Никола Јованов е уште еден матурант кој ни доаѓа од Гевгелија. Има завршено во средното училиште „Јосиф Јосифовски“, а своето образование ќе го продолжи токму на Софтверско инженерство и иновации на првиот акредитиран практичен ИТ факултет – Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ).
Иако нема големо досегашно искуство во ИТ светот, свесен е за неговата значајност и важност во денешницата и спремен е да се соочи со сите предизвици кои ќе се појават на патот при совладување на сите потребни ИТ вештини.
Да го запознаеме подобро!
Никола, матурант си од средното училиште „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија. По што ќе го паметиш средното образование, со какви спомени ќе се разделиш од училиштето?
Средното образование ќе го паметам по бескрајната забава и дружба со моите соученици и најмногу знам дека ќе ме погоди носталгијата да се вратам пак во средно образование, бидејќи бевме слободни како птици и правевме учењето да биде забавно.
Што би сменил веднаш во македонското образование кога би имал некаква моќ?
Јас единствено би ставил професори кои ќе го направат часот интересен, да имаме причина зошто да одиме на училиште, да знаеме што нè чека таму, да нурнеме со сета радост и возбуда.
Зошто избра да студираш на Brainster Next College, како слушна за нашата нова акредитирана програма и какви се твоите очекувања?
Го избрав факултетот бидејќи сакав да се соочам со новиот свет на информатиката, за вас слушнав од мој близок роднина и си реков зошто да не и очекувањата ми се на високо ниво бидејќи имам добро чувство за сето ова.
Што најмногу те привлекува кога е во прашање Софтверското инженерство и иновации, зошто одбираш кариера во овој правец?
Отсекогаш сум сакал да бидам вешт во информатиката и компјутерите, фасцинантно е што сè може да се направи со неколу потези.
Што ти се допаѓа најмногу од студиската програма на Brainster Next College, предметите, наставниот кадар, праксата и што сметаш дека ќе ти биде најголем предизвик за совладувањe?
Најмногу ми се допаѓа тоа што повеќе време ќе поминуваме заедно на училиште и таму ќе видиме кој колку знае, да учиме заедно, а најголем предизвик мислам дека ќе биде мислата дека сето ова не е „зафрканција“ и дека е реалност со која мораме да се соочиме и совладаме.
Какво е твоето претходно предзнаење за ИТ, што те охрабри за да посакаш да учиш и додипломски студии во ИТ областа?
Јас немам многу големо искуство со ИТ, затоа сакав да научам бидејќи многу брзо светот ја прифати технологијата и сакам и јас да бидам дел од неа.
Напиши ни нешто за себе, што те инспирира во животот, на што си најмногу посветен имаш ли можеби некое интересно хоби?
Во моментот ја користам секоја шанса да бидам во потрага по нешто ново, секој ден си кажувам дека морам да успеам и дека некогаш морам да паднам за повторно да станам, а моето хоби можеби е повеќе од хоби, но обожавам музика и гитара премногу.
Која е личноста на која ѝ се восхитуваш и зошто?
Личноста на која и се восхитувам е татко ми, бидејќи има поминато низ многу и тоа уште од само 17 години, има изградено прекрасна фамилија, другото не е важно.
И за крај, каде се гледаш себеси во иднина?
Искрено се гледам како сум на некое повисоко ниво во информатиката и со гитара в раце.
Уписот на првиот акредитиран ИТ факултет во земјава, Brainster next е во тек. Отворена е и можноста за уникатниот модел на плаќање „Студирај сега плаќај по вработување“, а првиот чекор е регистрација и решавање на компетитивниот тест.
Интересот е голем и бројот на места –ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!