Доколку некогаш си се запрашал зошто секој бизнис се фокусира на потребите на корисниците, зошто корисниците од секоја индустрија доаѓаат на интернет за интеракција и идејата за совладување на најбараните вештини како front-end програмер, креирање на беспрекорно, интерактивно искуство за корисниците и насочување на фокусот на корисниците на содржината ти звучи примамливо, тогаш си на правилното место.
Големите плати кои достигнуваат до 62% повеќе од просечните плати од другите индустрии, огромната побарувачка и безбедноста на работа се само дел од поволностите кои доаѓаат со оваа кариера. Со совладување на вистинските вештини за front-end програмирање ќе имаш пристап до бројни кариерни можности, а изборот на правилниот факултет е првиот чекор што секој ентузијаст за front-end треба да го преземе.
5 причини зошто да почнеш да учиш front-end програмирање:
1. Зголемена побарувачка на front-end програмери на глобално ниво
Front-end програмерите имаат една општа одговорност – да се осигураат дека посетителите на веб-страниците можат лесно да комуницираат со страницата. Тие го прават тоа преку комбинација на дизајн, технологија и кодирање на изгледот на веб-страницата, а воедно се грижат и за решавање на одредени багови коишто би можеле да се појават. Секогаш кога ќе посетиш одредена веб-страница, сè што ќе видиш и кликнеш е дело на front-end програмерите.
Знаејќи го фактот дека 94% од првиот впечаток на еден корисник се базира на искуството што го има со одредена веб-страница или апликација, front-end програмерите стануваат дел од секоја компанија, а нивната побарувачка продолжува да расте на глобално ниво.
Ако ги погледнете веб-страниците за регрутирање како што е Indeed, ќе најдете не помалку од 4.000 до 7.000 огласи за работни места за front-end програмери. Тоа е неверојатна бројка која од година до година драстично се зголемува.
Дополнително, ако ги погледнете светските трендови на Google од декември 2011 година, ќе откриете дека терминот за пребарување за напредни програмери се зголемил за речиси за 300% во изминативе 10 години.
Со овие две статистики, комотно можеме да кажеме дека работната позиција за front-end програмери сè уште е многу барана ширум светот.
2. Креирање на високо квалитетни и респонзивни веб-страници и решенија
Front-end програмерите користат комбинација од јазици како HTML и CSS и алатки како React, за да создадат интерактивно и пријатно корисничко искуство. Тие се фокусираат на создавање на високо квалитетни и респонзивни веб-страници, користејќи методи и дизајни кои одговараат на пристапот насочен кон корисникот.
Управувајќи со низа на активности, вклучувајќи ги и боите и фонтовите, и дизајнерските аспекти како што се slider и drop-down менија, тие се одговорни за искуството на корисниците на веб-страниците коешто е клучно за перформансите на една компанија.
Важноста на респонзивна веб-страница
Крајната цел на респонзивниот дизајн е да се елиминира потребата од непотребно менување големина, лизгање, зумирање на веб-страници кои не се погодни за мобилни телефони. За жал, навигацијата на овие страници е често предизвикувачка и компаниите може да ги чини потенцијални клиенти кои стануваат фрустрирани обидувајќи се да сфатат како да направат нешто.

