Search
Контакт

За да станеш успешен графички дизајнер треба да бидеш свој и постојано да се надградуваш

Секоја професија има убави, но предизвикувачки моменти. Го креиравме овој серијал со цел да ти дадеме увид како изгледа еден работен ден на графички дизајнер.
vo-svetot-na-graficki-dizajner | UX/UI i graficki dizajn | Brainster Next College
Share

Во овој блог пост ќе можеш да се запознаеш со Глорија Јанева, алумни студент на Академијата за графички дизајн на Brainster (Бреинстер) и дел од дизајн тимот на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) и Brainster.

Глорија има 22 години и е голем ентузијаст кога станува збор за учењето и осознавањето нови работи. За предизвиците и проблемите на кои наидува ни сподели дека никогаш не се плаши од нив, туку напротив е среќна што постојат бидејќи така учи повеќе и го збогатува своето знаење. 

Во продолжение, дознај повеќе за Глорија Јанева и како изгледа еден ден во животот на графички дизајнер

Зошто стана графички дизајнер? Што те привлече кај оваа професија?

Отсекогаш бев дете кое се радуваше на секој купен молив и sketchbook, и сè уште е така! За себе знаев дека еден ден сигурно ќе завршам со креативна работна професија (иако многумина имаат проблем да се одлучат за тоа, но тоа не треба да те плаши, сè си доаѓа во свое време). Мојата приказна започна со цртање илустрации, личната пасија кон науката и уметноста што подоцна ме доведоа до Архитектонскиот факултет, вистинскиот “виновник” што ме спои со процесот на дизајн. Подлабокото запознавање и што всушност значи професијата како графички дизајнер беа моето “сфатив” и себе-откривање.

Објасни ни го процесот на креирање на едно дизајн дело.

Предизвикувачки и забавен! Запозавање на клиентот и осознавање на брендот е првата точка на листот, која подоцна ќе прерасне во линија. Очекуваш права? Не… Ќе заврши во шкртаница и цел лавиринт! Откако ќе ги добиеш сите потребни информации, првиот потег е истражување. Се инспирираш од други дизајнери, околината во која се наоѓаш, а некогаш и random израз може да биде плодот на твојата идеја. Не може да се направи “бум” за два дена. Ова е процес кој трае, и треба да се има трпение. Барањето бои, фонтови, елменти кои го градат брендот и приказната се клучен дел. Вродената идеја, порано или подоцна ќе прерасне во визуелна слика. Како заклучок ќе се повикам на цитатот од Сол Басс (Saul Bass), кој одлично се вклопува со целиот процесот “Design is thinking made visual”. 

Кои алатки и софтвери ги користиш во секојдневното работење?

Користам сè што знам и што мислам дека ми помага во работењто. Главно тоа се софтверите од ACC (Adobe Creative Cloud), па и некои други софтвери кои не се директно поврзани со графички дизајн. Исто така онлајн алатките кои нудат различни дигитални средства и услуги. Секако и листот хартија сè уште ми е неизбежна алатка! 

Колку е важна соработката на графичкиот дизајнерот со другите тимови?

Би рекла дека тоа е клучна алатка во работењето. Графичкиот дизајнер (или дизајн тимот) е една од алките во ланецот на целата организација. Тоа е тимот кој го гради брендот, односно визуелниот израз на компанијата потпомогнат од другите тимови. Замисли ако се скине, се стопира целиот процес на работа. Затоа е многу важно да има соработка и солидна комуникација со другите тимови. 

Раскажи ни како изгледа еден ден во животот на графички дизајнер? 

Лично мене, работните обврски ми започнуваат со секојдневен утрински состанок со мојот дизајн тим. Состанокот е клучен, бидејќи негова цел е да си го организираме работинот ден меѓусебно, т.е нашите обврски за да имаме полесен workflow. На состанокот, па и преку целиот ден се консултираме меѓусебно, споделуваме мислења, критики, совети со цел крајниот исход да биде на задоволително ниво. Задачите или да кажам „проблемите“ кои ги решавам, некогаш може да бидат завршени за 10 минути, но некогаш знаат да потрајат и цел месец. На страна од физичкиот дел од работата, доста голем удел има и психичкиот. Не секогаш си перфектен во тоа што го работиш, но со поддршката од твојот тим, а и организацијата од која си дел, многу полесно се справуваш со сè.

Што те инспирира?

Многу работи! Инспирација за работа добивам од колегите и организацијата. Инспирација за дизајн од сè наоколу. Можам да кажам дека најдобрите идеи ми доаѓале баш кога не сум размислувала на дизајн. Think outside the box! Не секогаш инспирацијата за дизајн доаѓа од друг дизајн. 

Графичкиот дизајн е креативна професија со простор за слободно изразување. Но, понекогаш е нормално да се има креативна блокада. Како се справуваш со тоа?

Во секоја професија во која мисловниот процес е клучна алатка за отпочнување на работата, на одреден момент доаѓа до некаква блокада. Не секој ден можеш да бидеш еднакво продуктивен, но тоа е нормално и не треба да се паничи. Само му треба одмор на умот. Лично јас кога ќе осетам дека ми се случува тоа, не се форсирам повеќе со работа, го затворам лаптопот и станувам од биро. Правам сè друго што не е поврзано со работа и пробувам да го ослободам умот. Прошетка, кафе, разговор, филм… во зависност од тоа во која работна околина се наоѓам. За подоцна да можам да се вратам на дизјанот со свежи мисли и идеи.

Која е тајната на успешниот графички дизајн? 

Конзистентност! Ова го сфатив не така одамна. Да се биде свој, оригинален, да се развиваш и надградуваш постојано.

И за крај, твојот совет за сите идни графички дизајнери?

Станете и останете љубопитни. Учете и надградувајте се! Истражувајте, бидете во околина со поискусни луѓе од иста или слична област. Инспирирајте се од нив, така најбрзо се напредува.

“Practice makes perfect!”

Не мора да го чекате првиот реален проект, за да отпочнете со работа. Вистинските “мајстори” поминуваат долг период работејќи на себе и својот израз. Правете нешто креативно секој ден, не плашете се од неуспех, по одреден период ќе се навратите на вашите почетоци и ќе сфатите колкава награда сте си дале себе сисо тоа што не сте се откажале! 

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и како можеш да студираш сега, а да плаќаш по вработувањето.

Местата за двете студиски програми се ограничени, аплицирај сега!

Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Студирај практично! Студирај IT! Последниот уписен рок за Академската '24/25 e во тек.

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!