Многу уникатно искуство што не може да се најде на друг факултет во Македонија

Давид Петковски е еден од студентите на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации кој успеа да ја комплетира првата година со просек 10.00.
mojata-prva-godina-david-petkovski | Softversko inzenerstvo i inovacii | Brainster Next College
Share

Пред почетокот на втората година од студиите решивме да ги навратиме студентите цела година наназад и да ги потсетиме на сите моменти и успеси кои ја исполнија првата година од студиската програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ).

„Летото го поминувам на пракса што ми е обезбедена од факултетот и не можам да опишам колку е интересно и вредно ова искуство за еден студент. Се наоѓам во средина каде што работам и учам, а истовремено и собирам многу вредно искуство за мојата понатамошна кариера. Втората година верувам дека ќе биде исполнета со повеќе предизвици од првата, бидејќи се проучуваат тематики коишто се целосно ново поле за мене и со нетрпение чекам да започне“, ни сподели Давид.

Како би го опишал твоето целокупно искуство како дел од првата генерација студенти на Brainster Next College? Како помина првата година од студиите?

Би рекол предобро ама нема да биде доволно за да се опише. Многу уникатно искуство што не може да се најде на друг факултет во Македонија. Особено како прва генерација можеше да се види моќта на нашиот feedback, сите проблеми што ги имавме беа веднаш решавани и пристапот кон нас од сите професори и вработени беше најдобар што е можно во секој даден момент.

Што те мотивираше да се запишеш на ИТ-факултет?

Идејата за запишување на ИТ-факултет ја имам уште од многу помал. Уште од мал ме интересирале компјутери и игри, така што реално во ниту еден момент немав дилема околу тоа на каков факултет ќе се запишам.

Дали се двоумеше помеѓу избор на факултет во странство или во Македонија? Што беше пресудно да ја донесеш одлуката да се запишеш на Brainster Next College?

Да, имав неколку опции на ум пред запишувањето, но поради прекрасното искуство што го имав на Full-Stack академијата на Brainster, знаев дека нема да направам грешка и со Brainster Next College. Особено кога дознав за моделот „Студирај сега, плаќај по вработување“ беше моментот кога ми се расчистија сите дилеми околу мојот упис на факултет. Сметам дека оваа опција дава чувство на самостојност и некој тип на мотивација за учење со цел наоѓање на работа.

Сподели ни некои најважни или незаборавни моменти од твојата прва година на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации.

Денот за презентации на финалните проекти од предметот Имплементација на решение. Мислам дека ја опиша цела прва година и од академски, но и од аспект на дружба со колегите и професорите. Бевме собрани сите студенти, сите професори што ни предаваа и ни предавале претходно, други вработени од факултетот и исто така клиентите кои беа од познати локали во Скопје. Беше многу интересно да се гледаат презентациите на сите колеги, како и дружбата што следеше после тоа за да се стави крај на оваа прва година.

Кои беа твоите очекувања за факултетот пред почетокот на студиите и дали успеавме да ги достигнеме истите?

Поради академијата на која бев претходно, имав доста големи очекувања за Brainster Next College и со сигурност можам да кажам дека не само што беа достигнати, туку и надминати.

Дали имаше некои специфични предизвици со кои се соочи во текот на првата година, академски или лично? Како се справи со нив?

Имав доста предизвици да се пронајдам во нови средини за мене како што беа предметите UX/UI дизајн и Software Testing, но благодарение на одличните професори и поставување на многу прашања успеав да научам многу нови работи за коишто никогаш немав ни помислено дека некогаш ќе ги знам и правам.

Кој професор досега ти остави најголем впечаток и зошто?

Како одговор на ова прашање нема да биде фер да се наброи само еден професор, особено поради трудот кој секој од нив го вложи цела оваа година, затоа ќе морам да набројам повеќе. Ивица, кој веќе ми имаше предавано на академија е најдобриот професор и ментор што сум го имал. Петар Јолакоски, исто така секоја чест на трпението и начинот на кој успеја да ни го доближи предметот Линеарна алгебра. Никола Кусибојоски и Горјан Јовановски кои ни дадоа одличен вовед во интернетот и веб-програмирањето. Има уште многу професори коишто ми оставија огромен впечаток со нивниот труд и посветеност, но со цел одговоров да не е 1000 зборови ќе морам да го скратам тука.

Како се снајде со интензивниот начин на учење и практична работа? Кој совет би им го дал на идните студенти по Софтверско инженерство и иновации?

На почетокот дефинитивно не беше лесно, бидејќи динамиката значително е сменета од онаа во средно училиште, но со тек на време се прилагодив. Мислам дека најважниот совет што можам да го дадам е да прашуваат прашања. Работат со професори кои го тргнуваат егото на страна и се спремни да го одговорат секое прашање, па дури и по неколку пати ако треба, сè со цел материјалот да биде јасно пренесен.

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и како можеш да студираш сега, а да плаќаш по вработувањето.

Останати се само уште 6 слободни места на студиската програма по Софтверско инженерство и иновации, аплицирај сега!

Share

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!