„Студирај сега плаќај по вработување“ – проектот што го започнавме минатата година, при отварањето на првиот акредитиран практичен ИТ-факултет Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) и инвестицијата од 2.5 милиони евра, продолжува и оваа година.
Со тоа, со голема чест ти најавуваме дека тестот што ќе ти овозможи студии на една од двете наши додипломски студиски програми за 0 денари сѐ до дипломирањето или вработувањето е повторно отворен.
Оваа година, покрај додипломската акредитирана студиска програма по Софтверско инженерство и иновации, ја нудиме и новата студиска програма Примена на информациски технологии – дигитален дизајн и интерактивни технологии, која е во процес на акредитација.
Тригодишните студии на факултетот носат 180 ЕКТС и диплома со стручен назив: Дипломиран инженер по информатички технологии – софтверско инженерство и иновации, односно Дипломиран инженер по дигитален дизајн и интерактивни технологии.
Местата се ограничени, со цел работење во мали групи и посветување соодветно внимание на секој студент, од запишувањето, до неговото вработување.
Што претставува моделот „Студирај сега, плаќај по вработување“?
Станува збор за флексибилен модел на финансирање на студиите кој започнува со вработување на студентите – во која било фаза на времетраење на студиите или пак по нивното дипломирање и нуди флексибилност во однос на исплаќањето на школарината.
Овој проект, прв и единствен од ваков тип кај нас, им нуди шанса на сите матуранти и млади лица да се запишат на додипломски студии по Софтверско инженерство и иновации или на UX/UI и графички дизајн на Brainster Next College и да ги поминат 3 годишните студии без финансиско оптоварување и дополнителни трошоци сè додека не дипломираат или не се вработат, и тоа со план за отплаќање на школарината до 36 бескаматни рати.
Нашата примарна цел е најспособните студенти, без разлика на нивните финансиски можности и досегашните успеси и оценки во средното образование и државната матура, да добијат прилика за врвно апликативно образование кое ќе води кон сигурно вработување и кариера од иднината.
Ако си матурант, сакаш да го промениш факултетот на кој си запишан, или пак едноставно токму сега се наоѓаш непосредно пред одлуката за избор на твоите идни студии, и имаш желба да работиш во динамичната ИТ-индустрија, за првпат во земјава имаш можност да се запишеш на високообразовна институција и да не потрошиш ниту денар за тоа додека учиш.
Главниот мотив зад оваа инвестиција и поволност е да помогнеме во оттргнување на примарната грижа на студентите и нивните родители при одлуката за избор на студии – а тоа се финансиите.
Уникатен курикулум базиран на работа на реални проекти, сигурно вработување и кариера од соништата
Студиските програми се креирани според најновите ИТ-трендови со фокус на практична примена на модерни алатки и cutting-edge технологии при учењето:
- Методологија на учење која е применета на најдобрите и најреномираните универзитети во странство преку работа на решенија и реални проекти во секој чекор од студиите;
- Student Success тим посветен на целокупното искуство на секој студент индивидуално;
- Тесна соработка со компаниите кои се лидери во својата бранша за поставување адекватни цели на учење, развој на реални производи и овозможување на практична работа во текот на студиите;
- Менторство од страна на професори кои се реномирани професионалци и експерти во реалниот сектор;
- Работа во мали групи за овозможување на индивидуален пристап кон секој студен, со посебен фокус на искуството и задоволството на студентите;
- Кариерно советување и насочување за вработување, самовработување и други можности по дипломирањето.
Како да аплицираш на Brainster Next College?
Уписите на нашиот факултет не се базираат на рангирање и пресметки за минатиот труд (оценките од средното образование и резулатите од полагањето на државната матура) туку напротив, на твоите компетенции, способности, афинитети и желба да се постигне повеќе и да се напредува.
Поради тоа, условот за да се стекне можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“ е да се реши тестот за компетенции.
Сѐ што треба да направиш е да се регистрираш, да го решиш тестот и да си го резервираш местото на единствениот факултет во државата кој нуди можност да студираш за 0 денари и да плаќаш по вработувањето. Но, треба да знаеш дека местата се ограничени и истите веќе се пополнуваат. На студиската програма по Софтверско инженерство и иновации квотата е 75 места, од кои 2 групи се веќе целосно пополнети, а веќе се пополнува и последната група. На студиската програма по UX/UI и графички дизајн квотата е 50 места.
Тестот е наменет за матуранти кои завршуваат 4 година во јавните и приватните средни училишта во земјава како и лица кои имаат завршено средно образование и положена државна матура, a се заинтересирани за упис.
Решавањето на тестот за компетенции воопшто не е комплициран процес, но имај на ум дека бара максимална посветеност и време. Преку платформата којашто ја создадовме, потенцијалните студенти ќе можат да одговорат на вкупно 40 прашања и да ги стават на тест своите вештини и кометенции, за време од 45 минути.
Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.
Местата се ограничени и веќе се пополнуваат.
Затоа, не чекај и реши го тестот сега!