Јован Митрески од Прилеп има 18 години и ни доаѓа од СОУ гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп. Тој е многу позитивна и амбициозна личност и е дел од новата генерација студенти на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ).
Здраво Јован. Ти си еден од нашите нови запишани студенти на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College. Па ајде да те запознаеме. Сподели ни нешто за тебе.
Здраво. Јас сум Јован Митрески. Имам 18 години и доаѓам од Прилеп. Секогаш гледам на што било позитивно, нема место за негативност.
Од кое средно училиште ни доаѓаш? Раскажи ни малку за твоето школување, што ти беше најголем предизвик, во какви сеќавања ќе ти остане училиштето?
Доаѓам од СОУ гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп. Имам и позитивни и негативни впечатоци од училиштето. Позитивните моменти ќе ги паметам цел живот, а од негативните само можам да научам и да се стекнам со искуство.
Дали ќе ја искористиш можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“? Што мислиш за оваа понуда која е прва од ваков тип во Македонија?
Да, ќе ја искористам можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“. Сметам дека оваа можност е одлична за сите студенти.
Зошто одбра да студираш на додипломската студиска програма за Софтверско инженерство и иновации, зошто конкретно одбираш кариера во овој правец? Дали имаш некое претходно искуство во ИТ-сферата?
Би сакал во иднина да работам на оперативниот систем Windows или пак друг оперативен систем. Претходно искуство во ИТ-сферата ми беше учеството на Gamejam каде што со другарите имавме предизвик да направиме игра за 48 часа на одредена тема. Се вика „Sine Colore“.
Што ти се допаѓа најмногу кога е во прашање оваа студиска програма на Brainster Next College: предметите, наставниот кадар, или пак праксата? Зошто токму тоа?
Сè од горенаведеното ми се допаѓа, исто така ми се допаѓа тоа што ќе има успешни професори што ќе го споделат и пренесат своето знаење.
Пак ќе те вратиме на училиштето. Од овој денешен аспект, ако имаш некоја моќ, што е она што би го променил во македонското образование? А, што е тоа што ти се допаѓаше?
Да се вработуваат професори што сакаат да работат и да го пренесат своето знаење на другите.
Што ти е најважно кај професорите, имаше ли некој што те инспирираше досега и какви професори би сакал да имаш на Brainster Next College?
Најважно кај професорите ми е да знаат да го пренесат своето знаење, да имаат способност да ме научат.
Што те инспирира во животот, имаш ли можеби некое хоби?
Моето хоби е спортот. Играм фудбал, баскет/кошарка, а исто така сакам да слушам и музика. Инспирација добивам од различни извори. Инспирацијата ја барам насекаде.
Каде се гледаш себеси за 5 години отсега?
За 5 години се гледам со завршен факултет и се надевам некаде во странство, можеби и не, не сум сè уште одлучен.
Искористи ја можноста за трансфер до 15 октомври и префрли се на Brainster Next College.
Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.
Останати се само уште 2 слободни места на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации, аплицирај сега!