Што сè можеш да работиш како програмер по дипломирање на Brainster Next College

Програмерскиот свет нуди најперспективни кариери со сигурна иднина. Дознај што сè можеш да работиш како програмер по дипломирање на Brainster Next College.
karieri-vo-IT-programiranje | Softversko inzenerstvo | Brainster Next College
Share

Програмерскиот свет нуди најперспективни и најплатени кариери со сигурна иднина. Факт е дека способноста да се напишат компјутерски програми е една од најдобрите и нај kick-ass вештини што може да ја развиеш во денешницата.

Па така, со сигурност можеме да кажеме дека денес програмирањето е една од највозбудливите области за работа за која има многу кариерни можности. Се користи за развој на апликации, веб-страници, софтвер и многу повеќе!

Без програмирањето, не би имале ниту една од најпопуларните технологии за да се потпреме, како што се: Facebook, Instagram, нашите паметни телефони, прелистувачите кои ги користиме за да се информираме, па дури и самите блогови и форуми.

Започнувањето на кариера во светот на програмирањето понекогаш знае да биде предизвикувачки процес и листата на вештини коишто треба да се научат, на прв поглед може да изгледаат „застрашувачки“.

Затоа, на Brainster Next College (Бреинстер Некст колеџ), првиот практичен ИТ факултет кај нас, студентите имаат можност постепено да ги учат сите вештини коишто ќе ги направат незаменливи програмери на пазарот на труд. Дополнително, со индивидуалниот пристап, studio-based learning и T-shaped методологијата на учење, студентите на Brainster Next College ќе имаат можност да студираат на факултет во Македонија којшто ги применува најдобрите светски практики.

Постојат неколку патеки по кои можеш да се движиш доколку сакаш да започнеш кариера како програмер, a убавата работа е што кариерата во tech индустријата можеш постојано да ја развиваш во која насока сакаш.

Во продолжение, ги издвоивме 7-те најпопуларни професии за програмирање

1. Front-End програмер

Front-End програмерот има една општа одговорност: да се осигура дека посетителите на веб-страниците можат лесно да комуницираат со страницата. Тие го прават тоа преку комбинација на дизајн, технологија и програмирање за кодирање на изгледот на веб-страницата, а воедно како дел од нивните задачи е и грижата за пронаоѓање грешки и дебагирање

Проценетa годишна плата според Glassdor изнесува: $84,605

2. Back-End програмер

Back-End програмерите обично се одговорни за пишување на веб-страниците и API што ги користат Front-End програмерите и развивачите на мобилни апликации. Back-End програмерот е одговорен за логиката на веб-апликацијата од страна на серверот, како и за интеграцијата на предниот дел.

Проценетa годишна плата според Glassdor изнесува: $79,995

3. Full-Stack програмер

Доколку и front-end и back-end делот од програмирањето ти изгледаат интересни и привлечни, тогаш можеби правилната професија за тебе е Full-Stack програмер. Full-Stack програмерите се одговорни за дизајнирање и развој на веб-страници и платформи. Тие работат со дизајнерски тимови за да се осигураат дека интеракциите на корисниците на веб-страниците се интуитивни и привлечни. Тие исто така обезбедуваат back-end функционалност што може да работи непречено од кој било уред или тип на прелистувач што вообичаено се користи денес.

Проценетa годишна плата според Glassdor изнесува: $86,463

4. JavaScript програмер

JavaScript програмерот е одговорен за комплетирање на дизајнот на апликациите и софтверот користејќи Java програмски јазик. JavaScript програмерите работат со веб-страници, произведуваат front-end апликации и вршат анализа на кодот. Тие исто така се одговорни и севкупно подобрување на стилот и употребливоста.

Проценетa годишна плата според Glassdor изнесува: $91,472

5. Аналитичар на сајбер безбедност

Аналитичарот за сајбер безбедност е обучен сајбер-професионалец кој е специјализиран за безбедност на мрежна и ИТ инфраструктура. Аналитичарот за сајбер безбедност темелно ги разбира сајбер нападите, малициозниот софтвер и однесувањето на сајбер-криминалците и активно се обидува да ги предвиди и спречи овие напади.

Проценетa годишна плата според Glassdor изнесува: $89,208

6. Менаџер на информациски системи

Менаџерот на информациски системи знае сè за хардверот и софтверот. Тој ја надгледува употребата на технологијата во еден бизнис или организација. Па така, нивната примарна улога е дизајнирање, управување и следење на информациските системи преку надзор на тим од специјалисти кои инсталираат и одржуваат надградби на хардвер и софтвер.

Проценетa годишна плата според Glassdor изнесува: $127,183

7. ИТ консултант

ИТ консултантот е тука за да ги разбере барањата на клиентите и деловните цели. Тој обезбедува стратешки совети за користење на технологијата за постигнување на целите. Управува со ИТ иницијативите и соработува со внатрешниот технички персонал. Исто така тој дизајнира ИТ системи и мрежи обезбедувајќи правилна архитектура и функционалност, а воедно и ја поддржува имплементацијата на новата технологија и ги обучува корисниците за новите и постоечките ИТ системи.

Проценетa годишна плата според Glassdor изнесува: $86,002


Преземи го првиот чекор кон успешна кариера во програмирање и дознај повеќе за нашите програми, методологија на работа, професори и процес на аплицирање.

За повеќе информации, закажи средба сега!

Share

Биди секогаш во тек со новости од Медиа

    Следи ги новостите од медија

      X

      Се пополнуваат последните места на двете студиски програми!

      Соработувај со нас

        Предложи Содржина

          Контакт Лице

          (+389) 070 239 915
          Или пиши ни на
          Softversko inzenerstvo | Brainster Next College

          Испратено!

          Твојата порака е успешно пратена. Соодветен човек од нашиот тим ќе те исконтактира најбрзо што може!