Search
Контакт

„Студенти, учете и ќе постигнете големи нешта!“ Прв академски час на Brainster Next College

Срамежливи, возбудени, со мала доза на трема, но сепак насмеани и пресреќни што почнуваат нова животна авантура, која ќе ги однесе кон сигурен и успешен пат. Нашата прва генерација студенти вчера седна во студентските клупи.
prv-akademski-cas-studenti-softversko-inzenerstvo | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share

Ги отворивме вратите за нашата прва генерација студенти што ќе учат Софтверско инженерство и иновации по најсовремени студиски програми и од искусни професионалци.


Токму на Светскиот ден на учителите, започнуваме нова образовна приказна, која на многу млади што сакаат да учат во една од најперспективните области – информатичките технологии, ќе им овозможи револуционерен модел за финансирање на студиите. Ние сме единствен факултет (приватен или државен), акредитиран од Министерството за образование и наука, што нуди можност за студирање со 0 денари трошок сè до дипломирањето и вработувањето на студентите, преку програмата „Студирај сега, плаќај по вработување“.

Какви совети добија студентите?

Нашата прва генерација студенти на првиот академски час ги поздравија дел од професорите, административниот кадар и советот од секој од нив беше ист: „Многу учете, прашувајте, бидете љубопитни и ќе постигнете големи нешта!“

Петар Ниновски, основачот на Brainster и на Brainster Next College, на студентите им кажа дека ќе се соочат со многу предизвици, многу поминато време во учење, но и многу можности кои ќе треба да ги искористат.


„Од ова не треба да се плашите бидејќи ние ќе бидеме со вас, ќе ве поддржуваме во секој чекор. Она што можам да ве советувам е да учите многу, да им помагате на колегите, да бидете љубопитни, да прашувате. Почнувате нова фаза во вашиот живот, се надевам дека заедно ќе постигнеме големи работи. Од вас очекуваме многу иновации со кои ќе правите промени во општеството“, им рече Ниновски.

Петар Ниновски

Генералниот менаџер на Brainster Next College, Александар Клашниновски, пак истакна дека сите предизвици ќе се решаваат заеднички, за по многу години, првата генерација на студенти да биде горда на успесите.

„Би ве советувал да се фокусираме на три важни работи во оваа фаза од животот. Иако треба да сте технички спремни, важно е да научите да ги развивате и меките вештини (soft skills). Да знаете да комуницирате, презентирате, да работите тимски со луѓе со кои не сте компатибилни. Тоа ќе ве одвои од другите. Потоа, важно е да научите да градите врски со вашите колеги, со други личности, бидејќи во животот ништо не можете да направите сами. Потребна е мрежа на луѓе со кои заедно ќе напредувате. И трето, уште отсега е важно да имате мајндсет на растење. Тоа значи дека од денеска, па натаму ќе учите, но важно е да разберете дека учењето никогаш не треба да престане. Само така ќе бидете чекор напред“, им рече Клашниновски на студентитe.

Александар Клашниновски

Совети и од алумни заедницата на Brainster

Нашите студнети ги поздравија и неколку алумни од академиите на Brainster, основачот на факултетот, од каде што ќе се пренесат сите позитивни образовни практики, како работата на реални проекти, практична настава и менторски пристап на наставниот кадар. Тие ги охрабрија студентите и им кажаа дека не е лесно да се учи програмирање и да се совладуваат ИТ-вештините, но дека овие програми ќе ги подготват добро за работата во домашни и странски компании.

Работата на реалните проекти ја дава сликата за она со што ќе се соочите на работа. Треба да се вложува многу труд и време, но верувајте дека вреди – им порача Карла Биков, алумни од Академијата за Full-Stack програмирање која сега работи како програмерка.

Го слушнавме и Даниел Веселинов, алумни на Академијата за Full-Stack програмирање кој на студентите им порача да ги работат сите реални проекти бидејќи така најдобро се учи, и им кажа дека се во добри раце бидејќи професорите се ментори што знаат да пренесат знаење.

Вредни совети студентите добија и од нивните професори Ивица Пешовски и Петар Јолакоски.

Јолакоски, кој предава Линеарна алгебра, посочи зошто е важно да се учи математика, како дел од наставната програма на Brainster Next College. Според него, ако не се учи овој предмет, тоа прави огромна дупка во знаењето на студентите што сакаат да се насочат кон машинско учење и науката за податоци.


„Ние нема да го учиме овој предмет сувопарно. Јас успеав да направам програма, односно предметот целосно да биде имплементиран во Python, односно програмски јазик и со тоа целосно ќе научите да манипулирате со податоци“, рече Јолакоски.

Пешовски потенцираше што значи да се биде инженер и зошто овој збор носи многу голема тежина.

„Сигурно познавате лекари што не се вистински лекари, или архитекти што не се архитекти. Да се биде инженер значи да се поседува знаење, а тоа се постигнува само со учење. Ние заедно ќе ги научиме сите работи што ви се потребни за да станете инженери и да се гордеете со тоа. Ќе треба да дадете многу време, многу труд и за 3 години ќе бидете сосема други личности. Општеството ќе бара од вас, ќе очекува од вас да го потврдите тоа што сте го научиле“, им рече Пешовски на студентите.

Ивица Пешовски

Наставата на првиот применет (практичен) ИТ-факултет во Македонија, Brainster Next College, ќе биде со физичко присуство. Во сржта на нашиот факултетот се праксата и реалните проекти, што ќе се овозможат преку соработката со локалната и глобалната ИТ-индустрија. Нашите партнерски компании ќе нудат и вработување за студентите.

Среќно наши драги студенти!

Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Студирај практично! Студирај IT! Последниот уписен рок за Академската '24/25 e во тек.

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!