Академиите на Brainster се сертифицирани од Brainster Next College, првиот практичен ИТ-факултет

По успешно завршување на Brainster академиите, студентите ќе добијат два сертификати - еден од Brainster и еден од Brainster Next College.
akademii-brainster-sertificirani | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share


Иновативните образовни програми на Brainster (Бреинстер), кои на илјадници поединци им овозможија подготовка на кариерен развој, преку совладување дигитални и други вештини релевантни во новиот работен свет, добиваат уште една голема вредност – сертификација од првиот акредитиран практичен ИТ-факултет, Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ).

„Kако прв практичен ИТ-факултет во нашата држава, покрај 3-годишната додипломска студиска програма по софтверско инженерство и иновации, која е главно наменета за матурантите и сите оние што се заинтересирани да поминат низ формалниот високообразовен процес, решивме веднаш да влеземе во партнерство со нашиот основач Brainster“, вели Александар Клашниновски, генерален менаџер на Brainster Next College.

Добредојде за новите студенти на Brainster академиите

Целта е заеднички да се надградат академиите на Brainster, како програми кои се фокусираат на стручно и професионално усовршување на студентите. Овој тип програми за стручно и професионално усовршување се нудат од сите познати светски универзитети, како Харвард, Стенфорд, МИТ…и се попознати како continuing education и главната разлика од додипломските и последипломските студии е што се пократки и поспецијализирани. Се фокусираат на повозрасни студенти кои најчесто веќе почнале со професионална кариера без разлика на нивната образовна заднина.

Новите студенти во просториите на Brainster


По успешно завршување на Brainster академиите, студентите ќе добијат два сертификати – еден од Brainster и еден од Brainster Next College. Академиите на Brainster стануваат единствени академии во Македонија што се сертифицирани од ИТ-факултет, односно високоoбразовна институција.

„Вредноста на двата сертификати е огромна – од една страна, тие се признаени од индустријата, и тоа не само кај нас, туку и меѓународно, со оглед на фактот дека 52% од нашите 100+ индустриски партнери кои вработуваат наши студенти се странски компании. Од друга страна, со оглед на фактот дека се издава и сертификат од акредитирана високообразовна установа, односно факултет, истото претставува доказ дека курикулумот на академиите е во согласност со највисоките образовни стандарди. Наставните програми и курикулумите на сите 9 академии го поминаа строгиот и детален процес на академска ревизија од страна на професорите на Brainster Next College“, објаснува Клашниновски.


Инаку, нашата највлијателна Ed-Tech организација, Brainster, основачот на Brainster Next College, годинава го слави својот 7-ми роденден со извонредни резултати. Заедница од над 11.000 алумни од 4 различни држави, мрежа од 150 инструктори и соработници од индустријата, над 100 домашни и интернационални компании што нудат пракса, реални проекти и вработување за студентите, 374 вработени студенти во 2021… Brainster, на поедиците, успешно им овозможува подготовка на кариерен развој, преку совладување дигитални и други вештини релевантни во новиот работен свет.

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Приемниот тест е отворен!

      Студирај бесплатно на Brainster Next факултет

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!