Слободан Милосављевиќ има 19 години и доаѓа од Струмица од СОУ „Јане Сандански”. Тој е трудољублив, комуникативен, сака да учи и постојано да искусува нови работи во животот, а од октомври се приклучува на новата генерација студенти на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ).
Здраво Слободан. Ти си еден од нашите нови запишани студенти на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College. Па ајде да те запознаеме. Сподели ни нешто за тебе.
Здраво, јас сум Слободан Милосављевиќ, имам 19 години и доаѓам од Струмица од СОУ „Јане Сандански”. Трудољублив сум, комуникативен и сакам да научам и искусам нови работи во животот.
Од кое средно училиште ни доаѓаш? Раскажи ни малку за твоето школување, што ти беше најголем предизвик, во какви сеќавања ќе ти остане училиштето?
Како што реков доаѓам од СОУ „Јане Сандански” и сметам дека од средното училиште добив солидно образование кое сакам да го надградам со факултетско образование. Предизвик ми беше да го совладам целиот материјал за учење, а секогаш ќе ги паметам другарствата кои ги стекнав и се надевам кои ќе траат цел живот.
Дали ќе ја искористиш можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“? Што мислиш за оваа понуда која е прва од ваков тип во Македонија?
Да, ќе ја искористам можноста „Студирај сега, плаќај по вработување”. Сметам дека со оваа студентска поволност му се дава можност на секој студент да си обезбеди кариера, односно добра иднина, а без тоа притоа да зависи од финансиската состојба на неговите родители.
Зошто одбра да студираш на додипломската студиска програма за Софтверско инженерство и иновации, зошто конкретно одбираш кариера во овој правец? Дали имаш некое претходно искуство во ИТ-сферата?
Од мал сум со компјутери и имав желба да бидам дел од тој компјутерски свет, кога слушнав за Brainster Next College знаев дека токму овој факултет ќе биде правиот избор за мене.
Што ти се допаѓа најмногу кога е во прашање оваа студиска програма на Brainster Next College: предметите, наставниот кадар, или пак праксата? Зошто токму тоа?
Најмногу праксата затоа што мислам дека тоа е најдобриот начин да се едуцира една личност.
Пак ќе те вратиме на училиштето. Од овој денешен аспект, ако имаш некоја моќ, што е она што би го променил во македонското образование? А, што е тоа што ти се допаѓаше?
Во македонското образование мислам дека недостасува кадар кој ќе ги „лови“ усмерените и надарните деца, за да можат полесно да го одберат своето факултетско образование, исто така би додал и повеќе практична настава.
Што ти е најважно кај професорите, имаше ли некој што те инспирираше досега и какви професори би сакал да имаш на Brainster Next College?
Најважни ми се комуникација, односот и трпението кон ученикот. Професорот по информатика ме инспирираше и поради него го засакав предметот. Токму тој и ми ги прошири погледите кон ИТ-светот.
Што те инспирира во животот, имаш ли можеби некое хоби?
Хоби ми е да играм кошарка со моите другари, а исто така сакам да креирам веб-страници. Ме инспирира моќта на успехот.
Каде се гледаш себеси за 5 години отсега?
За 5 години се гледам како успешен програмер и дел од тимот на Brainster.
Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и како можеш да студираш сега, а да плаќаш по вработувањето.
Останати се само уште 6 слободни места на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации, аплицирај сега!