Ова беше пораката што им ја кажа на своите студенти, професорот Ивица Пешовски, после презентациите на нивните финални проекти по предметот Имплементација на решение. Тие пред нивните колеги, клиентите и професорите поделени во 4 групи покажаа што научиле во изминатата акдемска година преку изработка на веб-апликација за електронско онлајн-мени за клиентите „Че“, „Кантина“, „Калдрма“ и „Fat Kitchen“.
Оваа реченица на професорот Пешовски всушност го потврдува она за што се стремиме како високообразовна институција, да им овозможиме на нашите студенти практично знаење и сето она што го научиле по секој предмет да го употребат за креирање на врвни проекти со кои ќе се гордеат и ќе прават промени во општеството.
Уште во прва година знаат да креираат веб-апликација
Иако само што завршија прва година на студиите по Софтверско инженерство и иновации, нашите студенти покажаа врвно знаење и за само 5 недели успеаја самостојно да направат веб-апликации наменети за угостителски објекти.
Додека нетрпеливо чекаа да им покажат на клиентите, менторите и колегите што успеале да креираат, на лицата им се читаше ем возбуда, ем неизвесност. Но, аплаузите, коментарите од публиката за нивните иновативни апликации после секоја презентација, покажа дека немало простор за грижи.
Клиентите, професорите и сите присутни студенти беа одушевени од сите 4 тимови, а секоја од групите овозможи со скенирање на QR-код присутните да можат да ѕирнат како изгледа апликацијата и какви функционалности успеале да развијат.
Поддршка од професорите и менторите
Нивната менторка Анастасија Пешовска која им помагаше и ги менторираше заедно со професорот Ивица, ни раскажа дека студентите направиле одлични апликации кои ќе решат голем број на кориснички проблеми на угостителските објекти, како и на клиентите на кафулињата и растораните.
Што кажаа клиентите?
Клиентите исто така беа одушевени од идејните решенија на студентите.
Сите претставници од компаниите што ги следеа презентациите се согласија со една констатација- дека соработката со образовните институции е клучна за развојот на секое општество.
Александар Лазаров кој ги слушаше студентите во името на „Кантина“ објасни колку е важна праксата за образованието
Студентите направија одлични апликации
Студентите всушност со самата изработка на апликацииите го положија овој испит со десетки. Суштината на овој предмет Имплементација на решение е на нашите студенти да им понудиме практична имплементација на знаењата стекнати од практичното и теоретско полагање на сите предмети од тековната година и нивна примена во реална средина во каква што ќе се најдат по нивното дипломирање и вработување.
Тим 1 го сочинуваа студентите Атанасија Ѓоргиевски, Давид Петковски, Филип Ѓоргичков и Дамјан Петрушевски. Еве што ни кажаа тие за ова искуство:
Филип Ѓоргичков ни опиша дека нивната апликација е посебна по тоа што е интегрирана со касата на самиот локал, односно нуди многу интересни функционалности.
Давид пак ни раскажа дека за 5 недели имале време да направат апликација, но дека за да ја доразвијат со многу други интересни функционалности ќе им треба уште некое време. За задачата и барањата на клиентите имале сосема доволно време.
Дамјан пак, смета дека ваков тип на проекти многу значат за секој студент бидејќи многу се учи.
Во тим 4 беа студентите Лео Новкоски, Владимир Гелов и Стефан Петров. Лео вели дека иако биле најмалубројна група, тоа не било пречка сѐ да се заврши навреме. Се поделиле кој ќе работи back-end кој front-end програмирање, кој истражување на корисниците и сѐ одело како подмачкано.
Владимир ни раскажа дека нивната апликација исто така е лесна за користење.
И двајцата велат дека сѐ што учеле по сите предмети досега во прва година, го имплементирале тука. Тимската работа им била исто така многу добра лекција, но сѐ функционирало беспрекорно бидеќи на факултетот учат и како треба да се функционира во работна средина со други колеги.
Тим 3 го сочинуваа студентите Петар Ѓорѓиоски, Стефан Хаџи-Ефтимов, Кире Јорданов и Димитриј Петрески. Кире ни раскаѓа дека ваква можност што им се нуди како на прва генерација студенти на Brainster Next College е од голема важност за сите.
Овие студенти сметаат дека нивната најсилна страна на оваа апликација е самиот UX/UI дизајн.
Димитриј ни опиша дека групата одлично се снашла, понудиле многу интересни и иновативни функционалности.
И двајцата во еден здив кажуваат дека да се биде студент на Brainster Next College е супер и дека комплетно им се исполниле очекувањата од факултетот.
Тимот 2 во кој работеа Мартин Цветковски, Мартина Соколеска, Костадин Веселинов и Марко Велиновски исто така беше презадоволен од финалното решение и се надеваат дека нивната апликација ќе ја применат многу ресторани.
Мартин ни раскажа дека најголемата лекција што ја научил е дека тимската работа е клучна за успех и дека многу е важно да се има добра координација со сите. Мартина пак, додаде дека исто така, клучен фактор за успешен проект е и колку тимот ефективно го троши времето и како ќе се организира.
Костадин, како најголема вредност што ќе ја понесе со себе е тоа што студентите виделе како се работи на реален проект.
Честитки и многу позитивна енергија за крај, студентите добија од нивниот професор Ивица Пешовски кој им ги предаваше предметите Структурно програмирање, Објектно ориентирано програмирање и Имплементација на решение.
Ивица вели дека спроведувањето на цел предмет не е едноставна работа, особено кога предметот се одвива за првпат. И, дека не треба да се гледа како „side hustle”, бидејќи со себе носи голема одговорност и бара вистинска посветеност.
Откако им посака на своите студенти убав летен одмор, ги потсети на неколку важни работи во животот – да бидат храбри во одлуките, никогаш да не се откажуваат од сонот, да не се плашат од неуспех и најважното, никогаш да не престанат да учат.
Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.
Веќе се пополнува последната група на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации, закажи средба сега!