Што сè можеш да работиш како графички дизајнер по дипломирање на Brainster Next College

Дали сметаш дека имаш уметнички ум и развиена имагинација? Дознај што сè можеш да работиш како графички дизајнер по дипломирање на Brainster Next College. 
najpopularni-profesii-vo-graficki-dizajn | Graficki i UX/UI dizajn | Brainster Next College
Share
Share on facebook
Share on linkedin

Секоја компанија, организација или агенција која сака да ја пренесе својата порака и да ја раскаже својата приказна преку визуелна содржина, мора да има дизајн тим или графички дизајнер.

Додека некои графички дизајнери се генералисти и можат да работат на повеќе видови проекти, други се специјализирани за поспецифични видови на графички дизајн.

Доколку си љубопитна личност која сака да се насочи кон графички дизајн сферата, ги издвоивме најпопуларните патеки по кои можеш да ја движиш својата кариера во светот на графичкиот дизајн.

Вистинскиот избор на кариера зависи од многу фактори, како што се твоите вештини, интереси и хоби. Ако сметаш дека имаш уметнички ум и развиена имагинација, ова е вистинскиот кариерен избор за тебе. 

Во продолжение, ги издвоивме 7-те најпопуларни професии за графички дизајн

1. Motion Designer

Motion дизајнот е прилично новитет во дизајнерскиот свет. Како што се развива технологијата, така се овозможува раст и развој на графичкиот дизајн. Со анимирање и создавање на живописни визуелни ефекти, motion дизајнерите ги носат филмовите, веб страниците, рекламите и дизајните на сосем ново ниво. Со зголемената распространетост на видео контент, motion дизајнерот може да работи речи сè, на било која дигитална платформа.

Проценета годишна плата според Glassdor: $93,307

2. Brand Identity Designer

Графичките дизајнери кои се специјализирани за креирање на бренд идентитет предвидуваат, предлагаат и дизајнираат нови идеи за моќен визуелен идентитет, за нови и веќе постоечки брендови, организации, производи и услуги. Целта на дизајнерите на идентитетот на брендот е да користат стратегија за да ги создадат елементите на еден бренд.

Проценета годишна плата според Glassdor: $97,336

3. Logo Designer

Заедно со фонтот и боите, логоата се во центарот на секој бренд идентитет бидејќи ќе се користат насекаде за претставување на брендот, од веб страницата, па до билборди и реклами. Дизајнерот на лого е специјален графички дизајнер кој се фокусира на развивање и имплементирање на логоа – симболот составен од текст и слики што го идентификува бренд идентитетот на една компанија.

Проценета годишна плата според Glassdor: $43,167

4. Illustrator

Како илустратор, постојат многу кариерни можности. Илустраторот создава слики кои се во придружба на текст или објаснува некој концепт. Постојат многу стилови на илустрација погодни за различни формати, од магазини до книги и стрипови за деца. Како што технологијата се развиваше, така и илустрацијата еволуираше. Проширувајќи го стилот на рачно цртани илустрации до нивна дигитализација. 

Проценета годишна плата според Glassdor: $92,117

5. Packaging Designer

На физичките производи потребно им е пакување. Сè, од кутии за житарки до ознаки на дизајнерска облека треба да биде дизајнирано од некој. Тоа е моментот каде што доаѓаат дизајнерите на пакување. Овие типови графички дизајнери треба да имаат силно разбирање за брендирањето, како и психологијата на однесувањето на потрошувачите за да создадат пакувања што ќе ги натераат клиентите да сакаат да купат. Тие треба да бидат умешни во теоријата на боите и типографијата, како и во сите закони или прописи за информациите што треба да се појават на пакувањето.

Проценета годишна плата според Glassdor: $98,612

6. Layout Designer

Layout дизајнерите се графички уметници кои се специјализирани за структура и композиција на дизајнерското дело. Тие работат на визуелно обликување на страници со цел да изгледа привлечно графичкото решение, но исто така, и јасно за разбирање од страна на консументот. Секој layout дизајнер треба да знае системи на пропорции, grid системи, баланс, порамнување, за белиот простор итн.

Проценета годишна плата според Glassdor: $90,661

7. Print & Publication Designer

Графичките дизајнери порано целосно работеа во светот на печатењето, а сè уште има вакви кариерни можности за овој вид на дизајн во 2022 година. Графичките дизајнери во индустријата за печатење и објавување, потребно е да ги разберат принципите на добриот дизајн, како и техничките спецификации за создавање на принтови подготвени за печатање. Тие, исто така, треба да имаат разбирање за теоријата на бои и типографијата, како и за тоа кои типови на слики најдобро функционираат во печатени наспроти дигитални средини.

Проценета годишна плата според Glassdor: $94,718

Brainster Next College е првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас кој нуди две уникатни додипломски студии за Софтверско инженерство и иновации, и UI/UX и графички дизајн.

Преземи го првиот чекор кон успешна кариера и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.

За повеќе информации, закажи средба сега!

Share

Share on facebook
Share on linkedin

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      |

      Онлајн Q&A сесија на 12-ти април,  19:00 часот!

      Сè за Brainster Next College и опцијата „Студирај сега, плаќај по вработувањето“  👉

       

      |

      Онлајн Q&A сесија

      Сè за Brainster Next College и опцијата „Студирај сега, плаќај по вработувањето“ 👇

       

      12-ти април,  19:00 часот!

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!