Алек Цековски ни доаѓа од СОУ „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка, има 19 години и обожува да спортува, да се дружи, да слуша музика и да патува. Тој е еден од новите студенти на додипломската студиска програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ).
Здраво Алек. Ти си еден од нашите нови запишани студенти на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College. Па ајде да те запознаеме. Сподели ни нешто за тебе.
Здраво, јас сум Алек Цековски, живеам во Крива Паланка и имам 19 години. Сакам спорт, дружење, музика и особено сакам да патувам.
Од кое средно училиште ни доаѓаш? Раскажи ни малку за твоето школување, што ти беше најголем предизвик, во какви сеќавања ќе ти остане училиштето?
Доаѓам од СОУ „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка. Завршив гимназиско образование Природно Математичко подрачје-А . Најголем предизвик ми беше учењето на предмети за кои мислам дека немаат никакво влијание на моето понатамошно образование и немав толку многу мотивација за нив како што имав за предметите кои мислам дека ќе ми користат во понатамошното образование. Во целина задоволен сум од своето училиште и знаењето што го стекнав таму.
Дали ќе ја искористиш можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“? Што мислиш за оваа понуда која е прва од ваков тип во Македонија?
Да, мислам дека со можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“ се дава можност на секој иден студент да има безгрижни и квалитетни студии на Brainster Next College.
Зошто одбра да студираш на додипломската студиска програма за Софтверско инженерство и иновации, зошто конкретно одбираш кариера во овој правец? Дали имаш некое претходно искуство во ИТ-сферата?
Отсекогаш ме привлекуваше софтверското инженерство. Немам многу искуство во ИТ-сферата, но убеден сум дека сè што е потребно ќе научам во текот на тригодишните студии на Brainster Next College.
Што ти се допаѓа најмногу кога е во прашање оваа студиска програма на Brainster Next College: предметите, наставниот кадар, или пак праксата? Зошто токму тоа?
Отсекогаш сум мислел дека праксата е пресудна за образованието, а не само теоријата и сметам дека на Brainster Next College има одличен наставен кадар и прецизно избрани предмети кои треба да се изучуваат.
Пак ќе те вратиме на училиштето. Од овој денешен аспект, ако имаш некоја моќ, што е она што би го променил во македонското образование? А, што е тоа што ти се допаѓаше?
Како што и предходно кажав би требало да има многу повеќе практична работа, а помалку теорија. Ми се допаѓаше професионалноста на наставниот кадар што го имавме во нашето училиште.
Што ти е најважно кај професорите, имаше ли некој што те инспирираше досега и какви професори би сакал да имаш на Brainster Next College?
Професионалност и спонтаност во предавањата, отворена комуникација со студентите и можност за дискусии и договори.
Што те инспирира во животот, имаш ли можеби некое хоби?
Најголема инспирација во животот ми е спортот, научив дека за да успееш треба да посветиш време, дисциплина и упорност. Кога ја немаме мотивацијата во некој период од животот дисциплината ја презема иницијативата. Хоби ми е теретана, фудбал, трчање и секој вид на спорт.
Каде се гледаш себеси за 5 години отсега?
За 5 години отсега се гледам како ја работам работата што ја сакам и сум успешен во истата.
Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и како можеш да студираш сега, а да плаќаш по вработувањето.
Останати се само уште 6 слободни места на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации, аплицирај сега!