Студентите на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ), покрај македонските и странските професори и предавачи, ќе ја имаат привилегијата како гостински предавачи да ги слушнат извонредните искуства на експерти од најголемите глобални ИТ компании и докажани професионалци што работат на иновации и платформи кои го движат светот.
Една од нив е и Мартина Миц која што живее и работи во Германија и е сертифициран психолог и UX специјалист чиешто искуство и професионализам во областа на UX дизајнот и веб-интерфејсите може да се забележи во работата за глобално реномирани компании како што се Volkswagen, T-Online, eBay, PayPal, Emirates Airlines, Cortal Consors (BNP Paribas) и многу други.
Студентите на Brainster Next College ќе учат од врвен професионалец како Мартина која за своите методи на работа вели дека опфаќаат еден главен аспект, а тоа се луѓето и начинот на кој функционираме или како што се нарекува во науката, „човечкиот фактор“.
„Само преку подлабоко разбирање на она што ги тера нашите потенцијални или постоечки клиенти да се движат, можеме да создадеме нови значајни решенија или да ги оптимизираме постојните на вистински начин. Јас сум специјализирана не само да им помагам на компаниите да го постигнат ова, туку и да ги подучувам сите луѓе вклучени во процесите за решавање проблеми, како да го откријат тој „човечки фактор“, вели Мартина.
Од клинички психолог до откривањето на UX дизајнот
Таа има многу различно работно искуство и неверојатна кариерна трансформација. Започнала да работи како клинички психолог во 2008 година, а трансформацијата и нејзиниот раст во UX – полето секогаш бил не само предизвикувачки, туку и многу интересен, но и наградуван. Како посебен случај што ја направил горд е за приказна што се појавила во германските вести, за момче од Лондон што ја спасило својата постара мајка, која живеела сама во Германија, од пожар во нејзиниот дом преку паметен – домашен уред, кој го вградил во нејзиниот стан.
Мартина ни раскажа дека овој уред е дело нејзин поранешен клиент и затоа го истакнува како вистинска награда за неа.
„Идејата за уредот е од вистинско истражување во 2019 година. Не развивме специфичен уред за постари луѓе (како што беше првичното барање), туку им дадовме на нивните возрасни деца – нашите постоечки клиенти, можност да имаат мир во однос на состојбата со нивните постари родители дури и од многу далеку, но во исто време не им ја одземавме автономијата што е многу важна за постарите луѓе. И неколку години подоцна, ова буквално спасува животи“, вели гордо Мартина.
Запознајте ја Мартина Миц – гостински предавач на студиската програма Софтверско инженерство и иновации
Мартина, работиш како UX/service дизајнер и сертифициран психолог, или UX психолог. Може да ни кажеш нешто повеќе за твојата работа, што ја прави предизвикувачка и интересна?
Ова е најдобрата работа на светот! Накратко, ги истражувам луѓето и ги користам овие информации за потоа да им помогнам на бизнисите да генерираат решенија или да се позиционираат и да ја градат својата стратегија за иднината, врз основа на тој фундамент фокусиран на човекот. Оставам на вашата фантазија понатаму, колку мојата работа може да биде сестрана, интересна, но и предизвикувачка и награда од примерот во претходното прашање со момчето од Лондон.
Ќе ни бидете гостински предавач на Brainster Next College. Зошто е важно студентите што ќе учат софтверско инженерство и иновации да знаат и за UX психологијата?
Па, може да имате одлична идеја и исто така одлични технички способности, но ако не вложите напор да ги разберете луѓето за кои на крајот и го правите сето тоа, тогаш порано или подоцна сте осудени на неуспех. Не мора да ме слушате овде и ќе се изненадите кога ќе научите, но истото мислење го имаше и Томас Едисон. Повеќе за ова во моето предавање:)
Кој е најважниот совет за студентите?
„Не заборавајте на големата слика! Ова е најдобриот совет што и јас го добив, но и си го потврдив низ годините. Толку е лесно да се „фатите“ за детали, особено кога сте во период на барање на решение, така што лесно може да заборавите што всушност сте почнале да правите. Затоа, важно е одвреме-навреме да направите чекор назад и да се потсетувате себеси на големата слика.
Веројатно е предизвикувачки за секој професор да открие како се добива довербата на студентите. Има ли некој успешен метод?
Па, веројатно не користам некој посебен метод, туку се трудам секогаш да си бидам јас, да бидам многу искрена и директна. На пример, не постои прашање што е премногу лично. Исто така, не ги кријам неуспесите или борбите како предавач, не се ни трудам да прикажам дека сè е совршено – и онака сите сме само луѓе!
Има ли некоја книга што особено влијаела на кариерниот развој и би ја препорачала на студентите?
Да, „Mapping Experiences” од Џим Калбах. Од него учев од прва рака и тој го имаше едно од најголемите влијанија врз мојата кариера. Голем дел од она што го научив доаѓа од него, дури и советот за „големата слика“. Сето ова е во книгата на Џим и всушност е преглед на методите што најмногу ги применувам во мојата работа.
Омилен совет што секогаш го следиш пред големи одлуки?
Погодете:) Се разбира, „Не заборавајте на големата слика“.
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера во програмирање и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.
Join Generation Next – и преземи го првиот чекор за квалификација за уникатниот финансиски модел Студирај сега, плаќај по вработувањето преку решавање на онлајн тестот за компетенции!
Местата се ограничени, затоа закажи средба сега!