Search
Контакт

Опцијата „Студирај сега, плаќај по вработување“ беше пресудна за да се запишам на факултетот

Марко Велиновски е еден од студентите на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации кој успеа успешно да ја комплетира првата студиска година.
mojata-prva-godina-marko-velinovski | Softversko inzenerstvo i inovacii | Brainster Next College
Share

Пред почетокот на втората година од студиите решивме да ги навратиме студентите цела година наназад и да ги потсетиме на сите моменти и успеси кои ја исполнија првата година од студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ).

„Како незаборавни моменти од првата година на Brainster Next College би ги наброил: часовите по предметот Основни финансиски вештини, работата во тим по предметот Имплементација на решение и секако часовите со професорот Ивица Пешовски“, ни сподели Марко.

Како би го опишал твоето целокупно искуство како дел од првата генерација студенти на Brainster Next College? Како помина првата година од студиите?

На моменти беше многу напорно, но имаше и моменти каде беше лесно и поспоро. Со еден збор возбудливо.

Што те мотивираше да се запишеш на ИТ-факултет?

Претходно работев и сфатив дека без знаење не вредиш многу на пазарот.

Дали се двоумеше помеѓу избор на факултет во странство или во Македонија? Што беше пресудно да ја донесеш одлуката да се запишеш на Brainster Next College?

Опцијата „Студирај сега, плаќај по вработување“ која ја нуди само Brainster Next College беше пресудна за да се запишам на факултетот.

Сподели ни некои најважни или незаборавни моменти од твојата прва година на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации.

Како незаборавни моменти би ги наброил: часовите по предметот Основни финансиски вештини, работата во тим по предметот Имплементација на решение и секако часовите со професорот Ивица Пешовски.

Кои беа твоите очекувања за факултетот пред почетокот на студиите и дали успеавме да ги достигнеме истите?

Очекував да биде тешко и дефинитивно успеавте да го достигнете тоа. 😁

Дали имаше некои специфични предизвици со кои се соочи во текот на првата година, академски или лично? Како се справи со нив?

Најголем предизвик ми беше предметот Линеарна алгебра, бидејќи не повторував навремено и на крај после премногу стрес и напор успеав да го совладам.

Кој професор досега ти остави најголем впечаток?

Професорот Ивица, бидејќи од почетокот ми даде желба да го учам материјалот, со начинот на предавање. Професорката Кристина по Основни финансиски вештини, бидејќи многу научив за банките и ракувањето со пари.

Како се снајде со интензивниот начин на учење и практична работа? Кој совет би им го дал на идните студенти по Софтверско инженерство и иновации?

На почетокот беше поинтензивно и пребрзо, но потоа кога се навикнав одеше полесно, сепак беше многу интересно. Совет за сите идни студенти би бил да не се опуштаат, мислејќи дека факултетот е приватен и дека ќе биде лесно.

Искористи ја можноста за трансфер до 15 октомври и префрли се на Brainster Next College.

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.

Останати се само уште 2 слободни места на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации, аплицирај сега!

Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Студирај практично! Студирај IT! Последниот уписен рок за Академската '24/25 e во тек.

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!