Search
Контакт

Работете на себе, верувајте му на универзумот и вложете се во работата што најмногу ја сакате

Со Филип Арсов, косопственик на Synapse Aviation, компанија чиј софтвер го користи авиокомпанија Lufthansa ги започнавме настаните Brainster Next Talks.
Filip-Arsov-Synapse-Aviation-Lufthansa | Brainster Next Talks | Softversko inzenerstvo i inovacii | UX/UI i graficki dizajn | Brainster Next College
Share

Како прв акредитиран практичен ИТ-факултет во Македонија се залагаме за редифинирање на учењето и креирање на едно поинакво и подобро студентско искуство. Не е тајна дека технолошката индустрија брзо се развива, а традиционалните образовни модели почнуваат да се заменуваат со попрактични модели на учење. Токму ова беше подвигот за основање на Brainster Next College кој го препозна потенцијалот на практичнoто учење и презема храбар чекор создавајќи студиски програми кои го премостуваат јазот помеѓу академската заедница и реалниот свет. Како една од придобивките што ја имаат студентите на Brainster Next College е достапноста до експерти од индустријата и можност за учење од најдобрите. Затоа, и ги започнавме настаните кои ги нарековме Brainster Next Talks, на кои нашите студенти ќе имаат шанса да слушнат успешни приказни и многу корисни совети.

Што претставуваат Brainster Next Talks?

Brainster Next Talks се логично продолжување на основната визија на факултетот. Овие настани им овозможуваат на нашите студенти неверојатна можност, пред сè да дознаат повеќе за ИТ-светот од влијателни личности во оваа област, а секако и да остваруваат значајни контакти и да се вклучат во заедница на истомисленици.

Овој серијал со настани го започнавме со Филип Арсов, најмногу познат по својот продукт кој веќе го користи светски реномираната авиокомпанија Lufthansa.

Кој е Филип Арсов?

Филип Арсов е претприемач, сопстветник и косопственик на две компании, Synapse Group и Synapse Aviation. Веќе има две апликации зад себе меѓу кои и Airport Briefing, продукт на една од неговите компании. Овој софтвер го користат од Lufthansa Group, како и многу други познати авиокомпании со цел нивните пилоти полесно да навигираат и да се брифираат.

Филип воедно е и електроинженер по професија, кој во неговите факултетски студии решава дека има и други интереси кои се покреативни и додека уште студира одлучува да учи и веб дизајн, Maya, 3D.

„Конечно после толку години работа можам да кажам дека успеав на некој начин, успеав да се пробијам и да реализирам една идеја за која мечтаев уште од 2007 година. Сакав да направам нешто што ќе има бесконечен потенцијал“, сподели Филип со нашите студенти.

5 работи што ги научивме од гостинското предавање на Филип Арсов

1. За да успееш најди нешто во што си добар, сакај го тоа и осигурај се дека истото му е потребно на светот.

Иако Филип бил успешен во своите студии, на половина од факултетот не се чуствувал среќен и мислел дека згрешил со одлуката и изборот на факултетот. Но, не сакал да се откаже од започнатиот пат и одлучил да ги заврши додипломските студии по што си ветил дека ниту еден ден од својот живот повеќе нема да работи нешто што не го сака.

„Секогаш треба да бидете нешто, па да имате. Лошо е да почнете да фантазирате за пари, слава и успех. Тие се илузија. Парите се хартија. Нема да ве направат среќни долгорочно. Ќе ви го направат за кратко време полесен животот, ама нема да бидете среќни. Тоа што ќе ве направи среќни е тоа што ќе го правите секој ден, а тоа е предизвик за вас“, ги советуваше Филип студентите.

Со голема мотивација и решителност, одлучил додека студира да ја истражува повеќе својата вистинска пасија и почнал да работи веб-дизајн, 3D визуелизации, анимации и сè што е поврзано со UX/UI.

„Тогаш разбрав дека мојата пасија за UX/UI дизајн не треба да ја занемарам. Работев по 14-15 часа на ден, бев лудо заљубен во тоа што го правев и од таа моја пасија се роди квалитет. Од тој квалитет најдов нешто во што сум добар, нешто што го сакам, сфатив дека на светот му е потребно тоа што го правам и е нешто за што луѓето би платиле“, изјави Филип.

Ова всушност е познато како јапонската тајна за долг и среќен живот, „Ikigai“ – да ја најдеш причината за којашто ќе се будиш и за која ќе сакаш да живееш.

„Формулата за успех е упорност и учење или љубов и дисциплина. Секогаш во сите можни аспекти, во животот е важно да знаете да избалансирате два елементи – љубов и дисциплина. Патот кон успехот е кулминација на упорноста и знаењето. Вие сте на право место бидејќи овде го добивате знаењето, а за упорноста сте одговорни самите вие“, им кажа Филип.

Филип ги советуваше студентите да не почнуваат од идејата да направат пари или да станат како Elon Mask. Туку, да го прават тоа што на нив им е пасија. Со тоа, успехот е загарантиран, а воедно и секој нареден ден поубав и полесен.

2. Нема изговор за пристапот до знаење. Сè е достапно со само еден клик.

