Белма Хајрадиновиќ од Скопје има 19 години и средно училиште има завршено во скопската гимназија „Никола Карев“. Таа е амбициозна личност со авантуристички дух, спремна за големи предизвици, а нејзината следна авантура е токму програмата по UX/UI и графички дизајн на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ).
„Желбата да студирам на Brainster Next College и моето внимание за него најмногу го привлече работата на реални проекти и изучувањето на она што точно го бара пазарот на труд“, ни сподели Белма.
Здраво Белма. Ти си една од нашите нови запишани студенти на студиската програма по UX/UI и графички дизајн на Brainster Next College. Па ајде да те запознаеме. Сподели ни нешто за тебе.
Здраво, јас сум Белма Хајрадиновиќ, доаѓам од Скопје и имам 19 години. Себеси се сметам за амбициозна личност со авантуристички дух, спремна за големи предизвици. Креативноста и трудољубивоста се мојата посилна страна кои сакам да ги негувам и развивам низ животот и низ мојата понатамошна карирера.
Од кое средно училиште ни доаѓаш? Раскажи ни малку за твоето школување, што ти беше најголем предизвик, во какви сеќавања ќе ти остане училиштето?
Доаѓам од средното училиште „Никола Карев“, чекор за кој ни најмалку не се покајав. Средното училиште претставува една страница од мојот живот исполнета со убави сеќавања, вистински другарства, многу предизвици, а воедно и запознавање и развој на самата себе. Изборот за општа гимназија беше исправната одлука затоа што ми овозможи да се запознаам со повеќе области и да се пронајдам таму каде што најдобро се справувам и да ги откријам моите најголеми интереси. Секое оценување за мене претставуваше предизвик очекувајќи да резултирам со успех. Сепак најголем предизвик за нас средношколците од овие генерации сметам дека беше пандемијата поради која школувањето беше одржувано со онлајн настава. Како и секое нешто и онлајн наставата има свои позитивни и негативни страни, но сепак за нас беше голем и посебен предизвик затоа што беше нешто ново и непознато на кое ни беше тешко да се адаптираме.
Дали ќе ја искористиш можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“? Што мислиш за оваа понуда која е прва од ваков тип во Македонија?
Сметам дека можноста „Студирај сега, плаќај по вработување“ е одлична прилика за идните студенти која позитивно и мотивационо ќе влијае на сите нас. Јас лично нема да ја искористам оваа можност без посебна причина, иако сметам дека задоволството е поголемо кога нешто ќе платиш со свој труд.
Зошто избра да студираш на додипломската студиска програма за UX/UI и графички дизајн, зошто конкретно одбираш кариера во овој правец? Дали имаш некое претходно искуство во оваа сфера?
Желбата да студирам на Brainster Next College и моето внимание за него најмногу го привлече работата на реалните проекти и изучувањето на она што точно го бара пазарот на труд. Според мене мислам дека ова е одлична сфера во која можам да ја покажам и надградам мојата креативност. До сега немам никакво поголемо познавање и искуство, но со нетрпение чекам да ги направам првите чекори во оваа област.
Што ти се допаѓа најмногу кога е во прашање оваа студиска програма на Brainster Next College: предметите, наставниот кадар, или пак праксата? Зошто токму тоа?
Во мојата одлука за студирање на Brainster Next College сè од наведеното има свој придонес. Почнувајќи од привлекувачките и интересни предмети, па професорите со огромна професионалност и ниво на едукација и нешто што мислам дека сите нас најмногу нè привлече различниот начин на студии, односно праксата којашто останатите факултети не ја нудат.
Пак ќе те вратиме на училиштето. Од овој денешен аспект, ако имаш некоја моќ, што е она што би го променила во македонското образование? А, што е тоа што ти се допаѓаше?
Затоа што мојот претходен избор беше гимназија и се запознав со многу области сметам дека во макeдонското образование негативно е обемниот број на информации и тоа што не се става акцент на она што е битно и корисно за учениците. Ќе го споменам и недостатокот на креативност и практичното учење кое претставува голем минус.
Што ти е најважно кај професорите, имаше ли некој што те инспирираше досега и какви професори би сакала да имаш на Brainster Next College?
Кај професорите најважен е пристапот и комуникацијата со студентите. Покрај поседувањето на големото знаење начинот на пренесување на истото е она што го прави професионален во својата професија. Секако неизбежен е и пријателскиот и отворен однос со студентите. За жал бројот на вакви професори во основното и средното училиште не беше во најголем број но сепак тоа се оние професионалци кои засекогаш ке останат во моите сеќавања.
Што те инспирира во животот, имаш ли можеби некое хоби?
Мојата инспирација претставува финалниот резултат односно победата на секоја моја борба. Секако инспирација гледам и во добрите и успешни луѓе, но најмногу во својот натпреварувачки дух и желбата за подобра јас. Моето хоби е „шопинг“, нешто што неверојатно ме опушта и градењето спомени со своите најблиски.
Каде се гледаш себеси за 5 години отсега?
За пет години себеси се гледам со успешно завршени студии, на посакуваната работна позиција и на вистинскиот пат со стекнати вештини и знаење за остварување на моите понатамошни животни цели.
Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации и UX/UI и графички дизајн.
Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и како можеш да студираш сега, а да плаќаш по вработувањето.
Останати се само уште 7 слободни места на студиската програма по UX/UI и графички дизајн, аплицирај сега!