Контакт

Меките вештини градат успешни, динамични и флексибилни тимови

Академскиот и бизнис-светот е едногласен дека меките вештини, особено интерперсоналните, се критични за градење на успешни, динамични, меѓусебно поврзани и флексибилни тимови. Затоа, на Brainster Next College, студентите учат Професионални вештини.
Profesioanlni-vestini-odblizu-so-Anja-Makeska | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share
Share on facebook
Share on linkedin

Дали мислите дека е доволно идните софтверски инженери само да знаат да програмираат, да направат апликација, да решаваат кориснички проблеми, односно да ги владеат техничките вештини? Секако дека не! Во денешниот бизнис свет, подеднакво се важни и меките вештини. Тие имаат моќ да ја развиваат вашата кариера на ист начин како што можат и техничките вештини и талентот. Но, што всушност се меките вештини? И зошто се толку важни за вашата кариера? Зошто во акредитираната наставна програма по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ) го има предметот Професионални вештини?

Ова се само дел од прашањата што ѝ ги поставивме на Анја M. Mакеска, која го предава овој предмет. 


„Курикулумот е подготвен со една цел – да им донесе најголема вредност на студентите и додека студираат и кога ќе станат дел од компанија“, вели Анја.

Прочитајте зошто е важно и кадарот од ИТ-индустријата да учи Професионални вештини. Запознајте се со предметот одблизу!


Зошто е важно да се учи предметот Професионални вештини?

Формула за градење успешни компании кои ќе можат да се спротивстават на несигурност и промените кои ги живееме, но и успешно постојано да се трансформира и иновира, веќе не е само технички добро подготвен тим.
Академскиот и бизнис-светот е едногласен дека меките вештини, особено интерперсоналните вештини се критични за градење на успешни, динамични, меѓусебно поврзани и флексибилни тимови. Добрата вест е дека меките вештини се учат и тренираат, па тоа и беше идејата за вклучување на овој предмет во курикулумот на Brainster Next College.


Што се изучува во овој предмет?

Курикулумот е подготвен со една цел, да им донесе најголема вредност на студентите и додека студираат и кога ќе влезат да бидат дел од компанија. Со пракса ќе започнат уште во прва година, па за таа цел и предметот е вклучен многу рано во самата програма во прва година и во првиот блок на семестарот.
Студентите учат организациска комуникација и како ефективно да комуницираат, од пишување на emails, до водење на агенда и М.О.М на состаноци. Потоа работат на презентации и pitch. Учиме и емоционална интелегенција и справување со неуспех, Growth VS Fixed Mindset, менаџмент со време, поставување на приоритети и ефективно учење. Тимска работа, конфликт и преговори и секако лидерство.


Кои се целите на предметната програма и што е специфично, на што најмногу обрна внимание додека ја креираше?

Целта на програмата е студентите да можат практично да го применат знаењето кога ќе влезат на пракса во ИТ-компаниите, да знаат како се одвива работа во компанија и во тим. Соодветно да можат да одговорат професионално на обврските и да си го менаџираат времето, работењето и учењето продуктивно. Дополнително да научат некои менаџмент техники кои ќе ги инспирираат и ќе ги мотивираат сите оние кои имаат афинитети кон лидерство и основање на сопствени бизниси.




Како на поинаков начин учат Професионални вештини, студентите на Brainster Next College?

Искрено на нашите технички програми на факултетите и универзитетите не сум сретнала да се изучува воопшто овој предмет. Но, студентите на нашиот колеџ имаат можност практично и интерактивно да работат на секоја од темите кои се дел од курикулумот. Освен можноста да се соочат со реална ситуација во реална компанија како присуство на состанок, студентите работат и на студии на случај преку кој симулираме дадена ситуација во компанија и студентите сами даваат предлози како таа ситуација би можела да биде решена. Дополнително работат на self-management техники, откривање на нивните силни и слаби страни. 


Предметот има и гостински предавачи. Како еспертите од различна област се вклучени во програмата?

Да, тоа би го одвоила како предност и вредност која досега се покажа како добра практика на предметот. Секој од модулите има гостински предавачи кои се експерти од областа; комуниколози, TED говорници, гостински експерти, психолози од Харвард. 


Што е потребно за успешно да се совлада предметот?

Како што спомнав меки вештини е нешто коешто се учи, тоа е правилно изграден мајндсет. Ако уште сега почнеме со работа на подобрување на нашите меки вештини многу веројатно е дека ќе станеме подобри професионалци и подобри личности. Проблемите ќе ги гледаме како предизвици. 

Меките вештини се фундаментално важни за градење на силни професионалци, оттука и тимови, лидери и во иднина организации.


Преземи го првиот чекор кон успешна кариера во програмирање и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.

За повеќе информации, закажи средба сега!

Share

Share on facebook
Share on linkedin

претходно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

следно

Text

Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

Види повеќе во новости, заедница, проекти

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!