Меѓу новите студенти на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ), имаме и неколку трансфери од други факултети. Ова се студенти кои од најразлични причини се одлучиле да се откажат од студиите што веќе ги почнале на одреден факултет и да продолжат на првиот практичен ИТ- факултет, Brainster Next College.
Еден од oние што му ја даде довербата на Brainster Next College е Сергеј Бојковски, кој почнал да студира на ФИНКИ. Сергеј ни раскажа дека одлуката да ги напушти студиите на ФИНКИ воопшто не била лесна, но и дека сега се радува на новите почетоци.
За нашиот факултет слушнал од ментор на aкадемиите на Brainster, кој му го препорачал. Но, конечната одлука ја донел, откако присуствувал на отворениот ден на нашиот факултет каде се информирал подетално.
„Очекувам посветеност, работа на проекти и дружба, вели тој
Да го запознаеме подобро!
Што најмногу те привлекува кај софтверското инженерство и иновации, зошто одбираш кариера во овој правец?
Кога е во прашање софтверското инженерство и иновации најмногу ме привлекува самиот развој на ИТ-индустријата и сметам дека секој со заинтересираност и посветеност во оваа област може да се пронајде.
Што ти се допаѓа најмногу од студиската програма на Brainster Next College, предметите, наставниот кадар, праксата? И што сметаш дека ќе ти биде најголем предизвик за совладувањe?
Ми се допаѓа целосниот начин на изведување на програмата, можам посебно да ги издвојам работата на реалните проекти и праксата кои ќе ни бидат овозможени. Сметам дека сме спремни и дојдени да се соочиме секаков вид на предизвик. Бидејќи претходно учев во средно медицинско училиште, немам големо предзнаење во ИТ областа, но најголем поттик ми беше проектот за развојот на технологијата во медицината и курсот за UX/UI дизајн кој неодамна го завршив.
Се восхитувам на развојот на ИТ индустријата и тоа го гледам како одлична шанса за нова иновација која би помогнала на идните генерации.
Спомна дека имаш завршено средно медицинско образование, какво е твоето искуство со македонското образование, што би променил, а што сметаш дека му е силна страна?
Средно образование завршив во средното медицинско ,,Др.Панче Караѓозов”. Сметам дека треба да се промени начинот на изведување на предавањата и недоволната практична настава, а како позитивна страна би ги издвоил пријателствата кои остануваат засекогаш.
Откриј ни нешто за себе, што те инспирира во животот, на што си најмногу посветен кога не учиш?
Слободното време најчесто го користам да сум пријателите или искачување на некоја планина, а инспирацијата ја влечам од самиот себе кој е мотивиран за подобра иднина.
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера во програмирање и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.
Join Generation Next – и преземи го првиот чекор за квалификација за уникатниот финансиски модел Студирај сега, плаќај по вработувањето преку решавање на онлајн тестот за компетенции!