овозможуваат додатни можности за академски и кариерен развој. Нашиот тим се грижи за зачувување на здрава студентска околина. Верувам дека преку соодветна грижа за квалитетно студентско искуство, успешниот студент во иднина ќе се развие во успешен и целокупно изграден професионалец.

Во продолжение, прочитај што споделија студентите за Александра и целиот Student Success тим на Brainster Next College

„Задоволен сум од условите кои ги нуди факултетот, добриот пристап спрема нас, навремените одговори и грижата од страна на Student Success тимот што ми помага да си ги организирам испитите и со тоа да успеам да ги положам“, вели Леонид Марковски.

„Можноста за давање feedback е една од најдобрите работи, но тоа што се преземаат соодветни чекори е уште поважно. Добро е што уште од следното предавање професорот го менува начинот на предавање базирано на дадениот feedback“, ни сподели Давид Петковски.

„Ми се допаѓа дека секогаш кога и да ни треба нешто Student Success тимот е тука да ни помогне и да ни одговори на прашањата. Ценам и што водат сметка за нашиот успех, ни даваат совети кога е потребно за како би можеле да си го организираме учењето и полагањето на предметите“, ни објасни Марија Котеска.

„Дигиталната платформа и анкетите се одличен начин за давање на feedback и да го подобриме процесот на нашето растење заедно со Brainster Next College“, сподели Дамјан Петрушевски.

„Многу сум задоволен од Brainster Next College. Најпозитивно е тоа што во секое време имаме пристап до Student Success тимот или до професорите. Индивидуалните состаноци и можноста за давање feedback постојано ме мотивираат“, вели Сергеј Бојковски.

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.

Закажи информативна средба сега!

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Psst...😎 Првиот уписен рок заврши!

      Група 1 и група 2 се
      пополнети и веќе им
      кажавме welcome на
      новите студенти.

      Приемниот тест е отворен до 1 април!
      Не е шега 🤯

      Регистрирај се на листата на
      чекање за следниот уписен рок!

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!