Во овој свет каде што сè ни е достапно нема потреба да се учат информации и факти. Тие се тука, на смартфон, лаптоп, каков било уред. Едноставно тука се на само еден клик од нас.

„Посветете се на долгорочно учење и не барајте изговори дека нешто не можете да научите“, беше советот што го сподели Филип.

Нешто на што треба да се фокусираат наредните генерации се меките вештини, тимската работа и социјалната одговорност. Ова се нешта што машините никогаш нема да ги имаат, а ние треба да бидеме доволно благодарни што ги имаме и постојано да ги негуваме и надградуваме.

3. Кога се започнува со бизнис фокусот треба да е на големите проблеми.

Филип на студентите им сподели изрека од Elon Mask: „Водењето на бизнис е како да гледаш во амбис и да јадеш стакло“. Ова значи дека успешните претприемачи треба да ги гледаат и да се фокусираат на лошите работи, а не на добрите. Само со согледување на големите проблеми и вложување на многу труд за нивно решавање бизнисот може да успее и да напредува.

Тука се осврна и на прашањето од студентите „Дали е подобро да бизнис да се основа сам или пак со партнер?“. Сподели дека секогаш е подобро да имаш партнер, ама не по секоја цена. Партнерот може да ти помогне и да ги надополни карактеристиките што ги немаш ти, но доколку го немаш направено правилниот избор на соработник, тоа може и да му наштети на бизнисот.

„Партнерот може да биде од голема помош, но може да биде и товар. Тука веќе станува збор за колку имате животно искуство да ги процените луѓето. Секако, статистички докажано е дека многу партнерства не успеваат, па ако можете сами, обидете се така“.

Филип ги мотивираше студентите да не се плашат од грешки при изборот на правилните луѓе, тие се неизбежни. Партнерот и вистинскиот тим се наоѓаат со „trial and error“. Ќе треба да процениш дали другите имаат исти вредности и дали сте компатибилни. Кога бираш партнер треба да бараш човек што ќе има сет на вештини што ти го немаш. Не барај некој што е ист како тебе, вие ќе треба меѓусебно да се надополнувате.

4. Не се грижи за финансиските средства при започнување на бизнис. Инвеститори се бараат и добиваат со добра идеја и добар однос.

Во овој период на глобализација многу работи се имаат сменето на подобро и во Македонија. Има голем број на финансиски институции и организации што можат да помогнат на младите претприемачи да успеат во своите бизниси.

„Не се грижите за парите, тие ќе си дојдат. Инвеститори се бараат со добра идеја и добар однос. Ќе направите дизајн, UI, workflow, презентација, ќе научите како добро да ја испрезентирате идејата, ќе најдете добри луѓе и ќе ја презентирате на нив. Кога ќе добиете одреден финансиски дел, ќе почнете со нејзино развивање. Наредниот период ќе се повторува овој процес на развивање на идејата и добивање финансиска поддршка од инвеститори. И, тука доаѓа првиот значаен пресврт – првиот клиент. По ова ќе се фокусирате на надградување на идејата и барање на голем и значаен клиент. Штом го постигнете ова, сè ќе биде многу полесно“.

Парите ќе ти помогнат да ја реализираш твојата замисла, но сепак најважна е идејата. Ако имаш добра идеја, желба, си доволно упорен и ако имаш доволно знаење, ќе успееш.

5. За да бидеш успешен претприемач мораш да веруваш во себе

Секој може да биде претприемач, ама за да бидеш успешен треба да имаш визија, идеја, да знаеш да ги пренесеш, да бидеш упорен и гладен за знаење и секако да знаеш како да се однесуваш со луѓето. За да успееш во твојот бизнис мораш постојано да еволуираш. Ова значи дека ќе треба да се помириш и со успехот и со неуспехот. Ако сфатиш дека сè е во ред што и да се случува и дека и лошите работи се подеднакво корисни како и добрите, ќе бидеш поспокоен дека не можеш да погрешиш.

„Ако сфатите дека не можете да згрешите ќе играте послободно, повеќе со срце отколку со разум и со тек на време ќе си се наместат работите како што треба. Работете на себе, верувајте му на универзумот и вложете се во работата што најмногу ја сакате“, го советуваше Филип.

Кога зборуваше на оваа тема, Филип доби прашање од студентите за еден клучен момент за секој иден претприемач – „Како да знаеме кога да се откажеме, а кога да продолжиме да пробуваме?“. Вербата во себе и интуицијата се клучни карактеристики за да станеш успешен претприемач. Кога ќе почиусвтвуваш дека е доволно и дека од таа точка не може да се напредува, не продолжувај. Треба да си упорен, но не треба да ги игнорираш фактите и интуицијата. Продолжи додека има логика. Мудроста во водење на бизнис меѓудругото е да знаеш кога да се откажеш и кога да кажеш не.

Инспирирани од овој успешен претприемач, студентите не престануваа да му поставуваат прашања и да пробуваат да дознаат што повеќе за како да ги реализираат своите бизнис идеи. За крај, Филип им порача да не се откажуваат од својата идеја, им посака среќа и им ја понуди својата помош и поддршка за во иднина.

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.

Закажи информативна средба сега!

Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Студирај практично! Студирај IT! Последниот уписен рок за Академската '24/25 e во тек.

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!