Респонзивните веб-страници им овозможуваат на компаниите да:
- Го подобрат корисничкоto искуство
Корисниците ќе имаат одлично искуство на веб-страницата доколку е дизајнирана респонзивно, без оглед на тоа кој уред го користат. Корисниците веројатно ќе поминат многу време на веб-страница ако видат колку добро се скалира и реагира на промените во скалите, како и колку лесно можат да стигнат до сите менија и копчиња. Сепак, тие веројатно ќе заминат ако им е предизвик да се движат и постојано да зумираат содржина.
- Повисоки стапки на конверзија
Според истражувањето, просечната стапка на конверзија на паметни телефони е 64% поголема од просечната стапка на конверзија на десктоп. Јасно е зошто создавањето респонзивна веб-страница со позитивно корисничко искуство е клучот за зголемување на стапките на конверзија. Корисниците ќе добијат доверба и повеќе време ќе поминуваат на веб-страницата што ќе резултира со повисоки стапки на конверзија.
- Понизок bounce rate
Процентот на посетители кои ја напуштаат веб-страницата откако ќе посетат само една страница претставува bounce rate. Корисниците на една веб-страница нема да имаат проблем да останат на истата подолг период доколку истата е респонзивна и им нуди добро корисничко искуство. Дополнително, респонзивната веб-страница ќе ги наведе корисниците да кликнат и да ги истражуваат другите различни аспекти на истата веб-страница.
Сето ова ѝ овозможува на една компанија да вложи многу во обезбедување на добри front-end програмери кои ќе можат на корисниците да им обезбедат одлично искуство на веб-страниците
Со сé поголемиот развојот на интернетот, корисниците на веб-страниците го ценат, па дури и очекуваат добро дизајнирана веб-страница додека пребаруваат на интернет. Како резултат на тоа, прогресивните компании сега го разбираат значењето на респонзивниот дизајн на веб-страници, а со тоа и важноста на front-end програмерите.
3. Креативна професија со многу кариерни можности
Ако и ти си еден од оние кои бараат возбудлива кариера, исполнета со многу кариерни можности со цел да ги истакнеш своите таленти, тогаш front-end програмирањето е една таква сфера каде што ќе добиеш неограничени можности за да ја покажеш твојата креативна страна и технички вештини.
Eве дел од задачите на front-end програмерите кои ги прават незаменлив ресурс во секоја компанија:
- Приоритетизирање на корисничкото искуство;
- Оживување на концептите со HTML, CSS и JavaScript;
- Креирање и одржување на веб-страници и кориснички интерфејси на веб-апликации;
- Создавање алатки кои ја подобруваат интеракцијата со страницата во кој било прелистувач;
- Имплементација на дизајн за мобилни сајтови;
- Тестирање на страницата за употребливост и поправка на какви било грешки.
Front-end програмерите користат три основни јазици за кодирање за да ја кодираат веб-страницата и дизајните на веб-апликации создадени од веб-дизајнерите:
- HTML
- CSS
- JavaScript

Во програмата на Brainster Next College е предвидено детално изучување на овие три програмски јазици. Уште во првата година од додипломските студии, студентите ќе се запознаат со веб апликации и ќе се соочат со настанско програмирање, управување и одржување на веб-страници, а клучните комтенеци кои ќе ги добијат студентите на крајот од предметот „Веб апликации“ преку самостојна работа е да научат да развиваат веб апликации со JavaScript, HTML5 и CSS3.
4. Разбирање на процесот за развој на еден софтвер
Развојот на еден софтвер се однесува на повторувачки логички процес кој има за цел да создаде програмиран софтвер за исполнување на единствени деловни или лични цели или процеси. Сето ова претставува збир на повеќе активности и чекори како што се: истражување, дизајнирање проток на податоци и процеси, пишување техничка документација, сеопфатно тестирање, дебагирање и постојано тестирање. Ова е процес кој е клучен за секоја компанија, а е во рацете на front-end програмерите, со што уште еднаш се потврдува фактот дека тие се неопходни за секоја компанија во секоја индустрија.
5. Работа на проекти како freelancer
Откако ќе ги совладаш потребните вештини за front-end програмирање, следниот чекор е да тргнеш во потрага по твоето ново работно место, но имај ја предвид работата како freelance front-end програмер. Со развојот на технологијата и креирањето на различни алатки коишто им се достапни на front-end програмерите, тие можат да уживаат во работењето како freelancer-и. Freelancing-от е растечко поле коешто може да се покаже како подобра опција за тебе доколку не си во потрага по работа со полно работно време. Преку freelancing-от ќе можеш да уживаш во работата на различни проекти и секогаш да ги одбираш оние коишто ќе ти донесат најголема сатисфакција.

Уписот на првиот акредитиран ИТ факултет во земјава, Brainster Next е во тек. Отворена е и можноста за уникатниот модел на плаќање „Студирај сега плаќај по вработување“, а првиот чекор е регистрација и решавање на компетитивниот тест.
Првата група е веќе пополнета. Интересот е голем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!