Search
Контакт

Преку дизајнот можам да ја искажам својата креативност

Ана Марија Пластиновска e една од студентите на додипломската студиска програма по UX/UI и графички дизајн на Brainster Next College. Дознај повеќе.
zapoznaj-gi-studentite-Ana-Marija-Plastinovska | UX/UI i graficki dizajn | Brainster Next College
Share

Ана Марија Пластиновска има 19 години и ни доаѓа од СОУ „Цар Самоил“ во Ресен. Таа е дружељубива и амбициозна личност што сака да патува и да го запознава цел свет, а веќе и студент на студиската програма по UX/UI и графички дизајн на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ).

„Праксата е една од повеќето работи на оваа студиска програма која најмногу ми се допаѓа, бидејќи е важен дел кај секој студент, а Brainster Next College ја нуди на многу добар начин. Воопшто не се сомневам кога станува збор за предметите и наставниот кадар, затоа што знам дека сè заедно ќе ни предизвика прекрасно искуство“, ни сподели Ана Марија.

Здраво Ана Марија. Ти си една од нашите нови запишани студенти на студиската програма по UX/UI и графички дизајн на Brainster Next College. Па ајде да те запознаеме. Сподели ни нешто за тебе.

Здраво! Јас сум Ана Марија Пластиновска. Имам 19 години и доаѓам од Ресен, еден од најмалите, но најпрекрасните градови во Македонија. За мене можам да кажам дека сум дружељубива и амбициозна личност што сака да патува и да го запознава цел свет. Слабост ми се дизајните и секогаш окото ми бега на она што е посебно, а тоа ме прави перфекционист кога се работи за ситните работи околку мене.

Од кое средно училиште ни доаѓаш? Раскажи ни малку за твоето школување, што ти беше најголем предизвик, во какви сеќавања ќе ти остане училиштето?

Доаѓам од прекрасната гимназија СОУ „Цар Самоил“ во мојот град. Оваа гимназија можам да кажам дека важи за една од подобрите гимназии во Македонија. Сама по себе нуди многу можности и ни овозможува нас да се развиеме во подобри личности. Професорите се секогаш тука за секој еден ученик и нè упатуваат во добри насоки. Средното училиште полесно би ја претставила како кутија преполна со убави спомени и секој од тие спомени се посебен дел од мене. За предизвик ја сметам oнлајн наставата која беше за време на пандемијата, бидејќи бевме осудени да ги заборавиме училишните клупи и воедно ни го скрати и другарувањето. Средношколските години, секогаш ќе будат насмевка на моето лице.

Дали ќе ја искористиш можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“? Што мислиш за оваа понуда која е прва од ваков тип во Македонија?

Да, можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“ ќе ја искористам, бидејќи сметам дека тоа е убава и корисна опција за секој студент што досега не сум ја сретнала. Самата опција по себе нуди можност за секој да биде успешен, а притоа да може сам да си го исплати својот успех.

Зошто избра да студираш на додипломската студиска програма за UX/UI и графички дизајн, зошто конкретно одбираш кариера во овој правец? Дали имаш некое претходно искуство во оваа сфера?

Едно од многуте нешта што ми се допаѓа во врска со графичкиот дизајн е тоа што преку него можам да ја искажам својата креативност. Животот на еден графички дизајнер никогаш не може да биде досаден, бидејќи тој секојдневно се буди со различни цели и постојано добива нови идеи гледајќи во работите околу него. Сум немала претходно искуство, но според заинтересираноста која ја имам, мислам дека би успеала во тоа.

Што ти се допаѓа најмногу кога е во прашање оваа студиска програма на Brainster Next College: предметите, наставниот кадар, или пак праксата? Зошто токму тоа?

Искрено, праксата е една од повеќето работи на оваа студиска програма која најмногу ми се допаѓа, бидејќи е важен дел кај секој студент, а Brainster Next College ја нуди на многу добар начин. Воопшто не се сомневам кога станува збор за предметите и наставниот кадар, затоа што знам дека сè заедно ќе ни предизвика прекрасно искуство.

Пак ќе те вратиме на училиштето. Од овој денешен аспект, ако имаш некоја моќ, што е она што би го променила во македонското образование? А, што е тоа што ти се допаѓаше?

Да би имала моќ македонското образование би го сменала во тоа што на сите би им пружила можност уште од мали да одберат што сакаат да бидат, да има повеќе стручни школи за да можат децата уште од нивна рана возраст да се определат во кој правец би оделе и би овозможила поголема пракса во тоа што би учеле. На тој начин би имало повеќе постручни луѓе во секој аспект од животот.

Што ти е најважно кај професорите, имаше ли некој што те инспирираше досега и какви професори би сакала да имаш на Brainster Next College?

Според мене, многу важна работа кај секој професор е да има добра комуникација со студентот, бидејќи тоа е начин на кој полесно ние студентите би можеле да научиме, а воедно и би се чувствувале послободни. Сигурна сум дека професорите во Brainster Next College ќе ни го пружат тоа.

Што те инспирира во животот, имаш ли можеби некое хоби?

Како најголема пасија ќе го издвојам фолклорот кој навистина ме исполнува до максимум. Годините поминати во фолклорното друштво „Таше Милошевски“ се незаменливи, сите тие патувања и настапи се едно големо богатство кое е врежано во моето срце и за кое нема зборови со кои може да се опише. Исто така ракометот ми е хоби кое го негував долго време и кое е едно прекрасно хоби пред сè поради дружбата, а потоа сè останато.

Каде се гледаш себеси за 5 години отсега?

За 5 години отсега се гледам себеси како успешна млада девојка која ќе си ги остварува своите цели.

Искористи ја можноста за трансфер до 15 октомври и префрли се на Brainster Next College.

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.

Останати се само уште 3 слободни места на студиската програма по UX/UI и графички дизајн, аплицирај сега!

Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Студирај практично! Студирај IT! Последниот уписен рок за Академската '24/25 e во тек.

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!