Инспирација наоѓам во секој постигнат успех

Атанасија Ѓоргиевски е уште една мотивирана и амбициозна личност која ја раскажа својата инспиративна приказна.
zapoznaj-gi-studentite-atanasija-gjorgievski | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share
Share on facebook
Share on linkedin


Атанасија Ѓоргиевски се придружи на првата генерација студенти што студираат Софтверско инженерство и иновации на првиот акредитиран практичен ИТ факултет кај нас – Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ). 

Желбата за програмирање ѝ се развила со запишувањето на Академијата за Full-Stack програмирање на Brainster, а пристапот на инструкторите, работната атмосфера, целокупниот кадар на Brainster и добрите практики, биле пресудниот чекор да ги довери и своите додипломски студии на Brainster Next College.

Да ја запознаеме подобро!

Атанасија, заврши со учење на Академијата за Full-Stack програмирање на Brainster (Бреинстер). Зошто се одлучи за оваа академија и какво е твоето искуство, што најмногу научи, дали се исполнија твоите очекувања?

Можам да кажам дека за Full-Stack програмирање токму на Brainster се одлучив поради тоа што слушнав премногу позитивни искуства и преголеми пофалби до наставниот кадар на Brainster. Моето искуство е беспрекорно, не можам да одделам нешто како најмногу научено бидејќи секоја материја што беше предвидена во програмата, перфектно ја изучивме. Работната атмосфера, инструкторите и целокупниот кадар на Brainster, не само што ги исполнија, туку и ги надминаа моите очекувања.

Зошто избра да студираш на Brainster Next College? Дали можеби искуството со Brainster беше пресудно да се одлучиш и за факултетот?

За новата акредитирана програма слушнав така што ми пристигна мејл кој беше испратен на сите тогашни студенти кои беа дел од академиите на Brainster. Без размислување одлучив да го изберам Brainster Next College, поради тоа што едноставно верувам во Brainster, очекувањата ми се преголеми, дотогашното искуство како и стекнатото знаење ми беа повеќе од доволни за да го направам тој чекор.

Што најмногу те привлекува кога е во прашање Софтверското инженерство и иновации, зошто одбираш кариера во овој правец?

Кариера во овој правец одбирам најпрвин затоа што сум свесна за своите квалитети во оваа област и истата ја гледам како темел врз кој ќе ја изградам својата иднина. Кога е во прашање Софтверското инженерство и иновации можам да кажам дека буквално сè ме привлекува, секој предмет си има свои уникатни квалитети кои би сакала, чекорејќи го овој академски пат, детално да ги изучам.

Што ти се допаѓа најмногу од студиската програма на Brainster Next College, предметите, наставниот кадар, праксата и што сметаш дека ќе ти биде најголем предизвик за совладување?

Од студиската програма на Brainster Next College ми се допаѓа буквално сè, тврдам дека ова е првата студиска програма на овие простори без никаков пропуст. Но, ако мора да издвојам едно нешто што ми остави најголем впечаток, би кажала дека тоа е праксата на која конечно и се посвети доволно внимание, праксата која е најважното нешто во текот на образованието, а воедно и најзапоставеното нешто на нашите универзитети.

Какво е твоето претходно предзнаење за ИТ, дали можеби учењето на академијата ти беше доволен предизвик, па се охрабри за да посакаш да учиш и додипломски студии во ИТ областа?

Пред почетокот на Академијата за Full-Stack програмирање на Brainster, немав никакво предзнаење во ИТ областа. Сега, по успешно завршување на истата, би кажала дека имам стекнато премногу големо знаење благодарение на тимот на Brainster, кој исто така ми ги зголеми амбициите и ме охрабри да се стремам кон исполнување на поголеми цели како додипломски студии.

Кажи ни нешто за себе, што те инспирира во животот, на што си најмногу посветена?

За себе би кажала дека сум амбициозна личност која посветено, одговорно и трпеливо чекори по патот на успехот. Исто така сум личност која ужива својата работа да си ја сработи беспрекорно и секој предизвик да го совлада навреме. Изворот на инспирација го наоѓам во секој свој постигнат успех, кој ме мотивира да продолжам со поголеми сили кон целта. Последнава година најмногу бев посветена на совладување на предизвиците со кои се сретнав на Академијата за Full-Stack програмирање со што успеав да го достигнам врвот на истата.

Каде се гледаш себеси во иднина?

Со оглед на тоа дека патот до дипломирањето не е воопшто краток и програмата на Brainster Next College не е воопшто монотона, мислам дека уште е рано да кажам каде се гледам во иднина. Но, од оваа дистанца со моменталното знаење и завршена Академијата за Full-Stack програмирање се гледам себе како Senior Full-Stack Developer.

Tech – индустријата навистина многу го промени светот и животот на младите. Како гледаш на промените што се случуваат на ова поле, те фасцинираат, те плашат? 

Tech – индустријата најпрвин можеме да кажеме дека со неверојатниот капацитет за нови идеи постојано го олеснува животот на луѓето. Вложената имагинација и промените кои се случуваат на оваа поле навистина ме фасцинираат, поради тоа што верувам дека единствената константа во технологијата е промената.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера во програмирање и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.

За повеќе информации закажи средба сега!

Share

Share on facebook
Share on linkedin

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Нова студиска програма на Brainster Next College!

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!