Леонид Марковски е матурант од средното скопско училиште „Илинден“ и со нетрпение чека да почне со студиите на првиот акредитиран ИТ факултет во земјава, Brainster Next College.
Леонид ни раскажа дека средношколските денови ќе ги памети најмногу по неговите пријатели со кои секогаш поминувал забавно во училиште. Најмногу му пречело тоа што наставната програма е преоптоварена со непотребни информации и има недостаток од пракса. Ова, дефинитивно нема да му биде проблем на факултет, бидејќи наставната програма по Софтверско инженерство и иновации се темели на практична работа, пракса во компании и работа на реални проекти.
Леонид многу сака да спортува, најмногу да вози велосипед, па од скоро оди и на натревари. Но да го запознаеме подобро!
Леонид, зошто избра да се запишеш на Brainster Next College, како слушна за нашата нова акредитирана програма и какви се твоите очекувања?
Јас и од претходно имав слушнато за Brainster и имав желба да се запишам на една од нивните академии, но не го сторив тоа. Но, после одреден период ми пристигна меил од Brainster на кој ме известија дека оваа година го отвараат својот прв ИТ факултет во Македонија кој е исто така акридитиран од МОН. Се распрашав наоколу, добив позитивни коментари, кои беа од типот дека тие се едни од најдобрите во таа област во Македонија, и тоа беше пресудно да се запишам.
Што најмногу те привлекува кога е во прашање Софтверското инженерство и иновации, зошто одбираш кариера во овој правец, што беше пресудно во твојата одлука?
Кога ќе погледнеме како оди технологијата напред сите се восхитуваме на тоа. Уште како мал ме интересирало како функционира сето тоа, па така и го привлече моето внимание. Затоа и сакам да изградам кариера во таа област.
Ми се допаѓа тоа што најголем дел од студиската програма на Brainster Next College и во текот на студиите ќе се обрне големо внимание на праксата и практичниот дел за кој сум сигурен дека понатаму ќе ни ја олеснат работата и текот на кариерата. Па затоа ќе учиме од најдобрите, за и ние да станеме најдобри.
Какво е твоето претходно предзнаење за ИТ областа, како всушност ја засака оваа област?
Па моето претходно искуство со ИТ областа не е многу големо. Мал дел од тоа што го рабоетвме со нашите пофесори по информатика во средно.
Што те инспирира во животот, на што си најмногу посветен имаш ли можеби некое интересно хоби?
Имам голем интерес кон екстремните спортови, заинтересиран сум исто така и за мотоспорт. Моето хоби е возење велосипед кое по одредено време стана нешто повеќе и од хоби, па почнав да се бавам со тој спорт и да се натпреварувам.
Tech – индустријата навистина многу го промени светот и животот на младите. Како гледаш на промените што се случуваат на ова поле, те фасцинираат, те плашат?
Па, таа доста ме фасцинира кога ќе погледнам како сѐ оди нанапред со полна сила. Себеси во иднина се гледам како успешен во ИТ светот.
Дали ќе ја искористиш финансиската поволност „Студирај сега, плаќај по вработување“, како помина на тестот и што мислиш за оваа поволност која е прва од ваков тип кај нас?
Јас лично не ја искористив таа опција, но мислам дека е доста добро за секој млад човек што сака да студира, а сака да плаќа отпосле. Инаку, на тестот поминав доста добро.
Има ли некоја посебна личност на која ѝ се одушевуваш и зошто?
Најмногу се восхитувам на хрватскиот иноватор Матеј Римац кој од својата мала гаража и својот стар автомобил, успеа да направи светски гигант, кој е поврзан со најпознатите светски брендови во таа област.
Уписот на првиот акредитиран ИТ факултет во земјава, Brainster next е во тек. Отворена е и можноста за уникатниот модел на плаќање „Студирај сега плаќај по вработување“, а првиот чекор е регистрација и решавање на компетитивниот тест.
Интересот е голем и бројот на места –ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!